logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Вести arrow ПОВИК ДО ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ДА ГО ПОЧИТУВА ЗАКОНОТ
whistleblowers.jpg
ПОВИК ДО ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ДА ГО ПОЧИТУВА ЗАКОНОТ Испечати Е-пошта
platforma_logo.png
  12.04.2016 Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата упатува јавен повик до Државната комисија за спречување на корупција да го почитува Законот за спречување на корупција врз основа на кој е формирана.  Спроведувањето на тој Закон е нејзина основна надлежност и грижа, а сѐ со цел да го заштити јавниот интерес.
Платформата ја оценува како несоодветна изјавата на претседателот на ДКСК. Неговата постапка со која на прес конференцијата одржана на 6 април 2016 година дозволи само делумен увид во анкетниот лист на поранешниот претседател на Владата на Република Македонија е без законска основа.
 
 

Со членот 35 од Законот кој носи наслов „Јавност на анкетниот лист“ e уредено дека податоците од анкетниот лист претставуваат информации од јавен карактер, освен податоците заштитени со закон. Тие треба да се објавуваат на веб страницата на Државната комисија за сите лица наведени во членот 33 став 1.
 
Платформата укажува дека Законот не содржи одредба со која се уредува:
 
(а) дека анкетниот лист ќе биде симнат од веб страницата на Државната комисија по престанокот на функцијата;
(б) дека анкетните листови кои согласно законот треба да се достават во рок од 30 дена по престанок на функцијата, нема да бидат објавени. 
Ја покануваме Комисијата да ги објави анкетните листови на сите членовите на Комисијата, бидејќи член 50-а недвосмислено укажува дека секој член на Државната комисија има обврска да го достави анкетниот лист и пријавата за промена на имотната состојба и до Државната комисија заради објавување.
 
Платформата ја потсетува ДКСК и целата јавност дека информациите во анкетните листови се од јавен интерес, а потребата од увид во овие информации не треба никому посебно да му се објаснува и образложува.
 
Во оваа прилика исто така, Платформата ја повикува ДКСК да не ги симнува од веб страната тековни податоци и да ги објави сите анкетни листови за промена на имотната состојба за последниот пратенички состав, кои ќе бидат доставени во рок од 30 дена по распуштањето на Парламентот на 7 април. Истото да го направи и по престанокот на функцијата на актуелната Влада.
 
На крај би сакале да ја информираме јавноста за нашата загриженост од односот на Државната комисија за спречување на корупцијата која и натаму продолжува со своето изолирано и нетранспарентно работење. Со ваквиот пристап кон работењето и односот кон јавноста Комисијата  како независен државен орган со широка надлежност и овластувања за постапување во областа на борбата против корупцијата и нанесува штета на угледот и довербата во интегритетот на овој орган.

Платформата на граѓански организации за борба против корупција е основана на 9 декември 2014 год. од страна на 15 граѓански организации: Асоцијацијата за демократски иницијативи, Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје, Истражувачкиот центар за граѓанско општество, Коалицијата „Сите за правично судење“, КОНЕКТ, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Метаморфозис, МОСТ, Охрид Институт, Транспаренси Интернешнл Македонија, Транспарентност Македонија, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Форум ЦСИД, Центарот за граѓански комуникации и Центарот за истражување и креирање политики. Платформата цели кон проактивно, динамично и оспособено граѓанско општество кое ќе игра значајна улога во борбата против корупцијата. Платформата тежнее да биде коректив на состојбите, а ќе соработува и комуницира со сите засегнати страни вклучувајќи ги државните институции, политичките партии, бизнис заедницата и меѓународната заедница. Исто така, ќе ги следи и анализира правната рамка и актуелните јавни политики и активности за сузбивање на корупцијата, ќе иницира јавна дебата за квалитетот на законите и ќе иницира законски измени каде што е потребно и ќе работи и на зголемување на свеста на граѓаните за борба против корупцијата.
 
 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани