logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести
whistleblowers.jpg
Вести
ДКСК и Транспаренси Интернешнл Македонија склучија Меморандум за соработка Испечати Е-пошта
mou_17112017_1.jpg
 
15.11.2017 Државната комисија за спречување корупцијата и Транспаренси Интернешнл Македонија склучија Меморандум за соработка со цел остварување на активности од заеднички интерес кои што ќе бидат резултат на програмата за заемна соработкa преку проектот „Зајакнување на националниот систем на интегритет во земјите од Западен Балкан  и Турција и следење на развојот на антикорупциските реформи”, поддржан од Европската унија и Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија.
 
Меморандумот за соработка го потпишаа Претседателот на  Државната комисија за спречување корупцијата д-р Игор Тантуровски и Претседателката на Транспаренси Интернешнл Македонија д-р Слаѓана Тасева.
 
 
 

Прочитај повеќе...
 
Дискусија на граѓанското општество во Република Македонија Испечати Е-пошта

 
ws_eud_14112017.jpg
14.11.2017 Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија организираше дискусија на граѓанското општество во Република Македонија каде се разгледуваа три клучни теми: владеењето на правото и борбата против корупцијата, предизвици на граѓанското организации и слобода на медиумите. Д-р Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернешнл-Македонија беше паналист на тема „Вклученост на организациите на граѓанското општество (ГО) за поддршка на владеењето на правото и борбата против корупцијата“. 

На настанот Д-р Тасева истакна дека „делувањето на граѓанските организации во борбата против корупцијата е клучна за развојот на демократијата во Република Македонија. Истражувањето Нацоналниот систем за интегритет – проценка за Македонија кое го спроведе Транспаренси Интернешнл-Македонија дава конкретни забелешки и препораки, како и во која насока треба да се движат реформите во државата. Од друга страна, граѓанските организации кои гласно говореа за сите проблеми и ја критикуваа работата на Владата, се соочија со низа опструкции од страна на извршната власт кои секојдневно испраќаа инспекции се со цел да ја набљудуваат нивната работа и извршат притисок.“ 
 

Прочитај повеќе...
 
Меѓународна работилница „Превенција на корупцијата, судир на интереси и заштита на укажувачите“ Испечати Е-пошта
ws_13112017.jpg
 
13.11.2017 „Превенција на корупцијата, судир на интереси и заштита на укажувачите“ е темата на меѓународната работилница што денеска и утре во Скопје ќе се одржи во организиација на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), во соработка со инструментот TAIEX на Европската комисија, и во партнерство со Антикорупциската агенција на Република Италија.
Претседателот на ДКСК Игор Тантуровски смета дека нема потфрлања во делот на справување со корупцијата во делот на превенцијата од копрупција.
- Нашата заложба и нашиот дел во превенција против корупцијата во најдобар дел се исполнува. Борбата со корупцијата никаде не престанала, исто како и во нашата држава. Тоа е едно современо зло каде што корупцијата секогаш се јавува и на пониско, но и на повисоко ниво. Нашите заложби се да се дојде до оној степен каде корупцијата ќе биде на најниско можно рамниште и да се дестимулира тоа зло, рече Тантуровски.
 
Прочитај повеќе...
 
Конкурс за истражувачки стории на тема - корупција Испечати Е-пошта
platforma_logo.png
  usaid_pgu.jpg

 
 
 
 
13.11.2017 Платфомата на граѓански организации за борба против корупција во која членуваат вкупно 15 граѓански организации ги поканува сите новинари кои работат во областа на истражувачкото новинарство, да изразат заинтересираност за учество на серија работилници која ќе се организират во престојниот период, во рамки на проектот „Јакнење на Платфромата на граѓански организации за борба против корупција“ поддржан од Проект на УСАИД за граѓанско учество.
 

Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 8 од 214
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани