logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow WHISTLEBLOWERS
opis-whistle.jpg
WHISTLEBLOWERS
Работилница на тема: „Заштита на пријавувачите низ институционалниот систем во Македонија” Испечати Е-пошта
  wb_29042015.jpg
29.04.2015 На 29.04.2015 година, ТИ-Македонија одржа работилница во насока на имплементација на проектот: „Застапување и заштита на пријавувачите, вклучувајќи ги медиумите и граѓанското општество”, поддржан од страна на Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија.
На работилницата присуствуваа: Н.Е. Вршител на должност Амбасадор, Петер Верхејен, поранешниот министер за правда Проф. Д-р Ѓорѓи Спасов, поранешната судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца- Николовска, новинарот Љубиша Арсиќ од неделникот Фокус, како и триесетина поканети претставници од медиумите, невладините организации, државни институции итн.
На поканата не се отповикаа претставниците на државните институции Државната комисија за спречување на корупцијата и Минуистерството за правда, како најповикани за законско уредување на оваа материја.
 
 
Прочитај повеќе...
 
Судската правда за рударите е подлабока од јамите Испечати Е-пошта
wb_logo.jpg 09.04.2015 Седум рудари настрадале во рудникот „Саса“ во последните години, но нивните семејства никако не успеваат по судски пат да ја докажат одговорноста на рудникот, туку мораат да се задоволат само со паричната отштета. Тие се исплашени да преземат нешто повеќе оти управата на рудникот настојува да го замре и синдикатот, кој сѐ помалку ги застапува правата на работниците. Откако го разрешија синдикалниот лидер, другите рудари се под постојан притисок.

Деновите пред Велигден во центарот на Македонска Каменица рударите од „Саса“ построени во ред, примаат по половина јагне за големиот христијански празник. Тоа за момент ќе ја намали нивната сиромаштија и ќе ги направи среќни. Останатите жители на рударскиот град, пак, кои немаат вработени во „Саса“, гласно коментираат дека така сопствениците на рудникот ги прават работниците мирни, безгласни во битката за работничките права. Дури одат и до таму дека кротките рудари, како најбројна група во Македонска каменица, лесно ја манипулираат, особено владејачката партија која си ги користи како бројка на избори.
 
 
Прочитај повеќе...
 
Уште еден неславен мандат на Државната комисија за спречување на корупција Испечати Е-пошта
wb_logo.jpg Антикорупционерите ги премолчија сите афери на власта!

Во работата на Државната комисија за спречување на корупцијата, од 2002 година, па сѐ до сега, има огромни разлики. Тие што ги направија почетоците беа непрофесионални (хонорарни) антикорупционери, располагаа со мал буџет, но открија голем број афери, кои и ден денес се споменуваат. Последниот состав антикорупционери, пак, станаа професионалци (вработени), добија поголем буџет, но и помалку работа, поради недовербата од граѓаните. За афери, пак, ниту збор!
 
30.03.2015 Веќе неколку месеци, барем двапати неделно, опозицијата пука „бомби“, односно открива големи криминални и корупциски афери, но никако да се случи барем една од нив да ја погоди Државната комисија за спречување на корупцијата, или барем малку да ја затресе. Не, ги потресоа ниту многубројните афери, како „Актор“, „Скопје 2014“, „Финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ“, „Тајна фабрика за пасоши“... иако, нели, имаат обврска да се борат против корупцијата. Но, наместо борба, по сѐ изгледа нејзините членови удобно се засолниле во своите фотелји, штитејќи се од бомбите и не пуштаат глас.
Токму нивниот молк веќе одамна гласно го вклучи алармот за тоа дали воопшто ја вршат својата функција, за која впрочем, за македонски услови, и дебело се платени, околу 1.000 евра месечно! Нагаѓаме, бидејќи самите не сакаат да откријат колку е нивната месечна плата, но познато е дека се платени колку судиите во Врховниот суд или пратениците. Поранешните членови, пак, добиваа хонорар од 40.000 денари.
На антикорупционерите подзаборавија и граѓаните, кои во улога на таканаречени whistle-blowers, или пријавувачи, сѐ поретко ја посетуваат нивната адреса, а проблемите ги споделуваат со некои медиуми или со невладини организации.
 
 
Прочитај повеќе...
 
Истражување за ставовите на вработените граѓани за неетичко однесување во фирмите и институциите Испечати Е-пошта

wb_logo.jpg 05.03.2015 Агенција Рејтинг, за потребите на организацијата Transparency International Macedonia, спроведе истражување на јавното мислење чија основна цел беше да се утврди ставовите на вработените граѓаните за неетичкото, неморалното и незаконско однесување во фирмите и институциите во Република Македонија. Истражувањето се спроведе преку методот телефонска анкета на репрезентативен примерок од 400 вработени граѓани од сите 10 општини во регионот на Скопје и по 2 најголеми општини во другите 7 региони во Република Македонија.

 

pdf istrazhuvanje_wb_2015 254.02 Kb

 

 

Прочитај повеќе...
 
Во потрага по парите од бакарот Испечати Е-пошта

wb_logo.jpg 17.02.2015 Случајот со работниците на „Раде Кончар - сервис и поправка на електрични производи ДОО“ е класичен пример како државата не ги заштитува пријавувачите на кривични дела, односно наместо да застане во нивна одбрана, а да ги гони пријавените, таа молчи, додека работниците, затоа што пријавиле криминал во надлежните институции, останале без работа.

 „Стави му маска на човекот и ќе ти ја каже вистината“ е изреката на Оскар Вајлд со која се потврдува дека анонимноста дава заштита, односно дека само човек со неоткриен идентитет може да дејствува без страв од последици. Од друга страна, пак, познато е дека само еден пријавувач на кривични дела може да урне цел државен поредок ако ги има вистинските информации. Но, што се случува во Македонија со тие кои без маска, со име и презиме ќе пријават корупција или криминал?

 

 

Прочитај повеќе...
 
Сведоштва за манипулации при исплата на годишниот регрес Испечати Е-пошта
 wb_logo.jpg
 
30.01.2015 Кога пред неколку месеци, вработени од една приватна компанија во сопственост на странски инвеститор, штрајкуваа и јавно се пожалија дека работодавецот не им ги исполнил ветувањата и им давал мали плати, со оправдување се јавија од менаџментот на компанијата. Кратко и јасно порачаа: „Дојдовме во Македонија да остваруваме профит“.
Сѐ беше кажано. Штрајкот експресно заврши, 19 вработени добија отказ, бидејќи се осмелиле и го кренале гласот, а другите и понатаму си продолжија да работат за 170 евра месечно.
Згора на сѐ, работодавците гордо се пофалија дека своите вработени ги плаќале повеќе од минималната плата во Македонија, и тоа дури за 20 евра! Значи, биле исклучително „дарежливи“!
А дарежливоста од државата, како да ја заборавија. Ослободени се од данок на добивка и од данок на додадена вредност во период од десет години. Добиваат помош за изградба на инфраструктура, поддршка за обука и усовршување на вработените, како и покривање на дел од трошоците за плати и придонеси.
 
 
 
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 Следна > Крај >>

Резултати 25 - 30 од 30
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани