logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Вести arrow Случај: Нерегуларности во работењето на банкарскиот сектор во корист на поединци
whistleblowers.jpg
Случај: Нерегуларности во работењето на банкарскиот сектор во корист на поединци Испечати Е-пошта
press_18112016.jpg
 
18.11.2016 Она што Транспаренси Интернешнел во јануари оваа година го започна како случај Кубус в.с. Комерцијална Банка АД Скопје, во изминатиот период од 10 месеци прерасна во случај од кој можат да се согледаат многубројни неправилности во работењето на банкарскиот сектор. Анализите на Транспаренси Интернешнел Македонија, кои ги правиме во соработка со правните застапници и консултатнти на оштетените, покажаа дека:
Станува збор за многубројни финансиски трансакции кои потекнуваат од кредити и позајмици;
Во финансиските трансакции се вклучени поголем број на банки, компании и лица кои се деловно, сопственички и управувачки поврзани со банките;
 
 

Од анализа на трансакциите и движењето на парите може да се согледа еден модел или модус операнди на финансиски инженеринг, кој има за цел да овозможи поединци поврзани со банките, да го искористат незаконското банкарско работење со цел да се стекнуваат со имотна корист;
Имотната корист се стекнува на штета на компании кои се користат како прикривачи за незаконитостите во работењето, но и на штета и за сметка на другите акционери во банките.
Трансакциите се спроведувани и контролирани од лица вработени во банкарскиот сектор и добро упатени во банкарското работење, како и од лица поврзани со банките. 
Познавањето на законите и регулативата за банкарско работење но и искуството дека таа несоодветно се применува, овозможиле овие лица непречено да спроведуваат инкриминирани дејствија;
Инкриминираните дејствија според нашите податоци траат во периодот од 2004 до 2014 година, а дел од нив се завршуваат и во овој период преку поведени судски постапки или постапки за извршување
 
После објавувањето на случајот КУБУС и Кубус Инженеринг, во ТИ Македонија се јавија поголем број лица со тврдење дека и тие биле жртва на финансиски инженеринг. Сопствениците на тие компании се денес присутни.
Краток приказ на нивните случаи има во текстот подолу.
 
1. Во периодот 2004-2011 година компаниите Кубус и Кубус Инженеринг од Скопје, имале деловна комуникација со Комерцијална Банка АД во Скопје во рамки на која од страна на одговорно лице во банката и со него поврзани лица и компании, биле изложени на влијание да преземаат дејствија кои не биле потребни ниту биле во полза на нивното работење. Случајот е пријавен во МВР од каде се преземени дејствија за претходна истрага и утврдување на фактичката состојба, по што во 2013 година до ОЈО во Скопје е поднесена кривична пријава. Во тек е вештачење. 
a. Во случајот со компанијата Кубус, таа е искористена како компанија со добар кредитен рејтинг која требало да се јави како примач на кредитот пред парите да ги проследи кон компанија која е кредитно изложена и на која не би можело да и биде одобрен кредит. Формирана е голема мрежа од поврзани компании (роднински, капитално и управувачки) кои добиваат такви кредити, а потоа не ги враќаат. Целта била Кубус да стане инсолвентен, да оди во стечај, а тие да ги задржат парите.
b. Во текот на следењето на овој случај изготвени се уште три кривични пријави кои се доставени до надлежен јавен обвинител, а поднесена е и кривична пријава против вешто лице поради злоупотреба на службената положба и преземање на дејствија во состојба на судир на интереси. 
 
2. Еурека Информатика е компанија која е вклучена во погоре споменатата мрежа на поврзани друштва. Без нејзино знаење низ нивната сметка поминале пари кои дошле од сметката на една компанија, а завршиле кај друга. Проследиле пари и од Кубус кон други фирми.
 
3. КИ-Метал е компанија која ја купила фабриката Цане Талески во Кичево. Таа го заложила целиот имот на фабриката како гаранција за фирмата Металика да земе кредит од Комерцијална Банка, за фабриката да се рестартира. На обезбедување од имот проценет на  970.000 евра, тие добиле кредит од 1.4 милиони евра, кој потоа со анекси на договорот надминал два милиони евра. Ки-Метал како сопственик на фабриката зела кредит, но фабриката не се рестартирала затоа што содружниците од Металика парите наместо за материјали според намената ги потрошиле на други ствари. Прво ги префрлиле во Уни Банка, по што не се знае каде и како се потрошени, но сигурно не биле потрошени според нивната намена согласно договорот за кредит. Кога фабриката банкротирала, Комерцијална Банка го одзела имотот од Ки Метал и го изнајмила на Металика.
 
4. Адил Мустафа е сопственик на болницата „Шендети“ во Тетово. За да ја доврши изградбата добил кредит од Стопанска Банка, но тогаш бил повикан од лица од Уни Банка кои го наговориле да се откаже од кредитот од Стопанска банка и да земе кредит од кај нив по многу поповолни услови. Тој се согласил, но оттогаш му биле одобрувани само помали суми спротивно на договореното. Му бил побаран целиот дотогаш изграден објект во вредност од пет милиони евра како обезбедување со цел тој кредитен пласман и понатаму да се задржи во А категорија. Кога тој веќе не можел редовно да го враќа кредитот поради тешките услови за отплаќање наметнати од банката, лица од Уни банка го поврзале со други фирми формирани специјално за пренос на кредити и позајмици со цел стигнување на парите до крајниот корисник кој во моментот е кредитно неспособен, за потоа да биде условен да им даде удел од неговата компанија на други лица со цел да му бидат доделени дополнителни средства за исплаќање на веќе постоечките кредити.


Користени извори на информации и статус на случаите
 
За анализа на овие случаи користени се јавно достапни официјални податоци, најчесто од централниот регистер на Р Македонија. Обезбедувањето на овие податоци е доста скапо, но неопходно.
 
Во тек се постапки пред надлежните органи за истрага и обвинување
Досегашната работа покажа дека институциите немаат доволен капацитет и ресурси за ваков тип на анализа и вештачења, но не се подготвени да повикаат стручна помош
 
Институциите, пред се Народна Банка на Р Македонија и судовите кои постапуваат во граѓанска постапка, и покрај укажувањата за тоа дека станува збор за појава во која со злоупотреба на банкарското работење поединци се стекнале со значителна имотна корист, не се подготвени навремено да ги преземат дејствијата во рамки на нивните надлежности, како што се:
а) супервизија на банкарското работење од аспект на почитување на регулативата за поврзани лица, за што се единствено надлежни
б) изрекување на времени мерки за обезбедување на имотот кој бил искористен како средство за извршување на кривичните дела и забрана за извршувања над овој имот.

ТИ Македонија искажува задоволство од соработката со Јавното обвинителство на Р Македонија и институциите надлежни за истраги.
 
ТИ Македонија искажува благодарност и до Секретаријатот на ТИ во Берлин кој со внимание го следи случајот и ги отфрли сите обвинувања на сметка на ТИ Македонија за клевета или именување на лица вклучени во случајот.
 
ТИ Македонија ги повикува и другите стопанственици кои биле жртва на овој вид на финансиски криминал истото да го пријават во канцеларијата на ТИ Македонија.
 
Во прилог на ова е и видео анимација која ќе им биде доставена на сите претставници на медиумите и е достапна на следниот линк   http://bit.ly/2hn3ttQ
 
 
 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани