|
Барометар на корупција за месец Април 2008 г. |
|
|
11.05.2008 Високата
парична казна што Основниот суд во Битола му ја изрече
новинарот на Битолски весник, по обвинение за навреда на судија на апелациониот
суд во Битола, е најматен настан во април.
Ова е оценка на 18 главни уредници во највлијателни печатени и електронски медиуми во
Македонија, во месечната анкета „Бистро - Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на
невладината организација „Транспарентност - нулта корупција“.
На
листата на бистри настани два предлога имаат по 9 гласови. Тоа се: најавата на
Антикорупциската комисија дека ќе испитува за одлуката на Владата за 5.000
вработувања во јавната администрација, како акцијата на Сојузот на студентите
во борба против корупција.
|
Прочитај повеќе...
|
|
Барометар на корупција за месец Март 2008 г. |
|
|
11.04.2008 Тврдењата на група
затвореници дека корупцијата раководи во затворот Идризово е најматен, а
намалувањето на корупцијата во катастарот е најбистар настан во март.
Ова е оценка на 17 главни уредници во
највлијателни печатени и електронски медиуми во Македонија, во анкетата „Бистро
- Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација
„Транспарентност - нулта корупција“.
Најматен настан во март, според девет главни уредници е состојбата во
казнено-поправната институција „Идризово“, каде што, според тврдењето на
затворениците, со пари се може да се купи.
|
Прочитај повеќе...
|
|
Барометар на корупција за месец Февруари 2008 г. |
|
|
10.03.2008 „Тајниот“ реизбор на претседателката на Државната комисија за спречување на
корупцијата (ДКСК), е најматен настан во февруари според анкетата во која
гласаат главни уредници.
За февруари не беше избран позитивен настан во
сферата на борбата на против корупцијата. Според критериумите на составувачите
на анкетата немаше настан кој би можел да се најде на листата.
Во
февруарската анкета „Бистро - Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и
на невладината организација „Транспарентност - нулта корупција“ учествуваа
главни уредници во 17 највлијателни печатени и електронски медиуми во
Македонија.
|
Прочитај повеќе...
|
|
Барометар на корупција за месец Јануари 2008 г. |
|
|
10.02.2008 Активностите на Владата за финансирање изградба на црква на плоштадот Македонија
во Скопје е најматен, а реакциите за предлог законот за енергетика, најбистар
настан во јануари.
Ова е оценка на главните уредници во 17 највлијателни
печатени и електронски медиуми во Македонија, во анкетата „Бистро - Матно“ на
Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација
„Транспарентност - нулта корупција“ .
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 Следна > Крај >>
|
Резултати 28 - 36 од 65 |