logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Вести arrow Годишниот извештај на ДКСК да се врати на доработка
whistleblowers.jpg
Годишниот извештај на ДКСК да се врати на доработка Испечати Е-пошта

platforma_logo.png

29.06.2017 Платформата на граѓански организации за борба против корупција упати допис до членовите на Комисјата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија со кој ги повика да донесат Заклучок и на Собранието ќе му предложат да не го усвои Годишниот извештај за работа на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во 2016 г. Платформата побара Годишниот извештај да се врати на дополнување.

 Платформата на граѓански организации за борба против корупција смета дека овој документ не дава сеопфатна слика за активностите кои биле или не биле преземени во 2016 г., Како поткрепа на овие тврдења се истакнуваат податоците објавени во Кварталниот извештај бр. 1 од следењето на работата на ДКСК во периодот од октомври до декември 2016 г., којшто го подготви Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и податоците што редовно ги собира Транспаренси Интернешнл – Македонија.

 

 pdf dopis-do-sobranie-platoforma 330.32 Kb

 

 

Една од клучните забелешки е недостатокот на информации за предметот со кој ДКСК побарала надлежно постапување од Јавното обвинителство на Република Македонија, Управата за јавни приходи (УЈП) и Управата за финансиско разузнавање против 21 здружение и фондација и една политичка партија. Покрај тоа, се забележува и различен пристап во презентирањето и деталност на податоците во врска со отворените предмети.

Членките на Платформата сметаат дека ДКСК во 2016 г. има потфрлено во спроведување на надлежностите поврзани со спроведувањето на Законот за заштита на укажувачите. Уште една област за која имаат забелешки се однесува на базата на податоци со анкетни листови достапна на веб страната на ДКСК. Таму, според Платформата, недостасуваат анкетните листови на одредени избрани и именувани лица, а кај некои има очигледни недоследности.

Од собраниската Комисија е побарано да се организира поширока дискусија за ефикасноста, ефективноста и неселективноста на остварувањата на законските надлежностите на ДКСК, со присуство на експертска јавност и граѓанскиот сектор.
 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани