logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Активности
whistleblowers.jpg
Активности
Демант Испечати Е-пошта
 04.08.2015 Здружението Транспаренси Интернешнел Македонија (Транспарентност-Нулта Корупција) ги демантира наводите изнесени во дневниот весник Вечер, во статијата насловена „Ова се соросоидите од подземјето кои бараат власт без избори“ потпишана од Ивона Талевска, главен и одговорен уредник на весникот, објавена во електронското издание на весникот на 03.08.2015 година во и во печатеното издание на весникот на 04.08.2015 година.

Демантираме дека здружението Транспаренси Интернешнел Македонија е финансирано од Фондацијата „Отворено општество Македонија“, во јавноста попозната како Сорос. Транспаренси Интернешнел Македонија никогаш до сега не аплицирало, ниту пак добило грант од оваа фондација. Во ова можете да се уверите
од ревизорските извештаи достапни на следниот линк: http://www.transparency.mk/index.phpoption=com_content&task=view&id=502&Itemid=84
 
 
 

Прочитај повеќе...
 
Полициски функционери краделе од МВР, службеничката што ги пријавила останала без работа Испечати Е-пошта
whistleblowers.jpg
 17.07.2015 Македонската практика многупати покажала дека наместо крадецот, виновен е тој што го пријавил. Ова секако дека потсетува на актуелната политичко-правна ситуација со аудиоснимките од прислушувањето. Зоран Заев е одговорен што ги поседува материјалите и што јавно ги објавува и затоа досието „Пуч“ се форсира од страна на државните институции, но не и Никола Груевски и неговите соработници кои зборуваат како земаат провизии, како местат случаи, како вработуваат партиски послушници, како го контролираат судството, како ги штитат своите сомнителни активности... Кривичните пријави против нив и сомневањата за нивните злодела се само на хартија и во ваква поставеност на надлежните органи никогаш и нема да се процесуираат.
 
Кога ситуацијата е таква со политичкиот врв можеме само да замислиме како е со пониските структури во општеството, со оние кои немаат начин да ја анимираат јавноста или, пак, исплашени за животот и егзистенцијата, не се ни обидуваат да пријават. Таков е случајот со Зорица Лазаревска од Скопје, која по 32 години работа во Министерството за внатрешни работи минува низ пекол. Во моментов е дома, отстранета од работното место затоа што открила криминал на претпоставените. Но, наместо државните институции да ги гонат тие што краделе и фалсификувале документи и така ја оштетувале државата и правеле незаконски профит, таа се соочила и со казни, со судски процеси и на крајот со отказ. За неа сигурно важи познатата изрека - каде има сила нема правдина.
 
 
 

Прочитај повеќе...
 
Повторен повик до ЈО и другите надлежни институции за поефикасно и потранспарентно постапување Испечати Е-пошта
platforma_logoa.jpg
 
16.07.2015 Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата уште еднаш упатува повик до Јавното обвинителство за поефикасно и потранспарентно постапување по прашањата кои се однесуваат на наводните злоупотреби, незаконитото постапување, корупцијата и нарушувањето на човековите права кои се наведуваат во прислушуваните телефонски комуникации објавени во изминатите месеци што би придонело за градење на довербата во институцијата. 

Покрај тоа, Платформата бара Владата да го вклучи граѓанскиот сектор во имплементацијата на препораките од Извештајот на Прибе, а пред се во набљудување на ефикасноста и ефектите од спроведување на Акциските планови кои ги најави. 

Членките на Платформата изразуваат загриженост од односот на Државната комисија за спречување на корупцијата која и натаму продолжува со своето изолирано и нетранспарентно работење. Комисијата  како независен државен орган со широка надлежност и овластувања за постапување во случаите на кои се однесува ова јавно обраќање, се уште не реагирала на повикот од 25 март оваа година ниту пак одговори на барањето за средба упатено на 15 мај 2015 година. 
 
 

Прочитај повеќе...
 
Советот за етика во медиумите донесе одлука дека жалбата на ТИ-М за написот во ДНЕВНИК е основана Испечати Е-пошта

08.07.2015 Совет за етика во медиумите на Македонија ја донесе следната ОДЛУКА: На Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по жалбата на Транспаренси Интернешнл-Македонија за текстот "Холандија поддржува, Тасева бара аместија за Заев и Верушевски", објавен на 01.06.2015 година во електронското издание на Дневник и на 02.06.2015 година во печатеното издание на дневниот весник Дневник и за текстот "Кампањата за свиркачи не е за Заев", објавен на 02.06.2015 година во електронското и на 03.06.2015 година во печатеното издание на весникот Дневник - ЖАЛБАТА Е ОСНОВАНА.

 

 Одлуката на СЕММ можете да ја погледнете во следниот PDF документ:

 pdf TI-M_vs.Dnevnik1.83 Mb

 

 

Прочитај повеќе...
 
Обвинувања и сведоштва за политичката дискриминација на работа Испечати Е-пошта
whistleblowers.jpg
 03.07.2015 Во Македонија уште пред повеќе од четири години беше донесен Законот за заштита од дискриминација, но се чини сѐ уште сме на почетокот и не знаеме или не сакаме да се заштитиме. За овој период, ниту една надлежна институција не успеала да ја види политичката дискриминација, или подобро кажано, не се осмелила. Вработени и понатаму се бркаат од работа бидејќи не се однесуваат или не размислуваат во духот на владејачката партија. 
 
Единствената сатисфакција ја добиваат со можноста јавно да ја раскажат голготата и тортурата што ја доживеале, а правдата како и секогаш, ќе ја бараат надвор од Македонија.
 
Партиската книшка, наспроти универзитетската диплома, познавањето на странските јазици, работното искуство и стручноста, сѐ уште е посилниот адут при вработувањето, особено во државната или јавната администрација. Со неа вратите многу полесно се отвораат, а се затвораат за тие што ја немаат, поточно не ја поседуваат онаа вистинската. Па, така, додека едни ѝ се радуваат на новата државничка работа, други секојдневно стравуваат да не го изгубат парчето леб, бидејќи во џебот не ја имаат вистинската документација, доказ за нивната „квалификуваност“.
 


 
 

Прочитај повеќе...
 
Нападната вработена во УЈП:Дали ја терале да сокрие милионски данок ? Испечати Е-пошта
wb_logo.jpg
20.06.2015 Вработена во Управата за јавни приходи (УЈП) лично се уверила дека моќта и парите се над законите и прописите. Не само што била соочена со притисок да прекрши закон за некој друг да се стекне со имотна корист, туку и физички настрадала откако се спротивставила и откако мислела дека сепак законот е еднаков за сите. Во обид да биде законита и да не ја оштети државата архиварката во подрачната скопска единица на УЈП одбила да фалсификува документи со кои би се сокрил данок на извесен моќен бизнисмен. Во целата операција биле вклучени и вработени во УЈП на високи позиции преку кои се одвивале заканите кон вработената и настојувањата да се смени документацијата. Целата приказна околу обидот да се затаи данок, а некој да ќари висока сума пари започнува со анонимна пријава на еден вработен во УЈП кој во известувањето до Транспаренси Интернешнл-Македонија навел дека неговите надредени во управата ја искористиле позицијата, но и партиското влијание за да издејствуваат архиварката да им заврши некаква незаконска работа. Кој сакал преку неа да заработи? Кого штителе посочените во пријавата? Дали навистина се преземени мерки против силните играчи? 
 
 
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 51 - 60 од 221
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани