logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Вести arrow Реакција во врска со објавениот Конечен извештај на ДЗР за Министерството за образование и наука
whistleblowers.jpg
Реакција во врска со објавениот Конечен извештај на ДЗР за Министерството за образование и наука Испечати Е-пошта
udripari.jpg
 
26.10.2016 Транспаренси Интернешнел Македонија ги повикува надлежните инситуции да постапат по наодите од Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Министерството за образование и наука на сметката на основниот буџет за 2015 година, според кој се констатирани бројни неправилности при вработување на лица и ненаменско трошење на јавните пари кои ова министерство ги имало на располагање.
 
Имајќи предвид дека Извештајот на Државниот завод за ревизија содржи основани сомневања за сторени неправилности кои во себе содржат обележја на одредени кривични дела, загрижувачки е тоа што надлежните институции сè уште не реагираат на нив. 
 
Го повикуваме ДЗР согласно Законот за државната ревизија да го достави извештајот до Државната комисија за спречување на корупцијата и до ЈО на Р. Македонија со цел за нивно натамошно надлежно постапување.
 
 
 
 

Со тоа не само што не се остварува целта на постоењето на Државниот завод за ревизија, туку не се остварува ниту целта на постоењето на институциите кои се должни да реагираат во овој случај – Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство.
 
Транспаренси Интернешнел Македонија смета дека е недозволиво да се игнорираат ревизорските извештаи и поради тоа бара надлежните институции што поскоро да ги испитаат наводите од нив и да преземат соодветни чекори кон лоцирање на одговорност за сторените неправилности.
 
За повеќе информации можете да се обратите до Транспаренси Интернешнел Македонија, лице за контакт Петар Тодоровски, на 02/ 32 17 000 или на Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете  
 
 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани