logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow WHISTLEBLOWERS
opis-whistle.jpg
WHISTLEBLOWERS
Кратовска фирма одбива да исплати отштета за смрт на работник Испечати Е-пошта
whistleblowers.jpg
 
15.07.2016 Како „Силекс неметали“ со огромни долгови кон државата заврши во ликвидација 

Семејството Левковски од Кратово раскажува дека фирмата во која нивниот татко работел три децении „Силекс неметали“ одбива да исплати отштета за неговата смрт на работното место, иако за тоа има и правосилна судска пресуда. Но, за тоа веќе е и доцна, бидејќи според Левковски, од неодамна фирмата оди во сомнителна ликвидација. 
Огорчени од нелојалноста и од нечовечноста, оштетените истражуваат како со години успешната фирма наеднаш тоне во долгови и загуби, а нејзината работа ја презема новоотворена фирма, со речиси идентично име, сместена на иста адреса. Поради сомневањата за манипулации и незаконско делување, семејството поднело неколку кривични пријави против раководните лица на компанијата
 
Правдата во Македонија е бавна, а најчесто и недостижна, но дури и кога ќе се дочека, поради многуте години поминати низ судските лавиринти, таа честопати не може да се спроведе. Ова значи дека си добил пусулче во рака дека си во право, но не го добиваш и она што законски ти следува.
Вакво негативно искуство доживеало семејство од Кратово, кое изгубило осум години барајќи обесштетување за својот починат татко, кој животот го изгубил на работното место. Поточно, откако судот конечно пресудил минимален надомест, за разлика од оној со кој на политичарите им ги залекува душевните болки предизвикани од „клевета или навреда“, сега не можат да го наплатат. Под сомнителни околности, фирмата завршила во ликвидација. И тоа не само со долгот кон ова семејство, туку со неплатен цех од околу 1,5 милион евра кон  други физички и правни лица, но и кон државата. 
 
 

Прочитај повеќе...
 
Домашни "свиркачи" сведочат во Брисел ? Испечати Е-пошта
 
whistleblowers.jpg
ОЛАФ истражува дали македонски функционери земале мито за „Актор“?

Додека Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција две години се мисли дали да поведе истрага за случајот со изградбата на автопатот Демир Капија-Смоквица, поради наводен сомнеж за корупција, тешка неколку милиони евра, европската институција ОЛАФ ја превзеде работата во свои раце. Официјално истражува дали дел од европските пари завршиле во приватни џебови на македонски функционери. Неофицијално дознаваме дека за овој случај во Брисел се пријавиле да сведочат и неколкумина пријавувачи или „свиркачи“, кои се осмелиле да зборуваат поради заштитата која ја добиваат со неодамна усвоениот Закон за заштита на укажувачите.
 
На 8 септември 2012 година, премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски и министрите Зоран Ставрески и Миле Јанакиески празнично ги „засукаа“ ракавите, па фрлајќи по една лопата асфалт ја стартуваа изградбата на автопатската делница Демир Капија-Смоквица. 
Оваа инвестиција, иако се однесуваше на одвај 28 километри асфалт, беше најавена како најголема до тогаш, бидејќи автопатите се слаба точка на вмровската влада, која од 2006 година успеа да изгради само седум километри, од Куманово до Табановце. 
Но, уште пред да успеат да ја пресечат црвената лента, бидејќи на терен се уште се работи, големата инвестиција се претвори во голема корупциска афера, која од неодамна доби и меѓународни размери.
 
 


Прочитај повеќе...
 
Банкарски работници и бизнисмени измамници со кредити Испечати Е-пошта
whistleblowers.jpg
 06.05.2016 Кираца Трајковска од „Фершпед“, со помош на банкарски службеници во Комерцијална банка, учествувала во финансиска шема на одобрување кредити на бизнисмени, кои воопшто не ги користеле парите, но на крајот заглавиле во долгови од повеќе стотици илјади евра зашто морале да ги вратат. Во слични случаи, со кредити и позајмици биле измамени и други граѓани и сопственици на фирми, по што решиле да ги пријават случаите во „Транспаренси интернешнел“ и во МВР, поради што Јавното обвинителството сега води истрага. Во шемата со банкарските кредити се вмешани и државни институции и судството!

Организацијата „Транспаренси интернешнел“, во последните месеци примила три пријави за работењето на Комерцијална банка. Станува збор за кредити кои банката им ги одобрува на свои клиенти, а потоа се користат за перење пари. Сите случаи ги поврзува тоа што граѓани биле вовлечени во криминален систем на прикриено кредитирање, позајмици, цесии - со цел организирана група да профитира на штета на сопственици на фирми чии потписи и документација биле фалсификувани и злоупотребени. Во моментов, Јавното обвинителство презема активности за да открие кои лица и кои компании стојат зад ваквите случаи кои потврдуваат отсуство на интегритет во финансискиот сектор. Најпрвин е утврдено дека вработени во банката стојат зад нечесните зделки. Случаите се многу слични и покажуваат како „наивните“ граѓани кои со право очекувале доверба од банката биле искористени од моќни фигури и како заглавиле со огромни кредити затоа што формално тие стојат зад кредитите, но парите не ги користеле, односно тие секогаш завршувале на други сметки, повторно по налог на главните играчи.
 
 

Прочитај повеќе...
 
ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА УКАЖУВАЧИТЕ СТАПИ НА СИЛА, А ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОДГОТВЕНИ Испечати Е-пошта

Невладината организација Транспаренси Интернешнал Македонија одржа работилница на тема „Нормативната и институционална рамка за заштита на укажувачите во Македонија“

 

rt11042016.jpg

11.04.2016 Законот за заштита на укажувачите стапи на сила на 18 март, но се чини дека институците  надлежни за негово спроведување се уште не се спремни да одговорат на предизвикот, бидејќи допрва ќе ги изготвуваат правилниците и ќе обезбедуваат услови за негово спроведување. Токму затоа невладината организација Транспаренси Интернешнал Македонија во понеделникот одржа работилница на тема „Нормативната и институционална рамка за заштита на укажувачите во Македонија“, на која институците можеа да дадат одговорат дали се спремни за импелментацијата на законот.


Свиркач (whistleblower), или според македонското законодавство, укажувач, е израз за храбар поединец, кој од високо морални причини одлучува, со сиот ризик по сопствената кариера, јавно да проговори за незаконските или неетичките дела направени во некоја компанија или институција.


Законот за заштита на укажувачи стапи во сила како еден од условите што мораше да се исполни според Договорот од Пржино. Со него конечно се гарантира заштитата на тие што ќе пријават сомнеж за незаконско или недозволено постапување со кое се загрозува јавниот интерес.

 

 

 

Прочитај повеќе...
 
СЛАЃАНА ТАСЕВА: Законот за заштита на укажувачите гарантира и силна заштита на работничките права Испечати Е-пошта
staseva.png
 08.04.2016 Обврските што произлегуваат од Законот за заштита на укажувачите се голем предизвик за приватниот и за јавниот сектор. Од Законот произлегуваат такви решенија што се во насока на заштита на човековите права и слободи, заштита на работничките права, етичкото корпоративно управување, но и во насока на превенирање на криминалните и коруптивните однесувања и постапувања во компаниите и државните институции. Компаниите и институциите од јавниот сектор треба да бидат свесни дека мора веднаш да започнат со применувањето на обврските што произлегуваат од овој Закон, но и да работат во насока на зајакнување на јавна свест во врска со ова прашање, со што ќе дадат пример во поширок општествен контекст, вели за Академик проф. д-р Слаѓана Тасева, една од подготвувачите на Законот за заштита на укажувачите и претседателка на Транспаренси Интернешнал - Македонија.
 
 
Прочитај повеќе...
 
Кога правдата им врти грб на праведните Испечати Е-пошта
whistleblowers.jpg

18.03.2016 Братот и сестрата Грана Богдановска и Јовица Стоилковски од Куманово, пред 15 години се израдувале дека се единствени наследници на дедовиот имот вреден еден милион евра. Но, кога почнале со постапка за денационализација на земјиштето, дознале дека некој со релации во Судот и во Комисијата за денационализација ги искористил нивните документи и го приграбил имотот. Оттогаш почнува битката на наследниците со државните институции, кои наместо да ги заштитат, ѝ овозможиле на другата страна да го продаде имотот, кој до денес е неколкупати препродаден со цел да се искомплицира случајот и правдата да ја направи недостижна.

На излезот од Куманово кон Свети Николе е лоцирана индустриската зона, во која се сместени десетици компании, производствени погони, стоваришта, магацини... Забележливо е дека индустријата на периферијата на Куманово полека зема замав и дека тука цената на квадрат земјиште постојано расте. Ако пред десетина години сопствениците на земја ја продавале за 10 до 20 евра на првите што решиле да ризикуваат со отворање бизнис, сега квадрат на кој може да се изгради индустриски капацитет, со оглед дека земјиштето е градежно, достигнува и до 60 евра. Како што се зголемува интересот на бизнисмените така се зголемува и цената.

 

 

Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 Следна > Крај >>

Резултати 7 - 12 од 30
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани