|
Барометар на корупција за 2008 година |
|
|
18.01.2009 Насилството и неправилностите на јунските парламентарни избори е најматниот, а
операцијата „Пепел“ против нелегалното производство на цигари е најбистриот настан во Македонија во 2008 година.
Ова е оценката на главните уредници на
18 национални
електронски и печатени медиуми во Македонија, во годишната анкета за корупција и борбата против - „Бистро - Матно“ на
Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Нулта
корупција“ - Транспарентност.
Предвремените избори со епилог од еден загинат,
десетици ранети и повредени во престрелки и тепачки, со 13 гласа на уредниците е избран за најматен
настан во 2008.
|
Прочитај повеќе...
|
|
Барометар на корупција за месец декември 2008 г. |
|
|
11.12.2008 Вмешаноста на Македонската
православна црква во аферата околу
хипотеките за струшкиот хотел „Изгрев“ втор месец по ред е најматен настан во анкетата „Бистро - Матно“, со 11 гласа.
Во анкетата што ја спроведуваат Независната
новинска агенција Макфакс и невладината организација „Транспарентност - нулта
корупција“ учествуваа 15
главни уредници на национални медиуми.
Според нив, најбистар настани во
декември со седум гласа се сертификатите за
добро корпоративно управување во 2008 година.
|
Прочитај повеќе...
|
|
Барометар на корупција за месец ноември 2008 г. |
|
|
14.12.2008 Нејасните зделки околу струшкиот хотел „Изгрев“ во кои влезе
Македонската православна црква (МПЦ), која никако не успева од излезе
од аферата,
со седум гласа е најматен настан во ноември анкетата „Бистро - Матно“.
Во анкетата на Независната
новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност -
нулта корупција“, во која учествуваа 17 главни уредници во печатени и електронски медиуми
во Македонија,
немаше предлози за бистри настани.
|
Прочитај повеќе...
|
|
Барометар на корупција за месец октомври 2008 |
|
|
12.11.2008 Продолжувањето на праксата високи службеници и
функционери од владините ресори да членуваат во управните и надзорните одбори
на јавните институции е најматно во октомври, со седум гласа во анкетата
„Бистро - Матно“.
Во анкетата „Бистро - Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на
невладината организација „Транспарентност - нулта корупција“, учествуваа 19
главни уредници во печатени и електронски медиуми во Македонија.
Во тек е постапка за утврдување дали е прекршен законот за спречување на
корупција, со членството во одборите на шестмина службеници, што беше објавено во медиумите минатиот месец: Експертите
предупредуваат на партизација.
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 Следна > Крај >>
|
Резултати 19 - 27 од 65 |