logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Вести arrow 9-ти декември Меѓународниот ден за борба против корупција
whistleblowers.jpg
9-ти декември Меѓународниот ден за борба против корупција Испечати Е-пошта
udripari.jpg
 09.12.2016 Транспаренси Интернешнл – Македонија по повод 9-ти декември Меѓународниот ден за борба против корупција укажува дека борбата против корупцијата треба и понатаму да биде клучен приоритет на сите носители на политички функции, на институциите и на судството со цел да се надмине постоечката политичка криза предизвикана пред сѐ поради укажувањата за корупција.

 „Слабото спроведување на антикорупциските закони, недостигот на владеењето на правото, ограничената институционална соработка, како и сериозните недостатоци во практиките на институциите во однос на независноста, транспарентноста, интегритетот и отчетноста“ се клучните проблеми наведени во Национален систем на интегритет – Оценка за Македонија, истражување кое беше спроведено од ТИ-Македонија. Меѓународната заедница во повеќе наврати апелираше дека токму непостоењето на политичка волја за справувањето со корупција во државата се покажа како значаен проблем кој може да ги доведе во прашање Евро-атлантските интеграции на државата.
 
 

Токму на овој ден апелираме до целокупната јавност и посочуваме дека од големо значење за развојот на демократските процеси во државата е поставување на следниве стратешки приоритети и системски реформи: 

-  Владата да обезбеди ефективна отчетност, интегритет и етичко однесување на министрите и функционерите на извршната власт; 

-- Владата да воведе алатки за граѓаните да обезбедат увид и да ја зголеми транспарентноста на јавното трошење; 

- Собранието треба да ги повика на одговорност службените лица кои ги назначиле да ги водат антикорупциските политики;

- Државната комисија за спречување на корупција треба да обезбеди објавување на својата практика и своите објаснувања на одлуки, особено на одлуките поврзани со политичко финансирање, судирот на интереси и анкетните листови; 

- Судскиот совет треба да обезбеди целосно спроведување на назначувањето и на унапредувањето на судии врз основа на заслуги, со што би се зајакнале независноста, непристрасноста и интегритетот на судството; 

- Јавното обвинителство треба да обезбеди точни и навремени информации во врска со гонењето на случаите на корупција, како и за случаите што се поврзани со незаконски прислушуваните разговори; 

- Владата треба да ги подобри и да ги направи транспарентни постапките за консултации во врска со политиките со групи граѓански организации; 

- Здруженијата на новинари треба да предложат законски измени за зајакнување на етичкото однесување и на интегритетот на медиумите и на новинарите.
 
 

 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани