logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Вести arrow Соопштение до медиуми за случајот Маѓар Телеком – „Таргет“

whistleblowers-mk.jpg

 

Соопштение до медиуми за случајот Маѓар Телеком – „Таргет“ Испечати Е-пошта
26.03.2019 Транспаренси Интернешнл Македонија изразува задоволство од продолжувањето и развојот на кривичната постапка во случајот „Маѓар Телеком“, кој сега го води Специјалното јавно обвинителство под кодно име „Таргет“, во кој се обвинети тројца поранешни директори на "Телеком", Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус за Злосторничко здружување и Злоупотреба на службена положба и овластување, а постои и сомневање за вклученост и на функционери од Северна Македонија за земање на мито. 

Транспаренси Интернешнл Македонија го следи овој случај уште од објавата на резултатите од истрагата на американската куќа Вајт и Кејс покрената по укажувањата на внатрешната ревизија во Маѓар Телеком поради сомневања  во законитоста на склучени и исплатени договори од кои би произлегла низа на коруптивни кривични дела, предвидени со Законот за странски коруптивни постапки Foreign Corrupt Practices Act (FCPA) на САД, односно казниви според македонското и законодавства на други држави.
 
 

Во врска со овој случај, во изјава за Утрински весник Претседателката на ТИ Македонија Д-р Слаѓана Тасева изјави: Како што стојат работите моментално, од оваа структура и овие институции не треба ништо да се очекува. Но, мора да се знае дека ваков случај не застарува и веројатно во иднина ќе излезе се' на виделина. Тоа ќе биде тогаш кога во институциите ќе седат професионалци со свој личен интегритет, а не личности кои се водени од политички интереси“, вели Тасева.

Линк: https://bit.ly/2HGN2FG

Затоа и денес Д-р Тасева и ТИ Македонија го поддржуваат и му стојат на располагање на Специјалното Јавно Обвинителство и на судот за целосно расчистување на овој случај. Во оваа прилика би сакале да го спомнеме и првиот официјален Укажувач во Република Северна Македонија, Г-дин Симо Грујовски, кој прв го пријави овој случај во Државната Комисија за спречување на корупцијата и за тоа трпи последици.  

Врз основа на јавно достапни документи ТИ-Македонија на 31.12.2012 година изработи информација заснована на релевантни јавни документи како што се Годишниот извештај за активностите на групата на Македонски телеком А.Д – Скопје во 2009 година; Кривична пријава од МВР до ОЈОГОКК од 10 Декември 2010 година; Граѓанската Тужба на Американската комисија за хартии од вредност против Елек Штрауб (Elek Straub), Андрас Балох (Andras Balogh) и Томас Морваи (Tomas Morvai), поранешни директори во Маѓар Телеком поднесена на 29.12.2011 година во Окружниот суд за Јужниот Округ на Њујорк,  поради повреди на одредби на Законот за странски коруптивни постапки; потоа Спогодба за Условено мирување на понатамошно гонење склучено помеќу Министерството за Правда на САД и Маѓар Телеком, при што обвинетата страна ги прифаќа како точни, вистинити и утврдени наводите за дејствијата за кои се товари, и е согласна да плати 59.600.000 долари поради повреди на одредбите на Законот за странски коруптивни постапки FCPA и други релевантни документи. 


Повеќе за ова информација, како и пристап до документите во врска со овој случај може да се добие на следниот линк

Подетални информации за постапката против челните луѓе на Дојче телеком што ја покрена Американската комисја за хартија од вредност може да најдете на следните линкови: https://bit.ly/2HUhlYI и https://bit.ly/2YovfIy

И покрај достапноста на документацијата преку правилата за меѓународна правна помош, ЈО Зврлевски изјави дека системот за гонење на поткуп во Македонија и во САД е различен, дека имале илјадници страници за превод на имејлови и избришани и обновени електронски пораки, кои и да ги преведеме немало да ни бидат од корист, затоа што кај нас не се признавале како докази. Линк до информацијата:

Линк : https://bit.ly/2HGN2FG

После изјавата на ЈО на Република Македонија дека Република Кипар не е подготвена да сподели информации за компаниите преку кои се одвивале трансакциите, ТИ-Македонија истражуваше и притоа дојде то податоци дека сопственик на наведените компании е Димитрис Кондаминос. Овој бизнисмен вклучен во големиот скандал на Дојче Телеком кој во Македонија е сопственик н акомпанијата „Космотелко“ која имаше дел од акциите во Македонски Телеком. 

Линк: https://bit.ly/2FCoo6U
 
Според профилот за компанијата, „Космотелко“ имала 7,4 проценти учество во „Стоунбриџ комуникации АД Скопје“, компанија која контролирала 51 отсто од „Македонски телекомуникации“ и учество во конзорциумот. 

Линк: https://bit.ly/2UXIk9E

ТИ-Македонија и понатаму ја ќе ја следи судската разврска во овој случај од висок јавен интерес. Очекуваме дека и покрај поминатото време и можностите за влијание и прикривање на доказите, сепак ќе биде задоволена правдата и осудени сторители на инкриминирани дејствија со кои граѓаните се оштетени со одложената либерализацијата на телекомуникацискиот пазар и беа плаќани најскапи цени за телекомуникациски услуги во регионот. 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png

zaednicki_vrednosti.png

 

 

 

audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Македонија е најкорумпирана во ...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
canwordmark_colour.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани