logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Коментари arrow Мислење на експертскиот тим на ТНК по претставка
whistleblowers.jpg
Мислење на експертскиот тим на ТНК по претставка Испечати Е-пошта
 logo_eng_jpg

09.10.2007  Мислење на експертскиот тим на Транспарентност - Нулта корупција,по претставка во врска со јавно надавање за отуѓување на градежното земјиште лоцирано зад трговскиот центар Рамстор, сопственост на Република Македонија, наменето за изградба на хотел.

 

На 14. 09. 2007 година политичката партија СДСМ  до ТРАНСПАРЕНТНОСТ - НУЛТА КОРУПЦИЈА достави претставка во врска јавно надавање спроведено од Министерството за транспорт и врски, за отуѓување на градежното земјиште лоцирано зад трговскиот центар Рамстор, сопственост на Република Македонија, наменето за изградба на хотел.

Врз основа на член 4 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со писмо број 0302-123 од 17.09.2007 година Транспрентност - Нулта корупција се обрати до Министерството за транспорт и врски со барање да бидат доставени или да бидат достапни документи и информации кои се однесуваат на јавното наддавање за отуѓување на градежното земјиште лоцирано зад трговскиот центар Рамстор, сопственост на Република Македонија, наменето за изградба на хотел.

 

На 28.09.2007 и на 05.10.2007 година добиен е писмен одговор од Министерството за транспорт и врски под број 02-11457/1 заедно со текст на објавата за јавно наддавање за оттуѓување градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на хотел, копии на објавата од весници, мислење од Јавното Правобранителство на Република Македонија, пријава за учество на јавното наддавање, записник од одржано јавно наддавање и информација од Комисијата за јавно наддавање доставена до Министерот за транспорт и врски со предлог министерот да склучи договор за отуѓување на градежното земјиште предмет на јавното наддавање со најповолниот понудувач Друштвото за хотелиерство ХЛХ МАЦ ЛЛП ДООЕЛ Скопје.

 

Врз основа на добиените материјали, ТРАНСПАРЕНТНОСТ - НУЛТА КОРУПЦИЈА  го даде следното мислење:

 

Отуѓувањето на градежното земјиште во сопственост на Република Македонија е уредено со Законот за градежното земјиште (,,Службен весник на РМ,, бр.53/2001и 97/2001) и со Уредбата за начинот и постапката на отуѓувањето, давањето под закуп и висината на посебните трошоци на постапките за отуѓувањето и давањето под закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија (,,Службен весник на РМ,, бр.79/2001, 103/2001, 38/2002, 51/2003, 95/2004, 87/2005 и април/2006”).

 

Постапката за отуѓувањето на градежното земјиште лоцирано во непосредна близина на трговскиот центар Рамстор е водена согласно погоре наведените прописи, при што се направени повеќе повреди на истите.

 

Согласно делот од објавата кој се однесува на правото на учество, понудувачот ’Друштво за хотелиерство ХЛХ МАЦ ЛЛП ДООЕЛ Скопје", требало да биде исклучен од јавното наддавање.

 

Во прилог е интегралното мислење на експертскиот тим на ТРАНСПАРЕНТНОСТ - НУЛТА КОРУПЦИЈА

 

pdf ИНТЕГРАЛНО МИСЛЕЊЕ НА ТНК ПО ПРЕТСТАВКА  176.98 Kb

 

 

 
 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани