logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Активности
whistleblowers.jpg
Активности
Јавното здравство ќе колабира без работата на волонтерите Испечати Е-пошта
 ministerstvo_za_zdravstvo.jpg14.11.2014 Околу 2700 луѓе или 15 проценти од вкупно вработените во јавното здравство се волонтери. Станува збор за луѓе кои работат на исклучително одговорни работни места, како медицински сестри, болничари, лаборанти, таму каде што се спасуваат човечки животи. Некои од нив волонтираат по 10 до 15 години, за само 4500 денари во кои се предвидени трошоците за храна и превоз.

Според податоците од Фондот за здравствено осигурување во јавното здравство има вкупно 18 200 вработени, бројка која постојано варира бидејќи некои заминуваат, други одат во пензија. Испразнетите работни места во болниците тешко се пополнуваат бидејќи Министерството за финансии не одобрува средства, така што јавното здравство се потпира на волонтерите.

На овој начин македонското јавно здравство обезбедува луѓе кои го заменуваат кадарот. Армија луѓе кои веќе се докажале во својата професија бидејќи со години работат како медицински сестри, лаборанти, инструментарки во операциони сали, ренген техничари, болничари, работат за само 4500 денари месечен надомест со кои се покриваат само трошоците за храна и превоз. Како болничари тие транспортираат пациенти од внатрешноста до клиниките во Скопје, инструментарките се вклучени во комплицирани операции, медицински сестри даваат инфузии, лекови, инјекции, на пациентите им ставаат контрасни средства за време на снимање на апаратите за Комјутеризирана томографија и Магнетна резонанца.
 
 
Прочитај повеќе...
 
Заспаната убавица и отровното јаболко Испечати Е-пошта
apples.jpg 10.11.2014 Преспа ја познавам од дете и покрај сите убавини со кои таа се опишува запаметив дека една од карактеристиките е и чистиот воздух. Доказ за тоа беше и Клиниката за белодробни заболувања изградена во Отешево во далечните седумдесетти години од минатиот век. Оваа убава асоцијација на Преспа со здравјето ми ја сруши една трагична случка.

Моја роднина на 42 години почина од рак на белите дробови. Докторот кај кој што ја имав однесено во Скопје ми ја соопшти фаталната прогноза. Го прашав како е можно релативно млад човек кој не е пушач и кој животот го минува во една од најубавите воздушни бањи во Македонија да има ваква дијагноза. Ми одговори дека, за жал, во Преспа имаа многу такви дијагнози. Негова претпоставка тогаш беше дека виновникот за бројните дијагнози на рак на белите дробови токму во тој регион се пестицидите кои масовно се користат во процесот на производството на славното преспанско јаболко. Тука започна и мојата љубопитност за фаталната чистота на преспанскиот воздух.
 
 
Прочитај повеќе...
 
Основците учат како да се откажат од слободата! Испечати Е-пошта

 citizens.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

05.11.2014 Убаво стокмени корици со многу фотографии, примери и фино објаснета цел е првиот впечаток кога ќе го земете в раце учебникот по граѓанско образование за осмо одделение. Учениците, барем според описот во наставната програма, треба да научат како функционира современото општество, да учат за придобивките во областа на човековите права и слободи и нивната непосредна заштита.

Зборот „слобода“ дури и премногу често се спомнува во наставната програма по овој предмет – сето тоа со цел на 14-годишните идни академски граѓани да им се развие свеста што значи власта, но истовремено и што значи слободата, што значи моќта, но и како таа може да се злоупотреби.

И дотука сè е во ред, додека не стигнете до 14-та страница од учебникот, кога наидувате на дел кој во целост се коси со она што треба да значи „слобода на граѓанинот“.

Во лекцијата за „лојални граѓани“, меѓу другото, се вели дека „лојалните граѓани секогаш се подготвени да ги следат правилата и прописите во општеството и ПО ЦЕНА ДА МОРААТ ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД СВОИТЕ СЛОБОДИ“!

 

 

Прочитај повеќе...
 
Потпишана Декларација за слобода на медиумите Испечати Е-пошта
rt04112014-1.jpg 04.11.2014 Медиуми, невладини организации, други субјекти и поединци, потпишаа денеска Декларација за принципи за остварување на медиумската слобода во Република Македонија.
„Ние долупотпишаните претставници на медиумите и на невладиниот сектор сакаме да ја искажеме нашатa цврста определба за почитување и промовирање на принципиелни ставови во врска со медиумскиот сектор и потребата од негово реформирање, со крајна цел да се постигне посакуваната слобода на медиумите и правото на јавноста да биде информирана“ – се вели на почетокот на Декларацијата.
Документот го потпишаа шест медиуми, четири невладини организации, Самостојниот синдикат на новинари и медиусмки работници, една политичка партија и повеќе новинари поединци, како и други граѓани.
 
 
 
 
Прочитај повеќе...
 
ТИ-М ќе го истражува системот на националниот интегритет во Македонија Испечати Е-пошта

1nis29102014.jpg29.10.2014 „Зајакнување на системот за национален интегритет и следење на развојот во анти-корупциските напори“ е новиот проект на Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИМ) кој денеска беше официјално претставен во Скопје во Делегацијата на Европската Унија(ЕУД).
Проектот е регионален и ќе го водат националните ограноци на Транспаренси Интернешнл во Западен Балкан и Турција, во соработка со централата на ТИ во Берлин, а е поддржан од Европската Унија. Тој  има за цел да го процени интегритетот на институциите и други чинители во 15 области, по што ќе следат препораки за подобрување на состојбите во секоја област одделно.
Претседателката на ТИ-М   д-р. Слаѓана Тасева, презентирајќи го проектот, истакна дека тој треба да ги открие и силните и слабите точки во целиот систем, по што извештајот со препораки треба да има употребна вредност.

 

 

Прочитај повеќе...
 
ТИ Македонија ре-акредитирана во глобалната коалиција “Transparency International" Испечати Е-пошта
ti.jpg
 
28.10.2014 На последниот годишен состанок на “Transparency International” оддржан во Берлин во месец Октомври 2014 година, Транспаренси Интернешнл – Македонија се стекна со  ре-акредитација за наредните три години и со тоа ги исполни сите критериуми да биде полноправна членка во глобалната коалиција за борба против корупцијата “Transparency International”.

На истиот состанок е избран и нов претседател на “Transparency International” г-дин Хозе Угаз од Перу и потпретседател г-ѓа Елена Панфилова од Русија.
 
 
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 71 - 80 од 221
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани