logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Проекти
whistleblowers.jpg
Проекти
Завршени проекти Испечати Е-пошта
Проект: Верували или не

Цел на проектот е да се презентира или обелодени реална ситуација за работењето на државните институции во борбата против корупцијата.

Реализација:
•    Еднаш месечно ќе се одржуваат прес конференции на кои ќе се презентира специфичен антикорупциски случај;
•    Транспаренси Интернешнл – Македонија ќе ги искористи сите инструменти кои и се на располагање со цел да ги покрие сите последици кои настанале од антикорупциските случаи. Активностите ќе вклучуваат, но нема да бидат лимитрани на: идентификување на правни и додатни правни лекови, комуникација со надлежните органи и институции, прибирање информации и информирање на јавноста за одвивањето на случајот и други активности. Јавноста ќе биде редовно известена за активностите кои се преземаат и резултатите од истите;

•    Електронски билтен, кој што ќе содржи анализи на различни антикорупциски случаи и процедури кој што ќе го подобрат капацитетот на институциите и ќе ја зајакнат судската практика. Ќе се изработува на секој три месеца и ќе биде доставен до целните институции. Печатена публикација која што ќе ги содржи сите анализи ќе биде објавена на крајот од проектот. 
 
 
Проект : ЦИМАП- Воспоставување на компаративен мониторинг базиран на индикатори за следење на прогресот во борбата против корупцијата во земјите кандидати за членство во ЕУ, потенцијалите земји кандидати и Косово
 

ЦИМАП ќе развие мониторинг систем со кој што ќе се оцени напредокот при преземањето на анти- корупциски мерки во јавната администрација, политичките институции и судството во Албанија, Косово, Македонија и Турција, врз основа на внимателно одбрани и оценливи индикатори. Системот ќе биде создаден и ќе го применуваат локални ТИ ограноци, кои ќе произведат независни  испитувања што ќе бидат регионално споредливи.

ЦИМАП ќе вклучува видливи дејствија, врз основа на резултати од спроведен мониторинг во секоја од земјите учеснички, како и врз основа на директно меѓународно застапување преку Генералниот директорат за проширување    ( Извештајот за напредок на Европската Комисија).

Планирано е ЦИМАП да се повторува на годишно ниво и овој пристап се предвидува да биде пренесен и во другите земји од регионот на Југо-Источна Европа.

 
Проект "Центар за информации и правни совети  (ALACs) во Југо Источна Европа 2010/2011"


Центрите за информации и правни совети (ALACs)  на Transparency International во Југоисточна Европа е регионален проект на земјите Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Молдавија и Србија. Центрите се места каде жртвите и сведоците на корупција пријавуваат случаи на корупција и добиваат практични правни совети за овозможување да покренат официјална жалба до релевантните национални институции. Центрите покажаа дека граѓаните активно се вклучуваат во борбата против корупцијата кога е овозможен едноставен и веродостоен механизам да го направат тоа.
 
 
 
Проект "Култура на законот наспроти корупцијата 2009"

 

 

  * Развој на Култура на законот наспроти корупцијата како општо прифатено однесување
  * Мониторинг на имплементацијата на анти- корупциски закони
  * Коалиција Македонија без корупција
  * Електронски весник
 
 
 

Проект “Подобрен изборен систем во Република Македонија“

 

Главната цел на проектот е да се подржи воспоставувањето на поусогласено законодавство и регулаторни механизми, но и јасни процедури за одржување на фер и демократски избори во иднина, како и транспарентност на достапните фондови и донации за изборните трошоци.

 

Подобрени процеси и интер-етнички дијалог, промоција на меѓународните стандарди за човекови права поврзани со изборите и принципите на доброто владеење треба да бидат главните столбови за проектните активности.

 

Од проектот се очекува да ги постигне следниве резултати:

 

  • да иницира експертска анализа во врска со изборниот процес во целина
  • да ги идентификува недостатоците и да предложи амандмани за законот
  • да иницира јавна дебата во врска со утврдените проблеми и предлог решенија
  • да иницира изготвување на амандмани во Изборниот законик и предлози за нови закони
  • да иницира усвојување на нови амандмани и закони.

 

 pdf audit_report_improved_election_system_in_the_rm 911.43 Kb

 

 

Проект "ТНК отворени дебати (Круг)"


Промовирање на културата на отворена, конструктивна дебата за различни прашања, меѓу поединците, креаторите на мислење, практичари, активисти на граѓанското општество, и др
уги. "ТНК Отворени дебати" ќе им понуди можност за дебата за различни прашања поврзани со македонската реалност. Креирајќи став на слободен говор и отворена јавна дебата како предизвик. Дебатите ќе бидат први од ваков вид во земјата, комбинирање на информации  и дискусии за различни прашања.

         

 

Проект “ Пермантентен Анти-корупциски Мониторинг на Клучните приоритети во претпристапниот процес во ЕУ“  
 
Целта на овој проект е систематизација на мониторинг пристапот на TI и се смета како почетна точка во спроведувањето на перманентниот антикорупциски мониторинг систем во претпристапниот процес во ЕУ. Со цел да се обрне внимание на проблемите, Транспарентност – Нулта корупција во соработка со Transparency International ќе дојде до крајниот резултат од она што е : 
“Максимизирање на  влијанието во претпристапниот процес во ЕУ во борбата против корупцијата“ 
Процесот ќе биде раководен од експерти во Секретаријатот на Transparency International во Берлин и експерти од Словенија (Анти – Корупциската Комисија) и Норвешка ( Tранспарентност Норвешка) како и земји со високо институционално искуство во интегрирањето и системите на доброто владеење.  Примарните целни групи на проектот се владините и здружените институции. Втората целна група се оние граѓански организации кој што можат да помогнат со промовирање и кој што имаат интерес во борбата против корупцијата во пристапувањето кон ЕУ.  Ќе има 5 главни групи на активности: 
  1. Развивање на индикатори за антикорупциски мониторинг;
  2. Мониторинг на антикорупциското работење во владите кои се во претпристапниот процес;
  3. Подигање на свеста за корупцијата како сериозен криминален злостор;
  4. Воспоставување соработка помеѓу антикорупциски организации на граѓанското општество;
  5. Поттикнување на поголемо учество на граѓаните во борбата против корупцијата.
pdf audit_report_mak-08-019 611.80 Kb
 
 
 
Проект "Култура на законот наспроти корупцијата 2008"

 

 

  * Развој на Култура на законот наспроти корупцијата како општо прифатено однесување
  * Мониторинг на имплементацијата на анти- корупциски закони
  * Формирање на Коалиција Македонија без корупција
  * Електронски весник
 
  pdf audit_report_clvsc_2008 789.89 Kb

 

 

 Регионален проект "Центар за информации и правни совети  (ALACs) во Југо Источна Европа 2008" 
 
   Центрите за информации и правни совети (ALACs)  на Transparency International во земјите Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Молдавија и Србија. Центрите се места каде жртвите и сведоците на корупција пријавуваат случаи на корупција и добиваат практични правни совети за овозможување да покренат официјална жалба до релевантните национални институции. Центрите покажаа дека граѓаните активно се вклучуваат во борбата против корупцијата кога и е овозможен едноставен и веродостоен механизам да го направат тоа.

   

  pdf audit_report_alac_2008 359.28 Kb

 

 

Проект:  "Воспоставување на програм за мониторинг на судски случаи поврзани со корупција" Македонија

   

logo_eng_jpg all4fairtrial

 

 

 

 

 

Коалицијата „Сите за правично судење“ и „Транспарентност - Нулта корупција“ спроведуваат интензивни проктни активности со цел идентификување на коруптивни кривични дела, изготвување на брошура и јавна презентација на добиените податоци. Сериозноста на проблемот со корупцијата и зголемувањето на бројот на кривични гонења поврзани со корупција создава потреба од процена на коруптивните случаи и воспоставување на поблиска терминолошка дефиниција за истите. 

  

Основните цели на овој проект се:

   

  • Мониторинг на криминалните случаи поврзани со корупција и подготовка на аналитички извештаи;
  • Зацврстување на соработката помеѓу јавното обвинителство, судовите, Државната комисија за спречување на корупција и 

          сите релевантни иституции кои за своја цел ја поставуваат борбата со корупцијата;

  • Собирање на емпириска граѓа која која ќе служи како база за понатамошен мониторинг во криминалните случаи поврзани со корупција; 
  • Подигање на нивото на јавната свест за потребата кривично гонење на сите инволвирани во случаи со корупција. 

 

Проект "Култура на законот наспроти корупцијата"

 

* Развој на Култура на законот наспроти корупцијата како општо прифатено однесување

 

Тркалезни маси и работилници ќе се организираат со цел да се процени и иницира развојот на конкретно добро управување и образовни програми за младите. Исто така, имајќи предвид дека законот за Територијана организација е усвоен во 2004 година, а процесот на децентрализација официјално започна во јуни 2005 година, постои потреба за дискусија околу постоечките стандарди за добро управување во локалните општини. Овие стандарди треба да бидат унифицирани и скроени на начин кој ќе овозможи  воспоставување на ефикасен и транспарентен систем. 

Дополнително тоа ќе овозможи развој на заедничка доверба помеѓу граѓаните и локалната администрација.

 

 
* Центар за информации и правни совети (ALAC)

 

Центарот за информации и правни совети ќе функционира преку архивирање и набљудување на жалби на доверлив и професионален начин. Интернет страницата и библиотеката постојано ќе се ажурираат за да овозможат најдобра можна информираност за корисниците. Центарот исто така ќе одржува континуиран дијалог со владините агенции одговорни за истрага на корупција , обезбедувајќи повратни информации и помош за подобрување на процесуирање на жалбите.

 

 

* Мониторинг на имплементацијата на анти- корупциски закони

 

За време на изминатите 3 години повеќе од 40 закони беа изменети или беа донесени нови. Недостигот од ефикасност за имплементација на донесените закони се препознава како главен фактор за недостигот на владеењето на правото и успехот во борбата против корупција.

Како дел од активностите предвидено експерт ќе биде задолжен за:

  # Следење на индикаторите за ефикасност воспоставени во анти- корупциската програма;

  # Мониторинг на извештаи и препораки.

Ќе биде формирана мониторинг група за евалуација на работата на независните институции, како што е Државната комисија за спрешување на корупција, Бирото за јавни набавки, Државниот завод за ревизија, Јавниот обвинител, и др.  Ќе се врши секојдневен мониторинг со користење на отворени извори на информации како што се: официјални извештаи, статистички податоци, известувања за медиумите и истражувања.

 

 
Проект "Центар за информации и правни совети  (ALAC)"
 
    Главна цел на проектот е да ги мобилизира граѓаните во антикорупциските напори преку институционална соработка. Преку оваа цел граѓаните се запознаваат и ги ползуваат своите права, што пак позитивно влијае за зајакнување на капацитетите на државните институции. Овој центар е дефиниран да ги третира исклучиво случаите врзани со корупција, што го прави единствен од ваква природа.

 

    Оттука, им се овозможува лесна достапност на граѓаните до сопствените права. Конкретно ќе се даваат насоки како да ја осигураат жалбената постапка во случаи на злоупотреба на јавните фондови или пак, во институциите каде што граѓаните се жртви на корупција. Преку конкретните случаи ќе се отвори дијалог со надлежните институции каде што ќе се бара поддршка за етаблирање на соодветните  механизми за поплаките од граѓаните.

 

 

 

                      Подржано од                         Буџет : 245.000 денари grb_na_rm

 
 
Република Македонија

   ВЛАДА НА РМ

 
 
 
Декларација „0“ толеранција за корупција  

 

    На 9ти декември 2005 година, светскиот ден на борбата против корупцијата, Декларацијата „0“ толеранција за корупцијата беше свечено потпишана. Со својот потпис се обврзаа Претседателот на РМ, Заменик Претседателот на Собранието на РМ, Претседателот и Потпреседателот на Владата на РМ, Претседателите на политичките партии во РМ, Претседателите на стопанските комори во РМ, претставници од граѓанскиот сектор и многу други претставници од јавниот и политичкиот живот, како и пртставниците од судството, обвинителството, Државната анти-корупциска комисија, ЗЕЛС, претставници од приватниот сектор, универзитетите и медиумите

 

 

  

Проект "Мониторинг на имплементацијата на декларацијата „0“ толеранција за корупцијата"

 

Во соработка со претставниците од јавниот, политичкиот, приватниот и граѓанскиот сектор да се осигура имплементацијата на Декларацијата. Со олеснување и поттикнување на различните страни потписнички, координација на одделни програми, со изработка на детален акционен план за имплементација. Активностите се  реализираат низ взаемен дијалог, преку консензус, за искоренување на корупцијата една од најголемите пречки за владеење на правото и развојот на економијата.

 

 

Проект:  Проценка на потребата за развој на Програмата за набљудување на судските постапки во врска со корупцијата во Република Македонија

   

logo_eng_jpg all4fairtrial

 

 

 

 

 

Коалицијата „Сите за правично судење“ и „Нулта корупција“ спроведуваат интензивни проктни активности со цел идентификување на коруптивни кривични дела, изготвување на брошура и јавна презентација на добиените податоци. Сериозноста на проблемот со корупцијата и зголемувањето на бројот на кривични гонења поврзани со корупција создава потреба од процена на коруптивните случаи и воспоставување на поблиска терминолошка дефиниција за истите. 

  

Основните цели на овој проект се:

   

  • Мониторинг на криминалните случаи поврзани со корупција;
  • Зацврстување на соработката помеѓу јавното обвинителство, судовите, Државната комисија за спречување на корупција и 

          сите релевантни иституции кои за своја цел ја поставуваат борбата со корупцијата;

  • Собирање на емпириска граѓа која која ќе служи како база за понатамошен мониторинг во криминалните случаи поврзани со корупција; 
  • Подигање на нивото на јавната свест за потребата кривично гонење на сите инволвирани во случаи со корупција. 

 

Подобрување на корпоративното управување за „0“ толеранција на корупцијата 

 

Проектот се спроведуваше во соработка со стопанските комори во РМ. Неговата цел е да се имплементираат превземените обврски со Декларацијата со што би се подобрило корпоративното работење и би се поттикнала борбата против корупцијата во рамки на приватниот сектор. Крајната цел е да произлезе Етички кодекс кои ќе биде одобрен и усвоен од приватниот сектор кои во услови на глобализација продонесува за побрз развој на бизнисот, но и за одржување на минимум етички стандарди.

 

 

 pdf Ревизорски извештај за проектот 1.80 Mb

 
 
Тековни проекти Испечати Е-пошта


Проект : КРИНИС Западен Балкан –Осветлување на парите во политиката

KРИНИС е регионален проект на Transparency International кој има за цел да прави мониторинг на корупцијата во финансирањето на политичките кампањи, како и да ја зацврсти јавната доверба во демократските институции во Албанија, Хрватска, Косово, Македонија и Србија. Проектот има за цел поголема транспарентност и институционални промени преку вклучување на сите клучни засегнати страни и преку евалуација на практиките кои се спроведуваат при политичките финансирања.

КРИНИС овозможува испитување на различни димензии на транспарентност и одговорност во политичките финансирања, како на пример внатрешни извештаи на партии и кандидати, извештаи до агенциите задолжени за надзор, јавно обелоденување и слично.

Активностите на проектот за своја цел ги имаат клучните засегнати страни во врска со реформите на политичкото финансирање, вклучувајќи ги и политичките партии, приватниот сектор, институциите за надзор, медиумите и граѓанското општество. Корисници од проектот и крајна целна група се граѓаните на земјите кои го имплементираат проектот, а од причина што проектот се стреми кон засилување на одговорноста на националните политички системи кон електоратот.
 
 
Проект : Центар за правни совети поврзани со корупција (ALAC) 2011-2012

Центрите за правни совети поврзани со корупција на Transparency International се канцеларии каде што жртвите и сведоците на корупција пријавуваат случаи и добиваат практични правни совети кој што им овозможуваат да поднесат официјални жалби до релевантните институции. Центарот за правни совети (ALAC) мотивира активно вклучување на граѓаните во борбата против корупцијата обезбедувајќи едноставни, веродостојни и одржливи механизми. Центарот нуди директна помош во форма на правна поддршка, но во исто време користи информации добиени од граѓаните и нивните поплаки за да ги идентификува слабостите во борбата против корупцијата во самиот систем и да се залага за реформи базирани на конкретни докази од жалбите на граѓаните. Овој Центар функционира како медијатор, овозможувајќи им на обичните граѓани да ги држат институциите одговорни, пренесувајќи ја нивната загриженост во системски промени.
Главна цел на проектот е да се:
•    подобри квалитетот на демократското управување преку овозможување на самите граѓани да учествуваат во борбата против корупција, ефективно да ги држат нивните влади одговорни и да придонесат во системските промени.
Краткорочни цели на проектот се:
•    подржување на жртвите и сведоците на корупција да се справат со нивните поплаки, а со тоа да се држат институциите одговорни во имплементацијата на антикорупциските закони
•    зајакнување на способноста и подготвеноста на институциите да добиваат но и да постапуваат по жалби поврзани со корупција
•    носење системски подобрувања (правни, администравни и институционални) во борбата против корупцијата

Центар за правни совети поврзани со корупција (ALAC) има четири главни компоненти:
•    Телефонска линија или друг начин на комуникација со граѓаните: жртвите на корупција добиваат почетен совет за нивните права и доколку постои првично сомневање за корупција, клиентот се пренасочува на понатамошно правно советување.
•    Правен совет: на граѓаните им се помага да ги искажат, развијат, поднесат и проследат нивните жалби со помош на професионален правник кој што е вработен во Центарот.
•    Застапување: базирано на случаите кои се доставени до Центарот, застапувањето се прави така што се подига јавната свест за секторите и институциите за кои има најмногу жалби од страна на граѓаните, а со тоа се потенцира и привлекува вниманитето на специфични правни и институционални слабости, за потоа да се достават препораки за подобрување или спроведување на антикорупциските закони.
•    Градење капацитети: им се нуди поддршка на државните институции за зајакнување на нивните капацитети во процесирањето на жалбите.
 
 
Проект : Поттикнување на граѓаните да пријавуваат корупција (Transparency Watch)

 


Transparency International – Macedonia и Center for International Relations од Вашингтон го имплементираат започнат проектот “Поттикнување на граѓаните да пријавуваат корупција (Transparency Watch)” (www.transparency-watch.org; www.prijavikorupcija.org, ), сеопфатен систем за пријавување случаи на корупција користејќи нови медиуми и мобилна технологија базиран на Ushahidi платформа. TI Macedonia ќе ги поттикне граѓаните да пријавуваат корупција која што ја искусуваат или за која сведочат користејќи посебно посветен веб портал и бесплатен СМС број (075/076 145111).

Главната цел на овој проект е да се подобри квалитетот на демократското владеење преку овозможување на граѓаните да учествуваат во борбата против корупција користејќи нови електронски алатки, кои во исто време би придонеле за поголема одговорност на Владата и спроведувањето на системските подобрувања. 
 
 
Проект : Промовирање на транспарентост и отчетнот во јавните институции
 
 
Транспаренси Интернешнл – Македонија во соработка со Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) го имплементира проектот “Промовирање на транспарентност и отчетност во јавните институции”, кој е подржан од ОБСЕ мисијата во Скопје.
Основна цел на проекот e да промовира транспарентност и отчетност во јавните институции преку активности за јакнење на капацитетите на државните институции и подигање на свeста на граѓаните во однос на анти-корупциските иницијативи.
Проектот ќе вклучува три меѓусебно поврзани компоненти:
 1) развој на методологија за квалитативна проценка на имплементација на Државната програма за превенција и репресија од корупција 2011 – 2015 во секторот образование и спорт,
 2) спроведување на тематско истражувања за перцепциите на граѓаните на проблемот со корупцијата во три сектори на државната програма: образование и спорт, медиуми и граѓанско општество и јавна администрација,
3) зајакнување на капацитетите на ДКСК.
Резултатите на трите компоненти ќе се користат како основа за подигнување на свеста кај граѓаните, застапување и јавни дебати. На тематски извештаи кои се однесуваат на активностите утврдени во Државната програма ќе вклучаат препораки упатени кон клучните јавни институции, одговорни за преземање мерки за спречување на корупцијата, како и на ДКСК. Извештаите ќе бидат доставени до ДКСК за натамошно користење и обработка.
 
 
 
 



 



 
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани