Настан: Презентација на препораки од Проектот: „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“
Место: Хотел Мериот – Скопје.
Време: 24 септември 2020 година, 13:30 часот
Институција: Државна комисија за спречување на корупцијата
во соработка со МИОА и НВО Транспаренси Интернешнл Македонија
Законски решенија и подзаконски акти кои оставаат простор за дискреција при регрутација на кадар во јавниот сектор, како и при унапредување и наградување на вработените, не прецизирана постапка за избор, отчетност и разрешување на директори и членови на управни одбори, не ефикасност и не ефективност на контролните механизми во постапките за вработување (издавање одобренија и согласност, образложени одлуки, запознавање на јавноста со преземените мерки односно исходите од спроведените инспекциски надзори) дисперзија во платите на вработените во јавниот сектор, диспропорција во однос на број на вработени, користење на привремените вработувања како можност за заобиколување на редовната постапка за избор на кандидати, неефикасна и не ефективна обука на вработените во јавниот сектор, користење на подзаконските акти како можност за вработување на нестручен кадар, распишување на огласи во предизборие, формирање на органи за само едно лице, се само дел од нотираните слабости или ранливи точки во службеничкиот систем во РСМ.
Сите препораки ви се достапни во следните ПДФ табели:
Презентација на резултати од проценка на ранливост од корупција во постапките на вработувања
22.092020 Државната комисија за спречување на корупција и Транспаренси Интернешнл-Македонија Ве покануваат да бидете дел од настанот на кој ќе бидат објавени резултатите од проектот: „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“, кој ќе се одржи на 24 септември 2020 со почеток во 13:30 часот.
Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.
Заедничко соопштение на Транспаренси Интернешнл ограноците од Европа и Централна Азија
17.08.2020 Транспаренси Интернешнл ограноците од Европа и Централна Азија се во солидарност со луѓето од Белорусија коишто бараат крај на авторитарната власт на државата по изборите коишто меѓународната заедница ги осуди како наместени.
Белорусија е често карактеризирана како последниот диктаторски режим во Европа. Автократите како претседателот Александар Лукашенко мислат дека можат да ја игнорираат волјата на луѓето и управуваат со моќта преку репресија и употребата на насилство. Моменталната политичка криза е кулминација на желбите на обичните луѓе коишто бараат промена и почит за нивните права.
Напредокот, вклучувајќи го и анти-корупцискиот напредок, е невозможен без основна почит за човековите права и демократските норми, вклучувајќи и несогласувања во мислењата. Неодамнешниот развој на граѓанското општество и растот на независните медиуми – коишто се таргетирани за време на овие протести – овозможуваат надеж дека Белорусија е во последните денови како последен диктаторски режим во Европа.