logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Бистро/Матно
whistleblowers.jpg
Бистро/Матно
Барометар на корупција за месец септември 2007 г. Испечати Е-пошта

bistromatno

11.10.2007 Обидот на Владата да потпише договор за продажба на термоцентралата Неготино со конзорциумот „Хач“ е најматен, а Индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси интернешнал“(ТИ) е најбистар настан во септември во Македонија.

Ова е оценка на главните уредници на 16 највлијателни печатени и електронски медиуми во Македонија, во анкетата „Бистро - Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација Транспарентност – Нулта корупција.

Вкупно 11 од 16 гласови во рубриката „матно“ се однесуваа на случајот „Хач“-втор пат, бидејќи овој случај беше и меѓу предлозите за најматни настани во август.

Прочитај повеќе...
 
Барометар на корупција за месец Август 2007 г. Испечати Е-пошта

bistromatno

05.09.2007 Продажбата на ОКТА, што се актуелизира со пресудата на судот во Париз е најматен, а конечното објавување на имотните листови на функционерите, најбистар настан во август годинава.
Ова е оценка на главните уредници во 17 највлијателни печатени и електронски медиуми во Македонија, во анкетата „Бистро - Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност - Нулта корупција“

Најматен во август, според 10 главни уредници, е случајот на скопската Рафинерија ОКТА, што повторно се актуелизира по пресудата на Арбитражниот суд во Париз, Република Македонија на Хеленик петролеум да му плати 53 милиони долари.

Прочитај повеќе...
 
Барометар на корупција за месец Јули 2007 г. Испечати Е-пошта

bistromatno

08.08.2007  Инволвирање на надлежен министер за вклучување на фирма на неговиот партиски шеф во јавен проект - водовод и брана „Злетовица“, е најматен настан во јули.

Тоа е избор на 12 главни уредници на национални медиуми во месечната анкета „Бистро-Матно“ на Независната новинска агенција "Макфакс" и невладината организација "Транспарентност - Нулта корупција".

Според анкетата во која учествуваа 16 медиуми првото место на листата на бистри настани рамноправно со по седум гласови го делат два настани Тоа се: бесплатната телефонска линија на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за пријавување на можната корупција меѓу новинарите, како и Фондот за здравствено осигурување кој врати долг од 26 милиони евра.

Прочитај повеќе...
 
Барометар на корупција за месец Јуни 2007 г. Испечати Е-пошта

bistro-matno

15.07.2007 Екстрадицијата на контроверзниот бизнисмен, Методија Смиленски, по речиси едногодишен притвор во Србија, кој е обвинет за повеќе проневери, е најпозитивниот настан во областа на корупцијата во јуни.

Речиси едногласно за тоа се определија главните уредници на националните електронски и печатени медиуми во анкетата „Барометар на корупција – Бистро/Матно“ на Новинската агенција Макфакс и на невладината организација „Нулта корупција“.

Најматен настан во областа на корупцијата во јуни е пропуст на обвинителството и судството во процесот за продажба на армиското оружје. За него гласаа 8 од вкупно 16 главни уредници, учесници во анкетата.

Прочитај повеќе...
 
Барометар на корупција за месец Мај 2007 г. Испечати Е-пошта

udripari 

14.06.2007 Честото игнорирање на наодите на државната ревизија и полициската акција против шверцерите на мигранти, се најматен, односно најбистар настан во мај, во областа на корупцијата и борбата против неа.

Ова го покажа гласањето во последната месечна анкета „Барометар на корупција – Бистро/Матно“, на новинската агенција Макфакс и на невладината организација „Нулта корупција“, а во која учествуваа 18 главни уредници на национални електронски и печатени медиуми во Македонија.

„Во почетокот на мај во медиумите се појавија извештаите на Државниот завод за ревизија (ДЗР), според кои, во 2004 и 2005 година ненаменски и спротивно на законите, Собранието, јавни претпријатија, здравствени центри, општини и други буџетски корисници, ненаменски потрошиле најмалку 75 милиони евра. Покрај ова, во истите две години, според ДЗР, најмалку 8 милиони евра штета е извршена врз Буџетот поради незаконски јавни набавки. ДРЗ укажува дека според членот 89 од Законот за јавни набавки, надлежниот суд може овие постапки да ги прогласи за ништовни. Но и покрај ова, ниту владините институции, ниту правосудните органи не поведуваат постапки за укинување на незаконските јавни набавки и гонење на сторителите“

Со вакво образложение за игнорирање на наодите на државната ревизија се согласија 13 од 18-те главни уредници, со што предлогот „Непостапување на владините и правосудните органи по наодите на ДЗР“ е оценет како најматен за месец мај. 

Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 Следна > Крај >>

Резултати 37 - 45 од 65
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани