logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Бистро/Матно arrow Барометар на корупција за месец Ноември 2007 г.

whistleblowers-mk.jpg

 

Барометар на корупција за месец Ноември 2007 г. Испечати Е-пошта
bistromatno
09.12.2007 Условните казни за полициските специјалци који ја демолираа дискотеката „Процес“ е најматен, а увидот во Катастарот најпозитвен настан во ноември годинава.

Ова се ставови на главни уредници во 18 највлијателни печатени и електронски медиуми во Македонија искажани во анкетата „Бистро - Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација “Транспарентност - Нулта корупција“.

Во „силна конкуренција“ на негативни настани во ноември најматен, со 7 гласа, е условната казна од една година за 30 припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). Тие условно се осудени иако извршија брутално насилството и упад во скопската дискотека „Процес“, при што го демолираа инвентарот и претепаа двајца припадници на обезбедувањето, во декември лани.
Иако мина речиси една година нападот остана во меморијата на јавноста, како поради бруталноста со која е извршен, уште повеќе поради фактот што припадници на елитна полициска единица влегуваат во приватна пресметка, правејќи го небезбеден животот на граѓаните. За бруталноста на полициските специјалци ќе остане забележано и дека немаше санкции во Министерството за внатрешни работи (МВР). Дисциплинска постапка не е покрената бидејќи бил испуштен рокот и случајот застарел.

Случајот со гувернерот на Народна банка на Македонија (НБМ) Петар Гошев е на второ место на листата на најматни настани со 5 гласа. Тој купил земјише во Гевгелиско на атрактивна локација при што има судир на интереси. Земјиштето е купено од фирмата „3М“ на која под притисок на гувернерот Гошев „Македонска банка“ и отпишала долг од 250.000 евра, тврдат членови на управниот одбор на банката.
Земјиште од 9.100 квадратни метри, во близина на граничниот премин Богородица на атрактивна локација позната како македонски Лас Вегас, е купено за 5.000 евра.

На трето место на матната листа со 4 гласа се економскиот промотор на Владата Ферки Демировски и неговиот шеф, министерот без ресор Глигор Ташковиќ. Против нив британскиот инвеститор Мајкл Сандерс поднесе кривични пријави. Тој сакал да купи земјиште во индустриска зона во близина на автопат и железница, но тврди дека бил доведен во заблуда од Демировски и Ташковиќ кои му зеле и провизија.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија и целосниот и досега невиден и незапаемтен крах на Меѓународниот тендер за лекови што го организира се на последното четврто место на листата на матни настани со два гласа.

Неофицијално сите 25 фирми колку што се квалификувале на тендерот за лекови, поднеле жалби до Владината второстепена комисија. Последици на крахот на тендерот се пациенти без лекови и ново одлагање на позитивна листа на која пациентите чекаат повеќе од три години.

Најбистар настан во ноември е увидот во документите со кои располага Државниот завод за геодетски работи, преку веб-портал. За 11 главни уредници овој потег на Катастарот е најпозитивен. Податоците од Катастарот сега им се достапни на граѓаните од подрачјето на Скопје, а од почетокот на идната година и за другите градови.

Полициската акција наречена „Змиско око“ во која беше откриена корупција и присвојување на околу 5 милиони евра е на второ место на бистрите настани со 7 гласа.

Во полициска акција беа приведени раководители на смени, контролори и инкасанти од наплатните рампи на патарините кон Тетово, Велес и Куманово. Откриена е голема коруптивна мрежа, а во полициската акција наплатните рампи тајно биле снимани уште од април годинава.

Анкетата „Бистро - Матно“, во која учествуваат главни уредници на национални медиуми, како дел од борбата против корупцијата, се спроведува од декември 2004. година.

Во анкетата за ноември учествуваа телевизиите МТВ, А1, Канал 5, Сител ,Телма Алсат М, радио Канал 77, дневните весници Бизнис, Вечер, Вест, Време, Дневник, Лајм, Утрински весник, интернет весникот Лоби, неделниците Глобус, Капитал и Фокус.
 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png

zaednicki_vrednosti.png

 

 

 

audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Македонија е најкорумпирана во ...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
canwordmark_colour.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани