logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Коментари arrow Темата е погодена, но каде е центарот?
whistleblowers.jpg
Темата е погодена, но каде е центарот? Испечати Е-пошта

 04.06.2007  „Еднаков третман пред законот е столб на демократските општества. Кога судовите се корумпирани од алчност или погодување на политиката, правдата е загрозена и страдаат обичните граѓани“. Со овие зборови претседателот на Транспаренцѕ интернатионал, г-ѓа Хугет Лабел, деновиве го промовира Глобалниот извештај за корупцијата, кој се објавува редовно секоја година. Тема на годинешното издание беше корупцијата во судството.


Темите што ги обработува Глобалниот извештај редовно се утврдуваат на годишните состаноци на членките на ТИ и тие најчесто претставуваат одраз на проблемите со кои се соочуваат најголем број од нив. Во досегашната шестгодишна практика на објавување, извештајот ги обработувал темите како што се: пристапот до информации, политичката корупција, корупцијата во градежништвото во постконфликтните региони, корупцијата во здравството и најновото издание, корупцијата во судството. 
 

 Секогаш досега, при објавувањето на најновото издание на Глобалниот извештај за корупцијата, ја користев можноста да заклучам дека тој со својата актуелност редовно задира во суштината на проблемот со корупцијата во Р. Македонија. Така е и денес, кога справувањето со проблемот на корупцијата во судството стана прерогатив за нашата иднина. За владеење на правото, за развојот на демократијата, за економскиот развој, за влез во НАТО и Европската Унија. Многу клучни сегменти од кои очекуваме значително да ја изменат и подобрат нашата иднина зависат од тоа како и дали нашето судство ќе успее да си го поврати сопствениот углед. Прашањето се однесува на независноста и интегритетот на секој сегмент и секој поединец вклучени во она што кај нас збирно се нарекува правосуден систем. Тука секако се и јавните обвинители и адвокатите, па дури и јавниот правобранител, како институција што треба да го заштити државниот интерес.

  
Малобројните истражувања што се направени досега кај нас покажаа дека судството спаѓа во групата на најкорумпираните сектори. Но она што не треба да се губи од вид и да се занемари е и прашањето зошто е тоа така?
При подготвувањето на новата државна програма за превенција и репресија на корупцијата, која деновиве е усвоена од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата и доставена до Владата, во столбот правосудство се издиференцирани неколку клучни проблеми: надворешното влијание во процесите и во носењето на одлуките на судиите, јавните обвинители и јавните правобранители, дополнето со недостиг од професионализам на судиите; непостоење на систем за оцена на работата на судиите и јавните обвинители, дополнето со несоодветни услови за работа и плати; недоволна транспарентност во судскиот систем, како резултат на недоволно објавување информации и непостоење на унифицирана методологија за собирање податоци, извештаи за менаџирање со конкретни предмети и информации за ефикасноста; недоволно постапување на државните институции по барање на правосудните органи, како и недоволна имплементација на контролни механизми во правосудството во случај на злоупотреба на постапувањата.


Повеќепати досега, вклучително и со Програмата за превенција и репресија на корупцијата усвоена во 2003 година, сме констатирале дека овој столб е најзначаен во системот за национален интегритет на Република Македонија. За негово зацврстување по тригодишно одбивање се направија потребните амандмани на Уставот, се донесоа Законот за Републичкиот судски совет и Законот за судовите, со што се пристапи кон неопходните реформи. И тука работата како да застана. Сега веќе на површина излегуваат сите слабости, кои се надоврзуваат со другите исто така слаби столбови на системот. Слабото спроведување на законите, не само во судството туку и во администрацијата, како резултат на високата политизација; зависноста на медиумите од политиката и нивното влијание над судството; зависноста на економијата од влијанието на политиката, влијанието на олигархијата над политиката и судството...

Транспарентноста и политичката корупција со право беа теми првите две тематски изданија на Глобалниот извештај за корупцијата на ТИ. Во овие две прашања, а пред се во прашањето за транспарентноста на финансирањето на политичките партии и изборни кампањи, се кријат решенијата на многу од проблемите на судството. И не само на него. Ефикасна јавна администрација, ефикасни, професионални и неселективни служби за спроведување на законите, независни медиуми и граѓански сектор, еднакви услови за развој на економијата.

Деновиве додека ние ги сумираме резултатите од примената на Законот за слободен пристап до информации и се обидуваме да воспоставиме функционално (право)судство, политичките центри ги доведуваат под прашање сите достигнати придобивки. Сите тие настапувајќи од своите политички интереси тегнат на своја страна, заборавајќи на стратегиските национални интереси. Така тегнејќи, сите ги ставаат во функција сопствените сили, кои пак тегнат и растураат од внатре. Највисоките чинители на власта, како и судиите и обвинителите - меѓусебно се опструираат; полицијата на моменти дејствува некоординирано, вработените во администрацијата бегаат од прашањата што ги поставуваат граѓаните и новинарите. Во вакви услови дипломатите ги даваат познатите изјави, медиумите известуваат по веќе познатите шаблони, а сите заедно настојуваат да го задушат преостанатиот активен невладин сектор.
Затоа нема кој да направи прес-конференција и да ја извести јавноста за Глобалниот извештај за корупцијата. Центарот во наши услови се уште е во политиката и нејзиното влијание, кое од системот за национален интегритет направи самоподдржувачки систем за егзистирање на корупцијата. За да може овој систем да се разбие, неопходни се независни медиуми, силни невладини организации и слободни граѓани, кои ќе можат да го кажат своето мислење и во времето помеѓу изборите. Сето ова, заедно со обезбедување на независноста и интегритетот на судската власт и на сите во неа поединечно, ќе може да го преврти центарот во насока на граѓанинот. Како највисока уставна категорија во нашата млада независна држава .


 Доц. д-р Слаѓана Тасева 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани