ИПК за за 2019 година покажува стагнирање на анти-корупциските напори во Г-7 државите
Анализата открива дека корупцијата е повеќе распространета во државите каде што парите влијаат на политичката моќ
Берлин, 23 јануари 2020 – Повеќе од две-третини од државите – заедно со повеќето од напредните светски економии – стагнираат или покажуваат знаци на уназадување во нивните анти-корупциски напори, според Индексот на перцепција на корупцијата за 2019 година (ИПК) објавен денес од Транспаренси Интернешнл.
Државите каде што изборите и финансирањето на политичките партии се подложни на влијанија на различни интереси се помалку способни да се борат против корупцијата, покажуваат резултатите од анализата.
„Фрустрациите поради корупција во владата и немање доверба во институциите зборува за потребата за поголем политички интегритет“, изјави Делиа Фереира Рубио, претседателка на Транспаренси Интернешнл. „Владите мора итно да се справат со улогата којашто коруптивната улога на парите во финансирањето на политичките партии и влијанието коешто го имаат во нашите политички системи.“
Тасева: Сè уште не заживеал механизмот за заштита на укажувачите
24.12.2019 Сè уште не заживеал системот и механизмот за заштита на укажувачите затоа што сè уште недоволно се прави од страна на институциите од државниот и јавниот сектор, но и приватниот. Тие треба да обезбедат услови за безбедно пријавување од страна на укажувачите и понатаму да се спроведе целата постапка на начин што нема да се загрозат укажувачите и тие да не трпат последици од било каков вид за тоа што го кажале. Ова денеска го истакна претседателката на Транспаренси Интернешнл-Македонија Слаѓана Тасева пред почетокот на обуката „Улогата на укажувачите во борбата против корупцијата“ што се одржува во Скопје.
Тасева: Корупцијата како кривично дело не треба никогаш да застарува
13.12.2019 Цената на корупцијата во Македонија е голема, а ја плаќаме сите ние, граѓаните кои сè уште не се иселиле и решиле да останат и својата иднина да ја градат на ова парче од земјината топка што многумина го нарекуваат црна дупка или сега во поново време, заробена држава, истакна Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнел Македонија во нејзиното обраќање насловено „Корупцијата со разорувачко и животно загрижувачко дејство“ на денешната конференција: Исполнување на ветувањето за проширување на ЕУ – 30 години добро управување и антикорупциски реформи во Централна и Источна Европа.
Транспаренси Интернешнел Македонија и членките на Платформата за борба против корупцијата бараат решителност во борбата против корупцијата. Ги повикуваат граѓаните масовно да почнат да пријавуваат случаи на корупција, а од сите учесници на идните избори да презентираат јасна платформа која ке биде заснована на видливи резултати и волја за борба против корупцијата.
„Корупцијата како кривично дело не треба никогаш да застарува, а корумпираните да немаат можност да управуваат со државата и нејзините институции“, побара Тасева.
Повик за доставување на понуди - број на повик 03/2019
23.11.2019 1.Назив и адреса на добавувачот
Добавувачот Транспаренси Интернешнл - Македонија (ТИ-М) со адреса на Наум Наумовски Борче бр. 58, 1000 Скопје, телефон за контакт 02/3217-000, електонска адреса
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
, контакт лице Марија Сунчевска.
2.Предмет на набавка
Предмет на договорот за доставување на понуди за спроведување на истражување во рамки на проектот: „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, клиентелизам и кронизам“. Детален опис на предметот на договорот е даден во технички карактеристики.
3.Рок на изведба и испорака
Носителот на набавката е должен предметот на набаваката да го испорача на барање на добавувачот согласно одредената динамика во временски период декември 2019 година – февруари 2020 година