logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Вести arrow Работилница на тема: „Заштита на пријавувачите низ институционалниот систем во Македонија”
whistleblowers.jpg
Работилница на тема: „Заштита на пријавувачите низ институционалниот систем во Македонија” Испечати Е-пошта
  wb_29042015.jpg
29.04.2015 На 29.04.2015 година, ТИ-Македонија одржа работилница во насока на имплементација на проектот: „Застапување и заштита на пријавувачите, вклучувајќи ги медиумите и граѓанското општество”, поддржан од страна на Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија.
На работилницата присуствуваа: Н.Е. Вршител на должност Амбасадор, Петер Верхејен, поранешниот министер за правда Проф. Д-р Ѓорѓи Спасов, поранешната судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца- Николовска, новинарот Љубиша Арсиќ од неделникот Фокус, како и триесетина поканети претставници од медиумите, невладините организации, државни институции итн.
На поканата не се отповикаа претставниците на државните институции Државната комисија за спречување на корупцијата и Минуистерството за правда, како најповикани за законско уредување на оваа материја.
 
 

Воведно обраќање на настанот имаше Г-ѓа Слаѓана Тасева, претседател на ТИ-Македонија, која ги презентираше межународните стандарди кои ја уредуваат областа заштита на whistleblowers, и го објасни концептот и принципите на кои се засновани ефикасните системи за заштита. Таа посочи дека во Р Македонија мора да се изнајде ефикасен начин за заштита на пријавувачите во поширока смисла, а не само на пријавувачите на корупција, затоа што пријавувањето треба да опфаќа пријавување на незаконски, неетички, неморални и други типови на однесувања. Посебно нагласи дека досегашните искуства говорат дека whistleblowers се оставени без заштита.


Во својот говор, Н.Е. Петер Верхејен својот став во врска со пријавувачите го изнесе послужувајќи се со цитат на Алберт Ајнштајн: „Светот е злобен, но не поради злобните луѓе во него, туку поради оние што гледаат и ништо не превземаат“, и исто така додаде дека Владата има одговорност да ги заштити пријавувачите, а не тоа наместо неа, да го прави невладиниот сектор и медиумите.


Г-дин Ѓорѓи Спасов, додаде дека мора да се работи на зголемување на свеста на граѓаните за тоа колку е важно да го пријават секое незаконско или неморално дејствување, зошто според него ниту едно законско решение, и да е најдобро уредено, не може да ги „разбуди“ пријавувачите. Тој исто така зборуваше за тоа дека е неопходно да се утврди термин кој може да биде и описен и кој најдобро ќе го објасни поимот на whistleblowers  имајќи го неговото значење во Р. Македонија.  


Поранешната судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца-Николовска, истакна дека луѓето се обесхрабрени да делуваат, како и фактот дека од пријавувањето на некоја незаконитост во полицијата и обвинителството нема некоја корист, па затоа и ретко се одлучуваат на ваков чекор. Таа уште еднаш ја нагласи потребата да се уреди заштита на пријавувачите воопшто, а не само на оние кои ќе пријавуваат корупција.


Новинарот Љубиша Арсиќ го презентираше своето искуство на соработка со whistleblowers во врска со истражувачките стории, вклучително и на оние кои се објавуваат во неделникот Фокус во соработка со ТИ-Mакедонија. Тој посочи дека во квалитетот на новинарското истражвување во голема мера влијае затвореноста на институциите како иматели на информации.


На работилницата беше презентирана и анкета, за заштитата на пријавувачите, која ја изработи агенцијата „Рејтинг“. Резултатите покажуваат дека над 70 проценти од испитаниците би пријавиле случај на неетичко и незаконско постапување, а 26,6 проценти не би пријавиле. Од испитаниците 7,5 проценти истакнале дека би пријавиле незаконско постапување во фирмата во која работат, а 22 проценти не би пријавиле.
Од анкетата поразителен е податокот што над 13 проценти биле во можност да пријават корупција, односно биле сведоци на истата, но тоа не го направиле дури 10,5 проценти, и тоа најчесто поради страв. Само 11 од 400 испитаници пријавиле случај на корупција. Четворица посочиле дека случајот имал завршница, четворица дека е во тек, а тројца дека случајот не бил решен.
Половина од испитаниците, или 54 проценти сметаат дека пријавувачите немаат никаква заштита, а 49 сметаат дека се заштитени. Дури 70 проценти, пак, одговориле дека би имале последица доколку пријават незаконско работење, а најголемиот број од нив сметаат дека ќе го изгубат работното место или ќе имаат притисоци.


Професорот Зоран Филиповски,од МИТ Универзитетот го сподели своето мислење со публиката и со своето мислење предочи дека ваков вид на проект треба да подржат и други амбасади, додека во насока на асистенција кон изготвување на потполно нов Предлог закон треба да се повикаат правни експерти кои ке работат на конкретни решенија за заштита на пријавувачите.


Младен Чадиковски, директор на неделникот ФОКУС, посочи на зголеменото политичко влијание кон медиумите низ годините до денес, што практично некои од медиумите станаат или се јавуваат во улога на продолжена рака на власта. Селективноста во пренесувањето на вестите како и сопственичката структура на медиумите директно влијае врз уредувачката политика на медиумо. Останатите медиуми се етикетирани и наречени опозициски и конкретно за ФОКУС посочи дека иако е нарекуван опозициски на сегашната власт, сепак ,ФОКУС претставува медиум кој бил, е, и ќе биде критички настроен спрема сите власти без разлика на партиската припадност, а кои не си ја извршуваат работата согласно законите.


Заклучоци
Во Република Македонија владее неповолна клима во која медиумите, невладините организации, државните и приватните фирми, како и самите граѓани имаат потешкотии во остварувањето на поактивно и поквалитетно вклучување но и презентирање на проблемите со коишто се соочуваат секојдневно. Ваквата состојба би можела да се надмине доколку носителите на одлуките овозможат поголема пристапност и отвореност кон граѓаните како и решенијата кои истите би можеле да им ги понудат со цел поголема функционалност на општеството.


Од аспект на whistle-blowers тоа би претставувало обезбедување на поголема заштита од опасноста која им се заканува на лицата кои пријавуваат како и последиците со кои се соочуваат. За сето тоа да се надмине, потребно е да се овозможат достапни канали за пријавување како и функционални механизми за обелоденување кои промовираат реформи за да се поправат законодавните, политичките или процедуралните недостатоци, како и спречување на идни злоупотреби. Доколку се воспостават нови промени во Законот за спречување на корупцијата, со вметнување на членови кои ќе се однесуваат на whistle-blowers, истите би требало да опфатат повеќе аспекти како што се: начинот на пријавување, органите до кои би можеле да се упатат граќаните, нивниот статус како и заштитата, како нивната така и на нивното семејство од сите акти на одмазда.


Во процесот на поднесување на пријавите, неминовно е и инволвирањето на медиумите како и граѓанските организации кои се јавуваат во улога на важен сегмент кои ги поврзуваат граѓаните со државните институции и овозможуваат полесна циркулација на информациите.


Сепак, сите сегменти во општеството, кои кога ќе се спојат заедно претставуваат една целина, така и институциите кои доколку соработуваат и учествуваат заедно за општото добро, би можеле да овозможат подобар, поефикасен и функционален систем во кои граѓаните би можеле да имаат доверба и преку него би можеле да ги обелоденуваат сите нерегуларности и незаконитости кои го попречуваат нормалниот тек на функционирање на институциите и општеството во целина.

 

 

 

 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани