logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow WHISTLEBLOWERS
opis-whistle.jpg
WHISTLEBLOWERS
Конференција за "свиркачи":Имали време и капацитет за законот за пријавувачи? Испечати Е-пошта
wbconf14102015.jpg
 14.10.2015 Транспаренси интернешенал“ преку конференција во Скопје ја потенцира неопходноста од квалитетен и сеопфатен Закон за пријавувачите на кривичи дела. Учесниците два дена ќе дискутираат за потребите од законот, начинот како да се имплементира, да се споредат искуставата со државите кои имаат такви закони и на крајот да се дадат препораки и заклучоци.

Џон Девит од Ирска има учествувано во креирањето на законски модел за заштита на пријавувачите кој е применлив, има позитивни искуства и многу држави го преземаат. Девид е преставник на Транспаренси од Ирска и направи краток преглед на нивниот закон. -Имаме премногу случаи, но најважно е да ја имате вистината кога пријавувате. Не смеете да направите лажно пријавување затоа што и тоа го казнуваме. Не смее да се бараат скриени мотиви на пријавувачите, туку содржината на пријавата и доказите кои им се нудат на институциите. Сега кај нас е доволно „свиркачите“ да имаат добра волја и цврсти аргументи. Примачите на информациите се обврзани да преземат акција затоа што луѓето стравуваат да пријават ако отсуствува акција. Затоа во законското решение мора да се предвиди каква обврска ќе имаат оние кај кои ќе се пријави криминал, анализира Девит.
 
 
Прочитај повеќе...
 
Откако не плативме рекет од 50.000 евра, Министерството за земјоделие нѐ уништи! Испечати Е-пошта
wb_logo.jpg
 25.09.2015 Рекетот на кој се изложени фирмите, за да можат нормално да функционираат, со години е јавна тајна. Тие ќе ја „освежат“ партијата, локалниот или државниот функционер, а потоа ќе продолжат со работата. Оние, пак, што ќе се спротивстават и ќе одбијат да платат, се соочуваат со секојдневни инспекции, глоби и притисоци, поради кои најчесто самите ставаат клуч на врата. Или ќе платиш, или ќе те нема. Шемата е добро позната, но ретко кој се осмелува за тоа да проговори јавно, или да се осмели да пријави.
Неодамна, од презентираните прислушувани разговори кои ги објави СДСМ, јавноста имаше можност да слушне како и владини функционери зборуваат за рекетот кој го вршат нивни соработници.
 
 
Прочитај повеќе...
 
Емисија 360 степени - Тема "whistleblowers" Испечати Е-пошта

14.09.2015 Темата на на емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат-М се т.н. "whistleblowers“ – луѓе кои решиле да проговорат за криминал, корупција или друго незаконско постапување во средината во која работат или живеат.

Гости во се Слаѓа Тасева од Транспаренси Интернешнл - Македонија, која раководи проект токму за "whistleblowers“ и Иџет Мемети, народен правобранител на РМ. Омбудсманот ќе го прашаме и за другите препораки од Европската комисија и за тоа до каде е неговата истрага за случајот со прислушувањето. Во емисијата ќе го слушнете српското искуство на оваа тема, преку омбудсманот на Србија, Саша Јанковиќ.  


Прочитај повеќе...
 
Полициски функционери краделе од МВР, службеничката што ги пријавила останала без работа Испечати Е-пошта
whistleblowers.jpg
 17.07.2015 Македонската практика многупати покажала дека наместо крадецот, виновен е тој што го пријавил. Ова секако дека потсетува на актуелната политичко-правна ситуација со аудиоснимките од прислушувањето. Зоран Заев е одговорен што ги поседува материјалите и што јавно ги објавува и затоа досието „Пуч“ се форсира од страна на државните институции, но не и Никола Груевски и неговите соработници кои зборуваат како земаат провизии, како местат случаи, како вработуваат партиски послушници, како го контролираат судството, како ги штитат своите сомнителни активности... Кривичните пријави против нив и сомневањата за нивните злодела се само на хартија и во ваква поставеност на надлежните органи никогаш и нема да се процесуираат.
 
Кога ситуацијата е таква со политичкиот врв можеме само да замислиме како е со пониските структури во општеството, со оние кои немаат начин да ја анимираат јавноста или, пак, исплашени за животот и егзистенцијата, не се ни обидуваат да пријават. Таков е случајот со Зорица Лазаревска од Скопје, која по 32 години работа во Министерството за внатрешни работи минува низ пекол. Во моментов е дома, отстранета од работното место затоа што открила криминал на претпоставените. Но, наместо државните институции да ги гонат тие што краделе и фалсификувале документи и така ја оштетувале државата и правеле незаконски профит, таа се соочила и со казни, со судски процеси и на крајот со отказ. За неа сигурно важи познатата изрека - каде има сила нема правдина.
 
 
 

Прочитај повеќе...
 
Обвинувања и сведоштва за политичката дискриминација на работа Испечати Е-пошта
whistleblowers.jpg
 03.07.2015 Во Македонија уште пред повеќе од четири години беше донесен Законот за заштита од дискриминација, но се чини сѐ уште сме на почетокот и не знаеме или не сакаме да се заштитиме. За овој период, ниту една надлежна институција не успеала да ја види политичката дискриминација, или подобро кажано, не се осмелила. Вработени и понатаму се бркаат од работа бидејќи не се однесуваат или не размислуваат во духот на владејачката партија. 
 
Единствената сатисфакција ја добиваат со можноста јавно да ја раскажат голготата и тортурата што ја доживеале, а правдата како и секогаш, ќе ја бараат надвор од Македонија.
 
Партиската книшка, наспроти универзитетската диплома, познавањето на странските јазици, работното искуство и стручноста, сѐ уште е посилниот адут при вработувањето, особено во државната или јавната администрација. Со неа вратите многу полесно се отвораат, а се затвораат за тие што ја немаат, поточно не ја поседуваат онаа вистинската. Па, така, додека едни ѝ се радуваат на новата државничка работа, други секојдневно стравуваат да не го изгубат парчето леб, бидејќи во џебот не ја имаат вистинската документација, доказ за нивната „квалификуваност“.
 


 
 

Прочитај повеќе...
 
Нападната вработена во УЈП:Дали ја терале да сокрие милионски данок ? Испечати Е-пошта
wb_logo.jpg
20.06.2015 Вработена во Управата за јавни приходи (УЈП) лично се уверила дека моќта и парите се над законите и прописите. Не само што била соочена со притисок да прекрши закон за некој друг да се стекне со имотна корист, туку и физички настрадала откако се спротивставила и откако мислела дека сепак законот е еднаков за сите. Во обид да биде законита и да не ја оштети државата архиварката во подрачната скопска единица на УЈП одбила да фалсификува документи со кои би се сокрил данок на извесен моќен бизнисмен. Во целата операција биле вклучени и вработени во УЈП на високи позиции преку кои се одвивале заканите кон вработената и настојувањата да се смени документацијата. Целата приказна околу обидот да се затаи данок, а некој да ќари висока сума пари започнува со анонимна пријава на еден вработен во УЈП кој во известувањето до Транспаренси Интернешнл-Македонија навел дека неговите надредени во управата ја искористиле позицијата, но и партиското влијание за да издејствуваат архиварката да им заврши некаква незаконска работа. Кој сакал преку неа да заработи? Кого штителе посочените во пријавата? Дали навистина се преземени мерки против силните играчи? 
 
 
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 Следна > Крај >>

Резултати 19 - 24 од 30
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани