ДКСК утврди злоупотреба на буџетски средства и средства од јавни фондови за финансирање на ДУИ
21.02.2018 Транспаренси Интернешнл – Македонија ја известува јавноста дека по наша претставка Државната комисија за спречување на корупцијата утврди постоење на основано сомневање за злоупотреба на буџетски средства и средства од јавни фоднови во финансирањето на политичката партија ДУИ и за тоа писмено го извести Основното јавно обвинителство Скопје заради понатамошно постапување.
По анализа на Годишниот извештај за членарини до донации за 2016 година, Транспаренси Интернешнл – Македонија забележа дека на листата како донатори се јавуваат и претпријатијата АД Македонска пошта, АД Аеродроми на Македонија и ЈП Македонски железници – инфраструктура, што е спротивно на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и Законот за финансирање на политичките партии. Поради тоа на 10.05.2017 година се обративме до Државната комисија за спречување на корупцијата, како надлежна за постапување во вакви случаи.
21.02.2018 Траспаренси Интернешнл - Македонија Ве информира дека на 22.02.2018 година (четврток) со почеток во 10:30 часот во Хотел Дувет, ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира наодите од Индексот на Перцепција на Корупцијата (ИПК) за 2017 година.
Хотел Дувет се наоѓа на следната адреса: Наум Наумовски Борче број 40 во Скопје.
29.01.2018 Ние долупотпишаните сакаме да ја информираме јавноста и да дадеме препораки до надлежните институции во врска со оданочувањето на физичките лица со ДДВ во рамки на постојната регулатива, кое е проблематично од неколку аспекти.
Ова соопштение за јавност е во функција на подобрување на владеењето на правото, зајакнувањето на правната сигурност, подобрување на услугите од страна на јавниот сектор.
Понатаму во текстот даваме образложение за проблематичните аспекти како и соодветни препораки за надлежните.
05.01.2017 Транспаренси Интернешнл –Македонија (TИ-М) има потреба од квалификуван кандидат кои ќе работи во канцеларијата во Скопје за следново работно место:.
1. Позиција: Асистент на проект
Кандидатот покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:
- Диплома за завршено високо образование;
- Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување);
- Активно користење на MS Office;
- Способност за подготовка на извештаи и статистички прегледи
- Одлични комуникациски вештини;
- Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи;
- Креативност, самоиницијативност и способност за работа во тим.