logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Вести arrow Реакција до медиуми
whistleblowers.jpg
Реакција до медиуми Испечати Е-пошта
01.03.2016 Транспаренси Интернешнел Македонија изразува загриженост поради Одлуката на Уставниот суд од 24.02.2016 година со која се врши интервенција во членот 1 од Законот за помилување и на тој начин му се овозможува на Претседателот на Република Македонија да помилува лица осудени, меѓу другото, и за кривични дела на корупција при гласање и избори, како и да спречи нивно кривично гонење.

Борбата против корупцијата во Република Македонија оди бавно и тешко, што беше потврдено и во извештајот на експертската група предводена од Рајнхард Прибе, која утврди дека нашата земја се соочува со проблеми во оваа област. Во него меѓу другото се нагласува неопходноста од соодветно реагирање на нерегуларностите утврдени од меѓународните набљудувачи, вклучително на изборната корупција и на политичката инволвираниот во изборните манипулации. 

Овој чин е во спротивност и со меѓународните стандарди, а посебно со препораките на ГРЕКО (Група на земји против корупцијата) да се обезбедат механизми за казнување на сторителите на кривични дела поврзани со корупција и изборни манипулации и да не дозволи простор сторителите да ги избегнат казните за она што го сториле. 
 

 

Оттука е и одлуката на Уставниот суд  да промени одредба со која на Претседателот на Република Македонија му овозможува арбитрарно да одлучува кој може да биде гонет, а кој не, или кој може да издржува казна, а кој не е спротивна на сите меѓународни стандарди и истата ќе преставува уназадување на сите процеси за воспоставување на владеење на правото и демократија и ќе ги уназади можностите исполнување на стандардите за влез во Европската Унија.

Транспаренси Интернешнел Македонија ги повикува институциите ги имаат во предвид добрите практики од регионот и Европа, каде овие кривични дела се изземени од законските рокови на застарување, а на претседателите на државите и владите им се оневозможува интервенција во водењето на постапките против лица за кои постојат сомневања за корупција. 
 
 
 
 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани