logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Вести arrow Извештајот „Транснационални пипала - глобални жаришта на балканскиот организиран криминал“

whistleblowers-mk.jpg

 

Извештајот „Транснационални пипала - глобални жаришта на балканскиот организиран криминал“ Испечати Е-пошта
24.07.2020 Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОК) го објавува извештајот наречен „Транснационални пипала“ кој ги разоткрива глобалните жаришта на организираниот криминал во кој се вклучени групи од Западен Балкан.

Иако Западен Балкан често се претставува како жариште на недозволена активност, регионот е релативно мал пазар за организираниот криминал. Големите пари лежат на друго место. Овој извештај покажува зошто и како групите од Западен Балкан се вплеткал во организираниот криминал во странство, особено во Јужна Африка, Турција, Австралија, како и во некои земји од Латинска Америка и Западна Европа. 
 
 

За примерок од извештајот, кликнете овде.

 

 


Во повеќето жаришта, криминалните групи од Западен Балкан изминатите 20 години се искачувале по вредносниот синџир на организираниот криминал. Лица од мали гратчиња од Западен Балкан сега организираат испорака на повеќе тонски пратки кокаин од џунглите на Латинска Америка преку некои од најпрометните пристаништа во Европа, сè до улиците на нејзините главни градови. Морнари од мали балкански пристаништа користат јахти за да испорачаат дрога до Јужна Африка или Австралија, или за да шверцуваат мигранти од Турција до Западна Европа. 

Кокаинот е една од најпрофитабилните стоки за криминалците од Западен Балкан. Извештајот покажува како групите од регионот се вклучени во финансирањето, превозот и дистрибуцијата на големи количества кокаин испорачан од Јужна Америка до Европа. Добрите зделки со локалните криминални групи, како и пристапот до кокаин на самиот извор, во комбинација со нивното присуство во поголемите европски пристанишни градови, значи дека криминалните групи од Западен Балкан се во можност да го контролираат снабдувањето со кокаин од крај - до крај. Ова им овозможува да ги намалат цените при што заштедата им ја оставаат на потрошувачите, да испорачаат добар квалитет по фер цена, и на тој начин да ја нокаутираа конкуренцијата. 
Благодарение на овој бизнис-модел, некои криминални групи од Западен Балкан сега се во премиер-лигата на криминалот. 

Извештајот покажува дека криминалните групи од Западен Балкан кои оперираат во странство се модерни, динамични и со претприемачки дух. Покажале способност да се прилагодуваат, да воведуваат иновации и да користат технологија за остварување на своите цели: на пример, користење енкриптирани форми на комуникација; истражување нови рути и средства за недозволена трговија, како на пример „нарко-авиони“; и перење на парите преку криптовалути, оф-шор засолништа и во своите матични земји. 

Повеќето криминални групи од Западен Балкан имаат тенденција дискретно и ефикасно да оперираат во глобалните жаришта, и покрај нивната озлогласеност поради насилство. Поголемиот дел од насилството помеѓу групите се чини дека е поврзано со израмнување на стари долгови, или во сопствените редови, или меѓу ривали.

Извештајот сугерира дека не постои единствен „Балкански картел“ сам по себе, иако групите од регионот понекогаш соработуваат, а има и примери на мултиетнички групи. 

Иако проблемот со организираниот криминал од Западен Балкан е во голема мера преселен во странство, активностите на овие криминални групи штетат на угледот на нивните матични земји, особено во процесот на пристапување кон ЕУ. Извештајот исто така истакнува дека некои од латентните услови на ранливост кои довеле до тоа луѓето да си одат од Западен Балкан во минатото сè уште постојат – имено, невработеноста, корупцијата, недостатокот на можности, револтот кон сопствените влади и бавниот процес на пристапување кон ЕУ. Извештајот предупредува дека „доколку овие состојби не се средат, маса на млади луѓе од Западен Балкан или од дијаспората и понатаму ќе биде подготвена да ризикува живот да го помине во криминал“. 
Извештајот апелира за по делотворна соработка помеѓу органите на прогонот, следење и заплена на средства, како и споделување информации, особено затоа што сторителите често користат повеќе идентитети. Исто така ја истакнува потребата од намалување на побарувачката за стоките и услугите што ги обезбедуваат криминалните групи од Западен Балкан. Како што се вели во извештајот, „додека некои критичари и дел од медиумите се расположени да креваат тревога околу криминалните групи од Западен Балкан, малкумина го посочуваат и тоа дека тие всушност се службата за испорака на недозволените пазари во Западна Европа“.
 
„Транснационални пипала: Глобални жаришта на организираниот криминал со потекло од Балканот“ е производ на Опсерваторијата на граѓанското општество за борба против организираниот криминал во Југоисточна Европа (ЈИЕ-Опс) на Глобалната иницијатива. Се базира на податоци, информации и анализи собрани и споделени од страна на актерите на граѓанското општество ширум Западен Балкан, како и експерти (особено истражувачки новинари) во земјите каде што се активни криминалните групи од Западен Балкан.



За Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал
 
Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал е непрофитна меѓународна организација која се состои од мрежа од повеќе од 300 независни глобални и регионални експерти. ГИ-ТОК има за цел да отвори нови правци на анализа за да изготви креативни решенија како одговор на предизвиците на организираниот криминал, и да послужи како платформа за размена и соработка помеѓу владите, граѓанското општество, истражувачите, приватниот сектор и другите чинители. Основана во 2013 година со седиште во Женева, Глобалната Иницијатива има претставништва на секој континент. (Повеќе информации: globalinitiative.net). 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png

zaednicki_vrednosti.png

 

 

 

audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Македонија е најкорумпирана во ...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
canwordmark_colour.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани