logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Вести arrow Повик за доставување на понуди - број на повик 03/2019

whistleblowers-mk.jpg

 

Повик за доставување на понуди - број на повик 03/2019 Испечати Е-пошта
23.11.2019   1.Назив и адреса на добавувачот

Добавувачот Транспаренси Интернешнл - Македонија (ТИ-М) со адреса на Наум Наумовски Борче бр. 58, 1000 Скопје, телефон за контакт 02/3217-000, електонска адреса Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , контакт лице Марија Сунчевска.

2. Предмет на набавка 
Предмет на договорот за доставување на понуди за спроведување на истражување во рамки на проектот: „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, клиентелизам и кронизам“. Детален опис на  предметот на договорот е даден во технички карактеристики.
 
3. Рок на  изведба и испорака
Носителот на набавката е должен предметот на набаваката да го испорача на барање на добавувачот согласно одредената динамика во временски период декември 2019 година – февруари 2020 година
 
 

Технички карактеристики на услугите

Носителот на набавката ќе биде обврзан за спроведување на:
- Да подготви прашалник и спроведе 200 интервјуа со лица од државни и јавни органи, јавни претпријатија, регулаторни тела, општини, приватни агенции за вработување и граѓани.
 
o Листа на институции, лица со кои би сакале да се спроведе интервјуто како и ориентациони прашања ќе биде доделена од страна на добавувачот  
 
- Спроведување на 4 фокус групи во градот Скопје (во просек по 8 учесници на фокус група/ структурата за тоа кој ќе учествува во фокус групите дополнително ќе се утврди)
 
- Спроведување на 7 фокус групи (во просек по 8 учесници на фокус група) по една во секој од преостанатите 7 региони во РС Македонија 
(Транскрипт од фокус групите и  анализа од дискусијата на фокус групите)
 
- Подготовка на извештај и анализа од каде ќе бидат вклучени главните наоди од истражувањето
 
- Подготовка на презентација со главните наоди од истражувањето.

4.Потребна придружна документација

За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:
 
- Понудувачот треба да е регистриран како правно лице за вршење на дејност поврзано со предметот на договорот за јавната набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. Носителот на набавката да достави придружна документација со која ќе го потврди досегашното искуства во спроведување на истражувања 
 
- Листа на претходно спроведени истражувања на тема добро управување и корупција, со референци од истражувањата (податоци за клиент, тип на истражување, големина на примерок и година на истражување)
 
- Листа на претходно спроведени општествени анкетни истражување (податоци за клиент, тип на истражување, големина на примерок и година на истражување)
 
- Целокупно портфолио на истражувачката куќа
 
- Тековна состојба
 
- Доказ за членство во ESOMAR
 
- Изјава дека ги исполнувате условите за учество на повикот
 
Посочените документи треба да бидат потпишани од овластеното лице на добавувачот.
 
5.Финансиска понуда

  Изразена во нето износ (без ДДВ) и бруто износ (со вклучен ДДВ) во МКД.

6.Критериум за доделување на договорот

Цена : 60%
Квалитет на понуда и претходно искуство : 40 %


7.Краен рок за поднесување на понудите 
 
Краен рок за доставување на понудите  е 10 декември 2019 година во 17 часот. Понудите доставени по утврдениот временски рок нема да се разгледуваат.  
 
Понудите треба да бидат доставени до Транспаренси Интернешнл-Македонија на адреса: Наум Наумовски Борче бр. 58, ПФ 270,  1000 Скопје. 
 
Понудите треба да бидат ставени во затворен плик, во горниот лев агол да пишува „Не отворај“.
 

* Ова истражување се спроведува во рамките на проектот „ Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам”, финансиски поддржан од грант на Амбасадата на Кралството Холандија.

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png

zaednicki_vrednosti.png

 

 

 

audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Македонија е најкорумпирана во ...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
canwordmark_colour.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани