logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести
whistleblowers.jpg
Вести
Грчкиот бизнисмен клучен во аферата “Телеком” Испечати Е-пошта

tmobile.jpg 22.02.2013 Само грчкиот посредник во аферата “Телеком” наводно ги  задржал оригиналните тајните документи потпишани од македонските владини функционери во 2005 година, стои во одлуката на судијата Ричард Саливан од Јужниот окружен суд во Њујорк, која датира од 08 февруари годинава. Со одлуката судијата Саливан го одбил барањето на обивентите челници на “Маѓар” и на “Дојче Телеком”, Елек Штрауб, Томаш Морваи  и Анраш Балог, судот во Њујорк да се прогласи за ненадлежен во процесот во кој Американската комисија за хартија од вредност го води против нив.
 
 

Прочитај повеќе...
 
Имиња на наши функционери во новите докази за Телеком Испечати Е-пошта
 magyar_telekom.jpg21.02.2013 Транспаренси интернешнел - Македонија"  вчера до јавниот обвинител Мар-ко Зврлевски испрати нови документи од судскиот процес против „Маѓар телеком" во САД, во чија документацијата се наоѓаат имиња на високи македонски функционери од периодот меѓу 2005 и 2006 година. Станува збор за докази кои ги доставиле токму обвинетите Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи на 19 декември минатата година и тие сега се достапни на Интернет.

Тројцата беа челници во „Маѓар телеком" во периодот кога, според Американската комисија за хартии од вредност, телекомуникациската компанија ги поткупила македонските функционери со околу 5 милиони евра, со што наводно се одложило воведувањето на третиот мобилен оператор и воведувањето на повисоки давачки за операторите. Штрауб, Балог и Морваи со декемвриската претставка барале судот во Њујорк да се прогласи за ненадлежен во нивниот спор.
 
 
Прочитај повеќе...
 
Институциите да поведат постапка за утврдување на одговорноста на Димитрис Контоминас Испечати Е-пошта
press_160222013.jpg 16.02.2013 Transparency International  – Macedonia изработи Информација заснована врз релевантни и јавни документи, следејќи го отворањето на епилогот на истрагата за работењето на Маѓар Телеком во периодот од 2000 година од 2007 година.
Истрагата беше водена од американската правна куќа Вајт и Чејс по иницијатива на внатрешната ревизија во компанијата поради сомневање во законитоста на склучени и исплатени договори од кои би произлегла низа на коруптивни кривични дела, предвидени со Законот за странски коруптивни постапки Foreign Corrupt Practices Act (FCPA) на САД, односно казниви според македонското и законодавства на други држави.
 
 
 
 
 
 
 
Прочитај повеќе...
 
Предизборните кампањи се вносна бизнис зделка за партиите и фирмите Испечати Е-пошта
 panel_15022013_1.jpg
15.02.2013 Институциите не сакаат да разговараат за финансирањето на политичките партии во време на предизборие. Тоа се покажа на денешната панел дискусија на тема „Финансирање на изборната кампања пред локалните избори“ одржана од Транспаренси Интернешенел (ТИ), на која биле поканети претставници од институциите кои се надлежни за оваа област, но кои одбиле да учествуваат со образложение дека се премногу зафатени подготвувајќи се за претстојните локални избори. Слаѓана Тасева, претседател на ТИ, изјави дека овие институции повеќе пати до сега ја потврдиле својата затвореност кон невладините организации и јавноста со тоа што во континуитет одбивале соработка.

Покани биле испратени до Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупција, но и двете установи одбиле, со уредно образложение дека тоа е поради зголемен обем на активности.

- Овие установи како да заборавија дека имаат општествена одговорност и обврска правилно да ги информираат медиумите и граѓаните, да им се обратат на учесниците во изборниот процес и политичките партии за тоа кои се целите на нивните законски обврски. Нивна надлежност и обврска е да го следат финансирањето на политичките кампања, а од она што до сега го видовме во нивните извештаи, не сме задоволни. Но немаме можност да разговараме со нив и да прашаме зошто има пропусти, дали поради немање технички услови за работа или немање доволно желба за правилно работење – рече Тасева, отворајќи ја дебатата.
 
 
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 21 22 23 24 25 26 27 Следна > Крај >>

Резултати 193 - 200 од 210
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани