logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow WHISTLEBLOWERS arrow ТИ-М повикува на имплементирање на Законот за заштита на укажувачи
opis-whistle.jpg
ТИ-М повикува на имплементирање на Законот за заштита на укажувачи Испечати Е-пошта
whistleblowers.jpg
 
Транспаренси Интернешнeл – Македонија (ТИ-М) ги повикува учесниците во Пржинскиот договор да ги исполнат своите обврски и превземаат соодветни мерки за успешно имплементирање на Законот за заштита на укажувачи, при тоа, имајќи ги во предвид препораките од страна на Венецијанската комисија
 
07.10.2016 Венецијанската комисија во извештајот наведува дека усвојувањето на Законот за заштита на укажувачи беше резултат на голем политички договор, со кој се тежнееше да се постигне нормализирање на политичкиот живот во земјата во одредени околности. Меѓутоа, иако законот стапи во сила на 19 октомври 2015 година, а започна да се имплементира од 18 март 2016 година, институционалните механизми во практика се имплементираат со потешкотии.
 
 
Оттука, суштинските препораки од комисијата се однесуваат на: 
 
- Членот 6.1 од Законот за заштита на укажувачи кој треба да се ревидира во однос на објавување во медиуми, односно Комисијата смета дека објавувањето на информации треба да е возможно кога внатрешно/надворешно пријавување како механизми не постојат, се неефективни, или кога се забележливи ризици прикривање на злоупотреби или избегнување на одговорност од страна на виновниците. Пријавувањето  треба да се однесува на општата дефиниција за „јавен интерес“ кој е содржан во членот 2 став 4.
 
- Законот за заштита на укажувачи мора да наведе до кој степен и под кои услови ќе се обелодени јавниот интерес наспроти пријавувањето кое е загарантирано со заштита на укажувачот, односно, како во услови на јавност да се заштити пријавувачот против можните дисциплински постапки (и слични мерки поврзани со работното место) и против сите кривични санкции или граѓанската одговорност, како и кои се сите можните очекувања од овој закон.
 
ТИ-М смета дека е потребно институциите да вложат поголеми напори за имплементирање на препораките од Венецијанската Комисија, но укажува дека истите не се пречка да се започне со ефикасна имплементација на Законот. Институциите надлежни за негово спроведување да воспоставаат практики со кои на граѓаните ќе им биде обезбедено заштитено пријавување согласно законските одредби. Како граѓанска организација се залагаме за отворена дискусија за надминување на сите проблеми во имплементирање на препораките од Венецијанската комисија и во примената на Законот. 
 
 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани