Истражувачка сторија: Борба против корупција без ресурси |
![]() |
![]() |
Системот за борба против корупцијата во Северна Македонија, со преполовени ресурси. Недоволно стручни лица, недоволна опрема, недоволно кадри, несоодветен простор. На крај резултатите се поразувачки
02.02.2021 Систем за борба против корупцијата во Р.С. Македонија, со преполовени ресурси. Недоволно стручни лица, недоволна опрема, недоволно кадри, несоодветен простор. На крај резултатите се поразувачки. Превработеност. Ова е првиот атрибут што ја „краси“ администрацијата. Илјадници луѓе се појавуваат како вишок во истата. И тоа го покажуваат податоците на Министерството за информатичко општество и администрација.
Во оваа истражување се соочивме со спротивна реалност. Вработени фалат насекаде. Фокус на истражувањето ни беа неколку институции кои се дел или индиректно се поврзани со системот за борба против корупција. Немаше институција која не пријави дека и фали персонал. Од технички персонал па до високо стручен персонал.
Оваа сторија е подготвена во рамките на проектот: „Јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата“. Проектот е поддржан од УСАИД преку Проектот за граѓанско учество.
|
< Претходно | Следно > |
---|