logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Вести arrow Соопштение за медиумите

whistleblowers-mk.jpg

 

Соопштение за медиумите Испечати Е-пошта
Настан: Промоција на тримесечен Извештај од мониторингот над спроведување на препораките од проектот: „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“
Место: Онлајн настан
Време: 11 февруари 2021, во 13.00 часот
Институција: Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во соработка со МИОА и НВО Тарнспаренси Интернешнл Македонија (ТИ-М)

ТИ-М  во партнерство со ДКСК, МИОА и финансиска  поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија, во периодот октомври - декември 2020 година спроведен мониторинг и евалуација над активностите на Владата кои се опфатени со препораките наведени во Финалниот извештај од проектот објавен во септември 2020 година. 
 
Презентацијата и препораките можете да ги погледнете:
 
 
 
 

За овој тримесечен период од страна на ТИ-М е изготвен Извештај во кој се наведени активностите кои надлежните институции ги преземаа во однос на имплементација на препораките. 
 
Целта на овој мониторинг е да се воспостави континуитет во следење на спроведување на препораките, да се согледа на кој начин надлежните институции ги прифатија наодите во Извештајот и кои мерки и активности се преземаат од институциите.
 
Со мониторингот се опфатени –сите 40 препораки, со наведени 147 активности. И покрај, тоа што во препораките е предложен подолг период за целосно спроведување на препораките, кај повеќето тоа е период од една година, сепак ние во овој период од три месеци извршивме следење на дел од активностите кои надлежните институции ги преземаа, а кои се однесуваат или може да влијаат на спроведувањето на препораките. 
 
Мониторингот е спроведен на основа на анализа на јавни извори на податоци како што се:
 
1. Соопштенијата од Службен весник на Република Северна Македонија -  со цел да го следиме донесувањето на новите закони, но и измената и дополнувањата на постоечките закони.
2. Соопштенија и документи објавени на веб страната на Електронски национален регистар на прописи на Република Северна Македонија (ЕНЕР) – со цел да ги следиме новините кои се предлагаат во однос на легислативните решенија.
3.  Огласи за вработувања во јавниот сектор објавени на веб страната на Агенција за администрација (АА) – со цел да се согледа бројот на вработувањата во јавниот сектор, условите кои се бараат од кандидатите и платите кои се предвидуваат за соодветни работни места.
4.  Соопштенија објавувани од страната на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) – со цел да се следат најновите случувања во клучната институција надлежна за човечките ресурси во јавниот сектор и активностите кои се предлагаат и преземаат.
5. Соопштенија и одлуки објавени на веб страната на Владата на Република Северна Македонија – за да се согледа дали постои политичката волја за спроведување на препораките, координацијата и соработката помеѓу институциите и мерките и активностите кои се предлагаат и преземаат.

Резултатите од мониторингот покажаа:
1. Во овој период од три месеци Владата и МИОА веднаш почнаа да преземаат дел од активностите за исполнување на препораките. Мерката што е преземена е објавување на почетокот за изготвување на нови закони, како што е подготовка на предлог Закон за вработените во јавниот сектор и Предлог - Закон за административни службеници. Исто така, предвидено е и донесување на Закон за плати во јавниот сектор. Како индикатори за почнатите активности се сметаат и донесениот Етички кодекс за функционерите, како и одржаната седница на Советот за реформи во јавната администрација на која е донесен заклучок за засилено спроведување на проект за реорганизација на администрација.
2. Нивото на спроведување на препораките сеуште е многу ниско, што е очекувано со оглед на краткиот временски период. Сепак, нотирани се веќе преземените претходни активности, од типот на состаноци, координација и предлагање на мерки за начинот на реализација.

Генерална оценка: 
Од вкупниот број на препораки 47% се спроведени делумно, додека 53% не се спроведени.

Највисоко ниво на почеток на спроведување на препораките е застапено кај препораките во првата група, од кои во првиот квартал делумно реализацијата започнала кај 74%. 
 
Во втората група делумно започнало спроведувањето на 25% на препораките; во третата група спроведувањето започнало кај 50% од препораките, додека во четвртата група на препораки 15% од препораките започнале со спроведување. 
 
Генералниот заклучок е дека постои политичка волја за остварување на препораките, но за да може да постојат конкретни видливи резултати институциите мора да се координираат и со заедничка соработка да преземаат конкретни мерки за доследна имплементација на препораките. Ова е еден долг и комплексен процес, од кој импактот треба да биде позитивен и за институциите и за граѓаните, а воедно непосредно се одразува и на намалување на корупцијата во постапките за пополнување на работните места. Факт е дека реформите во јавната администрација се долг процес кој зависи од бројни фактори, но факт е и дека само квалитетна јавна администрација, во која вработените и функционерите се избираат на транспарентен начин, без можност за влијание на непотизмот, клиемтелизмот и кронизмот може да даде видливи резултати. Затоа, што поскоро е потребно исполнување на овие препораки.
 
Надлежните институции треба да продолжат и да се заложат заедно и координирано да работат на делотворно спроведување на препораките и во координирано следење на нивното спроведување. 
 
Во таа насока можат да се создадат работни групи за изнаоѓање на   решенија за спроведување на препораките, кои директно и непосредно ќе се преземаат од страна на надлежни чинители, а со тоа и ќе се одразат на квалитетот на работата на јавните органи во сферата на анализираните области. 
На тој начин исто така ќе се обезбеди поголемо разбирање за очекуваните промени и организиран пристап во спроведување на препораките, што ќе создаде услови за подобрување на состојбите во сферата на вработувањата.
 
Тоа како краен  ефект може да придонесе кон создавање на ефикасни и ефективни јавни органи и зајакнување на  професионализацијата и интегритетот на административните службеници, што директно се очекува да влијае и на намалување на можноста од корумптивни влијанија во постапките за пополнување на работните места.
 
Во насока на натамошно организирано и ефективно следење на спроведувањето на овие препораки надлежните институции треба да се задолжат навреме да ја известуваат ДКСК за преземените дејствија кои се поврзани со препораките и активностите. 
 

Линк на настанот: https://zoom.us/j/91392783802?pwd=TlFZY2JFcU1ENDFoSzVQK1ZDYzZyZz09
 
За сите дополнителни прашања: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png

zaednicki_vrednosti.png

 

 

 

audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Македонија е најкорумпирана во ...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
canwordmark_colour.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани