logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Вести arrow Системот продуцира корупција, законите не се имплементираат

whistleblowers-mk.jpg

 

Системот продуцира корупција, законите не се имплементираат Испечати Е-пошта

Непотизам, кронизам и клиентелизам при вработување: Системот продуцира корупција, законите не се имплементираат

 

conf_24102019.jpg

24.10.2019 Во системот имаме проблем, во законите со текот на годините секогаш се внимавало да се остави простор за евентуална потреба на оние кои се на власт. И покрај законите имаме продлабочено делување во таа насока преку подзаконските акти, кои ги носат самите министри, а се одобрувани од страна на Министерството за информатичко општество. Тоа укажува дека затајуваат и контролните механизми и инспекциските служби, а има проблеми и во назначувањето во инспекторатите. Ова е заедничкиот заклучок на претседателката на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Слаѓана Тасева и Софка Пејовска – Дојчиновска, член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Тие денеска се обратија на презентацијата на проектот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“.

 

pdf prezentacija_promotiven_nastan_24102019 1.62 Mb 

  

По извршената анализа на 19 закони и два подзаконски акти во рамките на проектот, утврдени се 46 ранливи точки на кои треба да се интервенира.

Пејовска – Дојчиновска е децидна дека системот продуцира корупција, постои правна несигурност, а еден од најсериозните проблеми се дискреционите овластувања на носителите на јавни функции пред се’ за вработувањата. Сите извештаи, потенцира таа, говорат дека имаме добра законска рамка, но недостасува имплементацијата.

„Или еднаш ќе се одважиме да бидеме сериозни во имплементацијата или немаме алтернатива. Тоа е основното. Од толку предмети кои ги добивме од почетокот на нашето работење до денес, само се потврди дека тоа се слабостите кои се констатирани“, изјави таа.

Пејовска – Дојчиновска укажа дека со Националната стратегија за борба против корупцијата, што се подготвува, меѓу другото ќе се бара ограничен број измени на систематизација на работни места и елименирање на вработувања преку приватни Агенции за вработување како „дупки“ кои се користени во огромни количините во изминатите години.

На новинарско прашање колку предмети Антикорупција има отворено за непотизам и по колку од нив постапува Јавното обвинителство, Пејовска – Дојчиновска посочи дека се околу четириесет, но нема точен број по колку постапува ЈО. Одговарајќи на новинарско прашање за најавените предвремени парламентарни избори, таа истакна дека ДКСК е подготвена да се соочи со предизвиците.

На денешниот настан се обрати и амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп кој порача: „Кога бродот почнува да тоне треба да ја испумпате водата доколку влегува и да најдете каде има пукнатини и да ги затворите. Имате навистина добар брод, но мора да му овозможите да се движи побрзо и да успее“.

„Потребни се уште напори со цел да се превентира политизирањето на јавната служба и јавниот сектор. Освен на превенирање на пропаѓање на бродот Антикорупцијата има за цел да го направи општеството подобро место за живеење. Непотизмот и кронизмот во јавната админситрација само го успоруваат напредокот на јавните служби, но имаат и економски реперкусии“, рече амбасадорот Дирк Јан Коп.

Според него, Северна Македонија треба да погледне во сенката на проблемите или на оние проблеми кои се скриени:

„Во Грузија лично видов како тоа беше направено. Во сите градови имаше насекаде отворени места и кога доаѓате да извадите какви било документи, сите можат да се видат меѓусебе. Значи луѓето можат да ги видат јавните службеници и обратно. Ништо не се прави зад мали, скриени прозорчиња, туку се се прави на транспарентен начин, што помага да се намали корупцијата, но помага да се поврти и довербата на луѓето во јавната служба“.
 
 
 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png

zaednicki_vrednosti.png

 

 

 

audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Македонија е најкорумпирана во ...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
canwordmark_colour.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани