logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Бистро/Матно arrow Барометар на корупција за месец Октомври 2007 г.

whistleblowers-mk.jpg

 

Барометар на корупција за месец Октомври 2007 г. Испечати Е-пошта

bistromatno

14.11.2007 Помилувањето на Александар Верушевски од страна на претседателот Бранко Црвенковски е најматен, а спречување на продажбата на ТЕЦ Неготино е најбистар настан во октомври во Македонија.

            Ова го решија главните уредници на 17 највлијателни печатени и електронски медиуми во Македонија, во анкетата „Бистро-Матно“ на независната новинска агенција Макфакс и невладината организација Транспарентност–Нулта корупција.

 

Комисијата за помилување на осудени лица донесе одлука која две недели подоцна ја потпиша и претседателот Бранко Црвенковски, за помилување на Александар Верушевски.

            Комисијата и Претседателот, одлуката ја образложија со потребата за лекување на Верушевски. Сепак, со оглед на претходните случувања во врска со овој случај и фактот дека станува збор за лице кое извршило поголем број кривични дела, а имајќи ја предвид поврзаноста на таткото на осуденото лице со Претседателот, одлуката на претседателот Црвенковски може да се третира како матна.

            Ова образложение го поддржаа 13 од 17 главни уредници, кои доделија 12,5 гласови, со што, помилувањето на Алкесандар Верушевски во проектот „Барометар на корупција“ стана најматен настан во минатиот месец.

 

            Со 13,5 гласови, најбистар настан е спречувањето на потпишувањето на договор за продажба на термоцентралата „Неготино“.

Македонската Влада нема да го потпише договорот за продажба нa ТЕЦ Неготино со конзорциумот Хач, кој победи на тендерот, бидејќи не ги исполнил сите услови. Конзорциумот, составен од четири компании, беше обврзан да достави полномошно за секоја членка, со што секоја одделно би одговарала со правата и обврските за потпишување на договорот, односно да гарантира за исполнување на договорот, рече Ставревски, додавајќи дека наместо тоа, било доставено полномошно само за еден член на конзорциумот“.

Потсетуваме дека Случајот „Хач“ во анкетата „Бистро- Матно“ беше избран за најматен настан за септември.

Анкетата „Бистро - Матно“, во која учествуваат главни уредници на национални медиуми, како дел од борбата против корупцијата се спроведува од декември 2004. година.  

Во анкетата за октомври учествуваа телевизиите МТВ, А1, Канал 5 Телма, радио Канал 77, дневните весници Бизнис, Вест, Време, Дневник, Лајм, Утрински весник, интернет весникот Лоби, неделниците Глобус, Капитал и Фокус.

 
 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png

zaednicki_vrednosti.png

 

 

 

audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Македонија е најкорумпирана во ...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
canwordmark_colour.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани