logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Вести arrow Невладиниот сектор бара ревизија на парите за патни трошоци
whistleblowers.jpg
Невладиниот сектор бара ревизија на парите за патни трошоци Испечати Е-пошта
money.jpg
 
20.10.2016 Повеќе невладини организации побараа од Државниот завод за ревизија да изврши контрола на работењето на Собранието и на државната изборна комисија

Откако во јавноста излегоа информации за фрапантните суми што пратениците и дел од членовите на Државната изборна комисија ги земаат по основ на надомест за патни трошоци за користење сопствено возило, неколку невладини организации побараа од Државниот завод за ревизија да изврши контрола во работењето на овие две институции.

Центарот за економски анализи, „Транспаренси интернешнел“, Институтот за европска политика - ЕПИ, Институтот за демократија, како и Фондацијата „Отворено општество“ упатија официјално барање до Државниот завод за ревизија за контрола за оправданоста на овие трошоци.
 
 

„Поради тоа што доказите изнесени во јавноста укажуваат на нерегуларности во работењето кај овие субјекти - буџетски корисници, и на сомнение за неосновано, неекономично, неефикасно и неефективно трошење на буџетските средства, бараме од ДЗР да се изврши ревизија на усогласеност, регуларност и ревизија на успешност. Сметаме дека граѓанскиот сектор и ДЗР имаат иста цел - отчетност од субјектите кои користат јавни средства“, пишува во барањето доставено до ДЗР.

Марјан Николов од Центарот за економски анализи вели дека очекува во согласност со добрите практики во светот, ДЗР позитивно да одговори на барањето, со што ќе се докажат или ќе се отфрлат шпекулациите во јавноста за моралниот, етичкиот кредибилитет на веќе поранешните пратеници и членови на Државната изборна комисија.

„Мониторингот на трошењето на јавните средства во Република Македонија подолго време е мисија на цивилниот сектор, кој неодамна излезе со мерки за итни реформи. Преку нив сакаме да иницираме дебати и активности во функција на ресетирање на општеството во Македонија за да се надмине оваа неодржлива ситуација. Да има и ревизија на успешност што значи утврдување на економичност ефикасност и ефективност на трошење јавни средства. ДЗР преку ревизија на успешност може да утврди и да даде препорака за евентуални натамошни законски измени“, објаснува Николов. 
 
 
Извор : Утрински весник 
 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани