logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Активности
whistleblowers.jpg
Активности
Конфискација на имот - помалку криминал Испечати Е-пошта

ws05072007

05.07.2007  Конфискацијата на имот на сторители на криминални дела ќе придонесе за намалувањето на криминалните дејности во државата.
Ова, како што јави репортерот на Макфакс, е истакнато на работилница на тема „Значењето на мерката конфискација во борбата против корупцијата“, што денеска се одржа во Скопје.

Според Слаѓана Тасева, претседател на програмскиот совет на „Нулта корупција“ , потребно е државните органи да ги следат трансакциите на парите, за да може навреме да се открие дали тие се стекнати на криминален начин.

Таа изрази верување дека точна мерка за конфискација ќе ги намали криминалните дејства во земјата.

Министерот за правда Михајло Маневски, осврнувајќи се на измените што се подготвуваат во Законот за спречување корупција, посочи дека целта е казната да го погоди сторителот.

Маневски укажа и на тешкотиите со кои се соочуваат државните органи, особено кога треба да се истражуваат тајни банкарски сметки.

Според него, политиката на банките не дозволува пристап и истрага на овие сметки.

Во таквите случаи се започнува со масовна истрага, а потоа работата спласнува поради недостиг на одредени информации, смета Маневски.

Прочитај повеќе...
 
Работилница посветена на ИТ секторот Испечати Е-пошта

it 

18.05.2007 Во рамките на проектот „Подобрување на корпоративното управување за ‘0’ толеранција кон корупцијата“, Нулта корупција, денес ја одржа шестата работилница посветена на Информатичкиот сектор.

  

Претставниците од ИТ секторот во својата дискусија ги посочија главните облици на корупција со кои се соочуваат и ги дадоа своите видувања за начините и потребните механизми за успешно справување со истата во рамките на овој сектор. Препораките од денешната, како и од претходно одржаните работилници ќе бидат искористени за изработка на унифициран етички кодекс, чие што прифаќање од страна на стопанските субјекти ќе придонесе кон поуспешно корпоративно управување.

 

Професорката Антонија Јосифовска од факултетот за бизнис и економија истакна дека е неопходно приватниот сектор да се сврти кон себеси и да ги идентификува своите слабости и преку личното однесување да покаже дека е подготвен да се справи со корупцијата.

 

Професорот Горан Коевски од Правниот факултет препорача самиот сектор внатрешно да ги прифати минималните стандарди на корпоративната одговорност преку усвојување на етички кодекс, затоа што напредокот на бизнисот е секогаш чекор напред пред легистлативата. Со текот на времето успешните едички кодекси можат да прераснат во закон.

Прочитај повеќе...
 
Потпишан меморандум за соработка Испечати Е-пошта
   logo_eng_jpg     

all4fairtrial10.05.2007 Здружението "Нулта- корупција" потпиша меморандум за соработка коалицијата „Сите за правично судење“. 

Во имплементацијата на проектот „Проценка на потребата за развој на Програмата за набљудување на судските постапки во врска со корупцијата во република Македонија“, двете организации ќе спроведат интензивни проектни активности со цел идентификување на коруптивни кривични дела, изготвување на брошура и  јавна презентација на добиените податоци.

Како основни приоритети се поставуваат силните заеднички заложби за успешно справување со коруптивните кривични дела во Република Македонија, зацврстувањето на соработката помеѓу Јавното обвинителство, судовите и Државната комисија за спречување на корупција, како и сите релевантни институции чија цел е справување со корупцијата.

Една од позначајните цели на овој проект е подигнувањето на нивото на јавната свест за потребата од бескомпромисно и брзо решавање на случаите на корупција.

 
Прочитај повеќе...
 
Степенот на корупција во Македонија и натаму висок Испечати Е-пошта

ws2504one 

25.04.2007 Степенот на корупција во Македонија и понатаму е висок, а за таквата ситуација најмногу придонесува зависноста и неефикасноста на судовите.

Ова на денешната работилница на „Нулта корупција“ го изјави координаторот од централата на „Транспаренси интернешнл“ во Берлин, Јана Митермаер, која престојува во мониторинг мисија на невладините организации во државава.

„Корупцијата е сериозен проблем во Македонија, што значи дека борбата против оваа појава треба да продолжи“, рече Митермаер, притоа изразувајќи подршка за работата на „Нулта корупција“.
ws2504one2
Изјавата на претставничката на „Транспаренси интернешнл“ за југоисточна Европа и Азија, позитивно ја оцени претседателката на Програмскиот совет на „Нулта корупција“ Слаѓана Тасева, изразувајќи надеж дека организацијата во најскоро иднина повторно ќе се врати во рамките на „Транспаренси интернешнл“.

Учесниците на денешната работилница посветена на корупцијата во приватниот и јавниот сектор, како најголем проблем ја посочија корупцијата при јавните набавки.
 

„Од спроведените ревизорски извештаи се заклучува дека Македонија е богата држава, но, проблемот е што парите се трошат нерационално“, изјави главниот државен ревизор Драгољуб Арсовски, посочувајќи дека најранлива област се јавните набавки во здравството.

Прочитај повеќе...
 
Работилница посветена на секторот банкарство Испечати Е-пошта

rt1004 

10.04.2007 Банкарите заедно со невладината организација „Нулта корупција - транспарентност“ денеска расправаат за корупцијата со цел да идентификуваат формите и начинот на справување со облиците на корупција. Работилницата се одржува во рамки на Проектот „Подобрување на корпоративниот менаџмент за 0 толеранција на корупцијата“ од кој треба да произлезе унифициран или пак кодекс на однесување за секоја област пооделно.

Според Слаѓана Тасева од „Нулта корупција - транспарентност“ иако во банкарскиот сектор постојат најголем број инструменти за обезбедување корпоративно управување и има етички кодекси сепак треба тие подлабоко да се утврдат.

 
Прочитај повеќе...
 
Поголема свест и построги закони клучни за борба Испечати Е-пошта

rt0404 

04.04.2007 Промена на свеста кај граѓаните и воведување на построги закони се клучни во борбата против корупцијата.

Ова се заклучоците од денешната тркалезна маса, што ја организираше „Нулта корупција“, на тема „Соработката меѓу политичкиот и граѓанскиот сектор“.

Организаторите на тркалезната маса, особено се задржаа на средствата што политичките партии ги потрошија за време на минатогодишната кампања за парламентарните избори, при што беа објавени нови податоци, кои не соодветствуваа со оние што партиите претходно ги пријавија.

Се работи за податоци собрани во десет градови, според кои парите што ги потрошиле најголемите македонски политички партии, се разликуваат од претходно пријавените суми, а разликите се дури и до два милиона евра.

Ваквата појава беше поврзана со целокупната корумпираност во државата, што според учесниците многу често се поврзува со политиката.
 

Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 21 22 23 Следна > Крај >>

Резултати 211 - 220 од 221
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани