|
Проект : КРИНИС Западен Балкан –Осветлување на парите во политиката
KРИНИС е регионален проект на Transparency International кој има за цел да прави мониторинг на корупцијата во финансирањето на политичките кампањи, како и да ја зацврсти јавната доверба во демократските институции во Албанија, Хрватска, Косово, Македонија и Србија. Проектот има за цел поголема транспарентност и институционални промени преку вклучување на сите клучни засегнати страни и преку евалуација на практиките кои се спроведуваат при политичките финансирања.
КРИНИС овозможува испитување на различни димензии на транспарентност и одговорност во политичките финансирања, како на пример внатрешни извештаи на партии и кандидати, извештаи до агенциите задолжени за надзор, јавно обелоденување и слично.
Активностите на проектот за своја цел ги имаат клучните засегнати страни во врска со реформите на политичкото финансирање, вклучувајќи ги и политичките партии, приватниот сектор, институциите за надзор, медиумите и граѓанското општество. Корисници од проектот и крајна целна група се граѓаните на земјите кои го имплементираат проектот, а од причина што проектот се стреми кон засилување на одговорноста на националните политички системи кон електоратот.
Проект : Центар за правни совети поврзани со корупција (ALAC) 2011-2012
Центрите за правни совети поврзани со корупција на Transparency International се канцеларии каде што жртвите и сведоците на корупција пријавуваат случаи и добиваат практични правни совети кој што им овозможуваат да поднесат официјални жалби до релевантните институции. Центарот за правни совети (ALAC) мотивира активно вклучување на граѓаните во борбата против корупцијата обезбедувајќи едноставни, веродостојни и одржливи механизми. Центарот нуди директна помош во форма на правна поддршка, но во исто време користи информации добиени од граѓаните и нивните поплаки за да ги идентификува слабостите во борбата против корупцијата во самиот систем и да се залага за реформи базирани на конкретни докази од жалбите на граѓаните. Овој Центар функционира како медијатор, овозможувајќи им на обичните граѓани да ги држат институциите одговорни, пренесувајќи ја нивната загриженост во системски промени.
Главна цел на проектот е да се:
• подобри квалитетот на демократското управување преку овозможување на самите граѓани да учествуваат во борбата против корупција, ефективно да ги држат нивните влади одговорни и да придонесат во системските промени.
Краткорочни цели на проектот се:
• подржување на жртвите и сведоците на корупција да се справат со нивните поплаки, а со тоа да се држат институциите одговорни во имплементацијата на антикорупциските закони
• зајакнување на способноста и подготвеноста на институциите да добиваат но и да постапуваат по жалби поврзани со корупција
• носење системски подобрувања (правни, администравни и институционални) во борбата против корупцијата
Центар за правни совети поврзани со корупција (ALAC) има четири главни компоненти:
• Телефонска линија или друг начин на комуникација со граѓаните: жртвите на корупција добиваат почетен совет за нивните права и доколку постои првично сомневање за корупција, клиентот се пренасочува на понатамошно правно советување.
• Правен совет: на граѓаните им се помага да ги искажат, развијат, поднесат и проследат нивните жалби со помош на професионален правник кој што е вработен во Центарот.
• Застапување: базирано на случаите кои се доставени до Центарот, застапувањето се прави така што се подига јавната свест за секторите и институциите за кои има најмногу жалби од страна на граѓаните, а со тоа се потенцира и привлекува вниманитето на специфични правни и институционални слабости, за потоа да се достават препораки за подобрување или спроведување на антикорупциските закони.
• Градење капацитети: им се нуди поддршка на државните институции за зајакнување на нивните капацитети во процесирањето на жалбите.
Проект : Поттикнување на граѓаните да пријавуваат корупција (Transparency Watch)
Transparency International – Macedonia и Center for International Relations од Вашингтон го имплементираат започнат проектот “Поттикнување на граѓаните да пријавуваат корупција (Transparency Watch)” (www.transparency-watch.org; www.prijavikorupcija.org, ), сеопфатен систем за пријавување случаи на корупција користејќи нови медиуми и мобилна технологија базиран на Ushahidi платформа. TI Macedonia ќе ги поттикне граѓаните да пријавуваат корупција која што ја искусуваат или за која сведочат користејќи посебно посветен веб портал и бесплатен СМС број (075/076 145111).
Главната цел на овој проект е да се подобри квалитетот на демократското владеење преку овозможување на граѓаните да учествуваат во борбата против корупција користејќи нови електронски алатки, кои во исто време би придонеле за поголема одговорност на Владата и спроведувањето на системските подобрувања.
Проект : Промовирање на транспарентост и отчетнот во јавните институции
Транспаренси Интернешнл – Македонија во соработка со Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) го имплементира проектот “Промовирање на транспарентност и отчетност во јавните институции”, кој е подржан од ОБСЕ мисијата во Скопје.
Основна цел на проекот e да промовира транспарентност и отчетност во јавните институции преку активности за јакнење на капацитетите на државните институции и подигање на свeста на граѓаните во однос на анти-корупциските иницијативи.
Проектот ќе вклучува три меѓусебно поврзани компоненти:
1) развој на методологија за квалитативна проценка на имплементација на Државната програма за превенција и репресија од корупција 2011 – 2015 во секторот образование и спорт,
2) спроведување на тематско истражувања за перцепциите на граѓаните на проблемот со корупцијата во три сектори на државната програма: образование и спорт, медиуми и граѓанско општество и јавна администрација,
3) зајакнување на капацитетите на ДКСК.
Резултатите на трите компоненти ќе се користат како основа за подигнување на свеста кај граѓаните, застапување и јавни дебати. На тематски извештаи кои се однесуваат на активностите утврдени во Државната програма ќе вклучаат препораки упатени кон клучните јавни институции, одговорни за преземање мерки за спречување на корупцијата, како и на ДКСК. Извештаите ќе бидат доставени до ДКСК за натамошно користење и обработка.
|