logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Коментари
whistleblowers.jpg
Коментари
Illicit Financial Flows From Developing Countries: 2001-2010 Испечати Е-пошта

 

 26.02.2013 За каква анализа станува збор

 

Станува збор за студијата “Нелегални финансиски движења во земјите во развој за периодот од 2001-2010 година” изготвена од организацијата чиј назив може да се преведе Глобален Финансиски Интегритет.

 

Анализата користи економски показатели и економска методологија за анализа на резултатите. Затоа однапред изразувам резерва во однос на терминологијата која ја користам во овој коментар, кој има за цел да го нагласи значењето на оваа анализа за антикорупциски политики.

Прочитај повеќе...
 
Младите, политиката и корупцијата Испечати Е-пошта
17.10.2012 Новата Стратегија за млади на Европската Унија се залага за отвореност и за поголеми мозжсти за младите во Европа, за мобилност и за натпртевар преку занаења и компетенции кои можат да ги понудат на пазарот на трудот. Едновремено со оваа Стратегија и со Прогрес извштај за напредокот на Р Македонија во процесот на евро-интеграција, кој неоправдано е премногу розев, Европската Унија ја објави и листата на држави за кои група држави членки предлагаат укинување на без визниот режим. И се разбира Република Македонија е на таа листа затоа што бројот на граѓани кои побарале азил е висок во споредба со бројот на жители во државата.   
 
Очигледно е дека реалната бројка на граѓани од Македонија кои побарале азил е многу мал во споредба со другите држави, но тоа не е битно. Листата е објавена и таа е стапот со кој треба да се дисциплинираат граѓаните. Очигледно е дека и Прогрес извештајот е розев зпоради политичката агенда на ЕУ, но тој морков е тука за Владата за да изнајде решение за спорот со името во краток рок. Да бидам искрена, воопшто не верувам дека Владата ќе преземе било какви чекори во таа насока. Она што претпоставувам дека ке се случи со розевиот извештај е дека ќе се користи во кампања за локалните избори, а се разбира, виновна за лошиот исход од процесот за евроинтеграции ќе биде Грција. Власта ќе си добие избори, а стапот повторно ќе биде по грбот на граѓаните.
 
 
 
 
Прочитај повеќе...
 
Закон што нема да се примени Испечати Е-пошта
28.01.2008 Деновиве беше донесен Закон за изменување и дополнување за Законот за спречување на корупцијата. Во деновите додека траеше собраниската расправа, текстот на предлогот за изменување на Законот не можеше да се најде на веб-страниците на Собранието и на Министерството за правда.
Денеска, иако поминаа десет дена од неговото усвојување, текстот се уште не е објавен ниту во „Службен весник“. Мистерија треба да се разбие затоа што овде се уште ќе има работа. Дури и за Уставниот суд. За оваа анализа го користам текстот на предлогот за изменување на Законот со кој располага Државната комисија за спречување на корупцијата. Иако тие ја иницираа измената на Законот, не беа сигурни дали е усвоен тој или некој друг текст. Ова сигурно не оди многу во прилог на изјавите за транспарентност и соработка во постапките за усвојување закони. Како и да е, очекувам дека текстот ќе ги помине сите процедури за да биде објавен. Освен ако претседателот не одлучи да не го потпише поради тоа што дел од одредбите се спротивни на Уставот.
Прочитај повеќе...
 
Соопштение Испечати Е-пошта

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика

што Владата на РМ го достави до Собранието на РМ

 

logo_eng_jpg                                                             
28.12.2007 “
Транспарентност - Нулта Корупција е невладина организација чија главна определба е борбата против корупцијата и почитувањето на принципите за транспарентно, одговорно и отчетното однесување во процесите кои се одвиваат во Република Македонија.Во изминатите неколку години со внимание ја следиме состојбата и процесите за приватизација и либерализација во сферата на електростопанството, кои се имплементираат преку менување на законите во оваа сфера. Поради тоа, а имајќи го предвид значењето што процесите во оваа го имаат или би го имале за граѓаните и за стопанството, сметаме дека со поднесување на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за енергетика се повредени основните принципи на доброто управување, кое подразбира транспарентност и отвореност на овие процеси.

Предложените измени на Законот за енергетика се носат крајно нетранспарентно, без јавна расправа и истите содржат одредби кои ќе креираат услови за нетранспарентно работење, создавање на монопол и фаворизирана положба на одделни субјекти на пазарот, како и услови за корупција. Со предложените измени се создава монопол на пазарот и фаворизирана положба на една компанија што е спротивно на владеењето на правото како темелна вредност на Уставот на РМ.

 

Прочитај повеќе...
 
Мислење на ТНК за отуѓување на градежното земјиште лоцирано зад трговскиот центар Рамстор Испечати Е-пошта

logo_eng_jpg

31.10.2007 Во врска со дополнително добиените материјали од Министерството за транспорт и врски со кои се комплетира целокупната документација  која се однесува на постапката за јавното наддавање за отуѓување на градежното земјиште лоцирано зад трговскиот центар Рамстор, сопственост на Република Македонија, наменето за изградба на хотел, каде понудувачот ХЛХ МАЦ ЛЛП ДООЕЛ Скопје е избран за најповолен,  како и врз основа на одржаниот состанок на 17 октомври оваа година во просториите на Министерството за транспорт и врски и непосредно извршениот увид во оригиналната  документација, ТРАНСПАРЕНТНОСТ - НУЛТА КОРУПЦИЈА  известува дека и после извршената објективна и професионална анализа на целокупната документација, нема промени во своите ставови  кои ги зазеде со писмо кое Ви го достави под број 0302-149/2 од 09.10.2007 година.

 

Во прилог е интегралното мислење на експертскиот тим на ТРАНСПАРЕНТНОСТ - НУЛТА КОРУПЦИЈА

 

pdf Мислење_на_ТНК_31.10.2007 133.94 Kb

 
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани