logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Вести arrow Намалените глоби во законот за укажувачи ќе донесат уште послаба негова примена

whistleblowers-mk.jpg

 

Намалените глоби во законот за укажувачи ќе донесат уште послаба негова примена Испечати Е-пошта
07.12.2020 Со усвојување на Законот за изменување на Законот за заштита на укажувачи, објавен во Службен весник на РСМ бр. 257 од 29.10.2020 година, се извршија измени  во прекршочите одредби на законот за заштита на укажувачи со тоа што глобите за одговорни лица во правни лица и за правните лица се значително намалени. На овој начин законодавецот наместо да покаже заложба за подобрување на примената на овој закон и да обезбеди соодветни ресурси и буџет, ја олеснува неговата непримена и непочитување на начин што ќе го загрози идентитетот на укажувачите и целисходноста на постоењето на овој закон.  Наместо намалување на глобите, законодавецот треба да ја искористи законски предвидената можност од Законот за прекршоците, за одредени прекршоци да мора и да може да се изрекуваат и повисоки глоби. Оваа можност треба да се однесува и на одредбите на антикорупциските закони како што е законот за укажувачи.
 
 “Со намалени глоби се овозможува и понатаму да не функционира системот, бидејќи полесно ќе биде да се платат казните, отколку да се расчисти состојбата, односно да се сносат последиците ако станува збор за незаконити дејства. Законот и досега имаше слаба или незначителна примена за да може да се оцени дали нешто треба да се менува во него. Прво требаше да се настојува сите институции да воспостават систем на пријавување од страна на укажувачи, а потоа да се види како тој систем функционира и дали има потреба од некаква интервенција во законот. Вака уште повеќе само се дерогира неговото значење и потребата од примена” , изјави Слаѓана Тасева – претседател на ТИ Македонија.
 
 

При тоа висината на глобите за правните лица се димензионирани во сооднос со големината на трговецот и институцијата од јавниот сектор пресметано според бројот на  вработени, при што глобите за некои прекршоци се драстично намалени. Со измените во Законот, исто така, има драстично намалување на глобите и, за овластените лица во правните лица, во приватниот и јавниот сектор, задолжени да ги примат пријавите на укажувачите, да постапат по нив, како и да го заштитат нивниот идентитет, нивните права од работниот однос и нивната безбедност: наместо од 2.000 до 4.000 евра, како досега, со измените глобата треба се движи од 250 до 500 евра.
 
Предвидените глоби за правните лица се намалени за повеќе од половина. Глобите што беа предвидени за необјавување и правење на достапни за сите вработени на актите за внатрешно пријавување во приватниот и јавниот сектор со законските измени се намалени и се движат од 250 до 2000 евра казна како максимална која важи за големи трговци и институција со повеќе од 50 вработени лица. Пред измените казните се движеа од 2000 до 4000 евра без оглед на големината и бројот на вработени во правното лице од јавниот или приватниот сектор. Исто така казните за непочитување на одредбите за заштита на податоците на пријавувачот врз основа на кои може да се открие неговиот идентитетот, глобите за правните лица со законските измени се градирани во однос на големината на правното лице според бројот на вработени, а казните за овластените лица за прием на пријави од укажувачи изнесуваат 500 евра.
 
Големината на корупцијата и борбата против неа не зависи од големината на субјектите. Укажувачите како важна алка во борбата против корупцијата се еднакво значајни без оглед на големината и бројот на вработени на институцијата или трговецот каде тие работат или соработуваат. Обврската за заштита на укажувачите треба да важи подеднакво за сите. 
 
Нелогични се измените во членот 20 каде се предвидени глоби за непостапување по пријава на укажувач од страна на институциите задолжени за  заштитено надворешно пријавување. Глобата за непостапување на овие институции во законскот рок изнесуваше 6.000 евра. Сега висината на овие глоби е рангирана според големината на субјектот што навистина не соодветствува со целите на законот каде како субјектите односно органите задолжени за заштитено надоврешно пријавување се Државната   комисија   за   спречување   на   корупцијата,   Народниот правобранител   на   Република   Македонија,   Инспекцискиот   совет,   Министерството   за внатрешни работи и до Јавното обвинителство на Република Македонија. 
 
Глобите пак за неподнесување на извештаи до ДКСК од страна на институциите задолжени за прием на пријави од укажувачи од заштитено внатрешно и заштитено надворешно пријавување со измените се движат од 1000 до 4000 евра. Пред законските измени оваа глоба изнесуваше 4000 евра. 
 
Со Законот за прекршоци (Службен весник бр.96 од 17.05.2019 година) се воведува неколкукратно намалување на висината на глобите преку утврдување на точен распон на висината на прекршочните глоби и усогласување на сите материјални закони во правец на нивно усогласување со предвидената висина на глобите во Законот за прекршоците.  Сепак, како што е оставена можност за одредени прекршоци да мора и да може да се изрекуваат и повисоки глоби, би требало таа можност да се однесува и на одредбите на антикорупциските закони како што е законот за укажувачи.
 
 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png

zaednicki_vrednosti.png

 

 

 

audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Македонија е најкорумпирана во ...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
canwordmark_colour.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани