logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Верувале или Не
whistleblowers.jpg
Верувале или Не
Разврската на аферата со МАЃАР ТЕЛЕКОМ предизвик на македонската кривично правна практика Испечати Е-пошта
31.01.2012 Transparency International  – Macedonia изработи Информација заснована врз релевантни и јавни документи, следејќи го отворањето на епилогот на истрагата за работењето на Маѓар Телеком во периодот од 2000 година од 2007 година.
Истрагата беше водена од американската правна куќа Вајт и Чејс по иницијатива на внатрешната ревизија во компанијата поради сомневање во законитоста на склучени и исплатени договори од кои би произлегла низа на коруптивни кривични дела, предвидени со Законот за странски коруптивни постапки Foreign Corrupt Practices Act (FCPA) на САД, односно казниви според македонското и законодавства на други држави.
 
 
 
 
 
 
 

pdf criminal_usa_v_dt_agreement 1.75 Mb

 

pdf sec_litigation_executives_-_usa 888.50 Kb

 

 

Прочитај повеќе...
 
ФЗО-монопол или институција во интерес на граѓаните Испечати Е-пошта
press02092011.jpg 02.09.2011 Придонесот за здравствено осигурување кој го плаќа секој осигуреник е давачка, а Законот за здравствено осигурување безобразно напишан текст кој служи за манипулирање со средствата за здравствено осигурување преку ФЗО, за цели на оној кој е на власт, без разлика кој и да е.
Фондот за здравствено осигурување има монополска положба востановена со закон, а целиот систем на здравствено осигурување им служи на целите на оние што ги креираат политиките.
Транспаренси Интернешнел - Македонија (ТИ-М) следејќи го движењето на јавните пари воочи низа на законски и под законски решенија кои уредуваат различни полиња од јавен интерес за граѓаните, а на кои смета дека треба да се осврне. Овој пат тоа е реформата или поточно кажано еволуцијата на здравствениот систем.
 
 
Прочитај повеќе...
 
Озаконување на незаконитото? Испечати Е-пошта
01.07.2011 Анализа на случаите „Објавени списоци„ и „ Апсење на Љубе Бошковски„ на основа на јавно објавени информации
Дали искуствата на функционирање на правниот поредок во случаите за Зоран Талер и Хелмут Кол, се применливи во околностите кога станува збор за примената на правото и правната практика во Република Македонија?
Закони постојат, постојат и институции. Во практиката сеуште не постојат случаи кои недвосмислено ќе ја убедат јавноста во Република Македонија и меѓународната јавност во подготвеноста за постапување и јасно повлекување на овие паралели.
Или можеби првин треба да ни се случи „Иво Санадер“?

Како и досега, темата на оваа анализа во рамки на проектот „Верувале или не“ е начинот на вршење на работите од страна на државните органи и институции; поконкретно нивното постапување при преземање на мерки во случаи поврзани со корупцијата.

Анализата на случаите кои беа актуелни во време на изборите се однесува на тоа: Како постапувале надлежните државни органи и дали тие ги почитувале правните принципи и начела за професионално, непристрасно и совесно постапување, без било какви притисоци при носењето на своите одлуки?
 
 
Прочитај повеќе...
 
Извештај за работа на Центарот за правни совети на Transparency International - Macedonia Испечати Е-пошта
 press13052011.jpg13.05.2011 Центарот за правни совети (ЦПС) кој работи во рамките на невладината Transparency International – Macedonia (TI-M) постои од 2003 година. Примарна главна цел цел на ЦПС е помагање на граѓаните во случаи поврзани со корупцијата. Од постоењето до денес во ЦПС помош имаат побарано 2560 граѓани. ЦПС е основна алатка за борба против корупцијата на Transparency International (TI) и Центри за Правни совети  постојат во националните разграноци на ТI во 41 држава.

 
 
 
 
 
Прочитај повеќе...
 
Непочитување на Законската регулатива и процедура за изградба на спомен обележја-проект Скопје 2014 Испечати Е-пошта

pres_07042011.jpg 07.04.2011     1.    Мотивирани од интересот што проектот Скопје 2014, а поточно градењето на спомениците или спомен обележја, експертскиот тим на Transparency International - Macedonia направи правна анализа на правната рамка и спроведените постапки за избор и градење на спомен обележјата во рамки на проектот Скопје 2014.

2.    Анализата на правната рамка и спроведените постапки во врска со градењето на споменици во проектот Скопје 2014 покажа дека за спомениците незаконски биле трошени средства од Буџетот на Република Македонија.

 

 pdf analiza_na_proekt_skopje_2014 90.52 Kb

 

 

 

 

 

Прочитај повеќе...
 
Уставна иницијатива на ТИ-Македонија за член 203-а од ЗКП Испечати Е-пошта

press25022011.jpg 25.02.2011 Владеење на правото  подразбира повеќе универзални принципи вклучувајќи и дека:
- законите да се јасни, објавени, стабилни, праведни, да ги заштитуваат фундаменталните права вклучувајќи ја сигурноста на лица и имот;
- со дискреционото право на полицијата и агенциите за превенција на криминалот не треба да им биде дозволено да го превртуваат законот.

Анализата на примената на правните норми во во однос на примена на мерките за обезбедување на имот во случајот Пајажина укажува на појава на правен илузионизам.

На овој начин сите институции кои се вклучени во овој процес свесно или од незнаење придонеле кон сериозна повреда на уставните принципи и загрозување на со уставот загарантираните права.

Примената на член 203-а во практиката доведува до
– правната несигурност;
– произволност; и
– процедурална и правна нетранспарентност;

 

pdf ti-m_inicijativa_do_us_25022011 217.22 Kb

 

Прочитај повеќе...
 
Незаконитости во финансирањето на политичките партии Испечати Е-пошта
press21012010.jpg 21.01 2011 Транспарентност Нулта Корупција на прес конференцијата под наслов „Верувале или Не“,  презентираше три иницијативи кои ќе ги достави до Уставниот Суд на Република Македонија во кои се оспорува уставноста и законитоста на Упатството за распределба на средствата од буџетот на Република Македонија за годишно финансирање на политичките партии, и покрај тоа што финансирањето на политичките партии од Буџетот на Република Македонија воведено во 2004 година се сметаше за антикорупциска мерка за намалување на корупцијата поврзана со политиката.
 
Прочитај повеќе...
 
Верувале или не Испечати Е-пошта

bornotpress.jpg

17.12.2010 Транспарентност нулта корупција одржа прес конференција на која ги презентира аномалиите во борбата против корупцијата под наслов ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ. Настаните кои беа презентирани се засновани на резултати од работата на ТНК по претставките добиени од граѓаните за состојбите во борбата против корупцијата и криминалот и состојбата со транспарентноста во општеството.

 ТНК смета дека борбата против корупцијата која се води од страна на надлежните државни органи во Македонија сé повеќе добиваат облик на фарса зад која се задскриваат корупцијата и учесниците во коруптивните активности.

Иако, македонското законодавство е во значителен степен усогласено со меѓународните конвенции во сферата на казнено-правната заштита и превенција на корупцијата,. како што се Казнената и Цивилната конвенција против корупцијата на Советот на Европа, 20 Водечки принципи за борба против корупцијата, Конвенцијата на ООН за борба против корупцијата (UNCAC) и други. И покрај тоа оценките на ЕУ во извештаите за прогресот на Република Македонија во процесот на Евро интеграциjaта, како и оценките на други релевантни меѓународни организации, покажуваат дека во Република Македонија перманентно е изразен висок степен на загрозеност со сите видови на корупција, од висока или „системска„, до мала или „улична„, а институциите на системот, пред сè органите на откривање и судството, немаат доволен капацитет да се справат со овој проблем.

 

pdf proekt_veruvale_ili_ne 193.07 Kb

 

pdf veruvale_ili_ne_-_17122010_paunovski 91.53 Kb

 

 

 

Прочитај повеќе...
 
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани