logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Вести arrow Презентација на „Националниот систем за интегритет - оценка за Македонија“
whistleblowers.jpg
Презентација на „Националниот систем за интегритет - оценка за Македонија“ Испечати Е-пошта
nis_graphic.jpg
31.05.2016 Транспаренси Интернешнл – Македонија во рамките на проектот "Зајакнување на Националниот систем за интегритет во земјите од Западен Балкан и Турција и следење на развојот на анти-корупциските напори” на 31 мај 2016 година во Хотел „Александар палас“ во Скопје ги промовира наодиите од истражувањето на „Националниот систем за интегритет - оценка за Македонија“. 
Национален систем за интегритет (НСИ) на Транспаренси Интернешнал е алатка за проценка, на сите клучни актери во борбата против корупцијата и се однесува на нивниот интегритет, транспарентност и отчетност. Во основа, НСИ го означува начелото на чинители и институции во една земја кои влијаат на тоа како земјата е управувана. Компонента за проценката на истражувањето се фокусира на евалуација на клучните јавни институции и сите релевантни чинители во борбата против корупцијата во однос на: (1) нивниот целокупен капацитет, (2)  системите на внатрешно управување и процедури и (3) нивната улога во целокупниот систем на интегритет. Предмет на ова истражувањето беа 15 столбови: законодавна власт, извршна власт, судство, јавниот сектор, органи за спроведување на законот, Државна изборна комисија, Народен правобранител, Државен завод за ревизија, Државна комисија за спречување на корупција, Јавно обвинитество, политички партии, медиуми, граѓанското општество, приватниот сектор и јавни претпријатија.
 
 
 
 
Оценувањето на НСИ покажува дека и покрај тоа што Македонија има добра правна рамка за борба против корупцијата, има слабо спроведување на антикорупциските закони каде се утврдија значителни разлики во резултатите од показателите за „правото“ и „практиката“. 
 
Во клучните наоди од истражувањето и резултатите од квантитативни индикатори за силните и слабите страни на опфатените институции се утврди дека најсилни столбови во Република Македонија се Државниот завод за ревизија и Народниот правобранител. Двете се независни институции и забележуваат најдобри оцени во сите столбови кај показателите за внатрешно управување (транспарентност, отчетност и интегритет). Показателите покажуваат дека Државниот завод за ревизија има доволен капацитет и игра релативно силна улога во борбата против корупцијата, иако Народниот правобранител нема доволно капацитети да ги врши своите должности. 
 
Извршната и законодавната власт се особено силни од аспект на нивниот капацитет и нивната позиција во борбата со корупцијата. Извршната власт, исто така, во голема мера независна – всушност, а показателите покажуваат дека структурите на внатрешно управување на извршната власт, кои треба да промовираат транспарентност, отчетност и интегритет се слаби. Законодавната власт е премногу слаба од аспект на внатрешното управување. Недостатоците во независноста на законодавната власт и правосудството и нивниот неуспешен надзор над извршната власт покажуваат критични недостатоци во системот на контрола. 
 
Државните институции што имаат задача за спречување и борба против корупција, а тоа се ДКСК и Јавното обвинителство, се исклучително слаби и немаат соодветни ресурси и систем за внатрешно управување. Слабоста на државните институции е резултат на целосното непостоење на политичка волја за справувањето со корупцијата. Ова е од особена важност бидејќи недржавните чинители што би требало да служат како чувари, како што се медиумите и деловниот сектор, се меѓу најслабите столбови во Република Македонија. Чинителите од граѓанскиот сектор и политичките партии покажуваат слаби резултати во сите показатели, особено оние во врска со внатрешното управување и немаат капацитети да спроведуваат контрола на владините институции. Агенциите за спроведување на законот не се независни. Им недостасуваат структури за внатрешно добро управување и не можат да ја вршат својата улога за испитување и гонење на корупцијата.
 
НИС проценката прикажана во графиконот подолу обезбеди детална евалуација на силните и слабите страни на институциите во форма на сеопфатен извештај за земјата кој вклучува низа квантитативни индикатори за секоја институција.

Резултатите од извештајот ќе се користат како алатка за следење и мерење на напредокот во текот на времето, за потоа да се споредат перформансите низ институциите и да се идентификуваат добрите и лошите практики. Сите препораки кои се произлезени од ова истражување ќе бидат доставени до надлежните институции со цел  превземање на понатамошни чекори и пронаоѓање на системски решенија со што ќе се допринесе кон градење на здрав и цврст систем на национален интегритет кој ќе биде ефикасен во борбата против корупцијата. 
 
 
Проект "Зајакнување на Системот за национален интегритет во земјите од Западен Балкан и Турција, и следење на развојот на анти-корупциските напори”,  финансиски поддржан од страна на Европската Комисија и Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија.
 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани