logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Бистро/Матно arrow Барометар на корупција за месец Декември 2007 г.

whistleblowers-mk.jpg

 

Барометар на корупција за месец Декември 2007 г. Испечати Е-пошта
bistromatno
 
07.01.2008 Предлог законот за енергетика е најматен, а правосилната пресуда за Владислав Тамбурковски, најбистар настан во декември 2007 година.Ова е оценка на главните уредници во 18 највлијателни печатени и електронски медиуми во Македонија, во анкетата „Бистро - Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност - Нулта корупција“.
 
 
Најматен настан во декември, според 7 главни уредници, е новиот енергетски концепт кој го предлагаат македонските власти, за што сериозна загриженост изрази Европската Комисија (ЕК). Брисел смета дека од државните електрани ЕЛЕМ се создава големопродажен монопол, што е во директна спротивност со европските закони.
ЕК ги покани македонските власти во јануари во Брисел со цел детално да ги образложат аргументите за новиот Закон за енергетика. Реакција стигна и од македонската јавност и невладини организации, кои обвинија дека Предлог законот за енергетика е донесен крајно нетранспарентно, без јавна расправа, а содржи одредби со кои во фаворизирана положба се ставаат одделни субјекти.

На второ место на листата најматни настани во декември, со 5 гласа се најде случајот со градоначалникот на Богданци Ѓорѓи Петрушев, кој не се повлекува од функцијата, иако е осуден на две години затвор условно. Пресудата станала правосилна на 18 октомври и со тоа, според законот за локална самоуправа, автоматски му престанал мандатот на Петрушев.
Со четири гласа на трето место е необјавувањето на податоци од страна на функционерите, за тоа каде и колку поседуваат акции. Функционери се должни да пријават не само колку акции имаат, туку и нивната вредност, во која фирма ги поседуваат посочените акции, како и поврзаност со други фирми. Случајот се актуелизира откако опозицијата објави дека директорот на УБК, Сашо Мијалков, во анкетниот лист, кој го објавил со задоцнување од девет месеци, навел дека поседува и акции во вредност од 300.000 евра, без да е посочено во кои фирми.

Два гласа доби случајот Бекир Исеини, кој наместо да биде испратен во пензија, без образложение избран е уште една година да ја врши функцијата претседател на Судскиот совет.

Најбистар настан во декември 2007 година, со 11 гласа, е одлуката на Скопскиот Апелациски суд со која ја потврди пресудата за Владислав Тамбурковски. Ова е прва пресуда за поранешниот стечаен управник која станува правосилна, a според која тој треба да одлежи во затвор пет години. Останува надлежните да ја спроведат постапката и во рамки на процедурите за меѓународна правна помош и ратификуваните меѓународни договори и конвенции да побараат “професорот по стечај” да ја издржи својата правосилна казна во неговата држава.

Довербата во Владата за борба против корупцијата со седум гласа е на второ место од најбистри настани за месец декември. Глобалниот барометар на корупцијата 2007 објавен од Transparency International, опфати над 63.000 граѓани од 60 држави, од кои 1.300 граѓани на Македонија. Она поради што објавените резултати може да се сметаат за позитивни е високата доверба на 61 процент од испитаниците во напорите на Владата за борбата против корупцијата.

Анкетата „Бистро - Матно“, во која учествуваат главни уредници на национални медиуми, како дел од борбата против корупцијата се спроведува од декември 2004. година. Во анкетата за август учествуваа телевизиите МТВ, А1, Сител ,Телма, Канал 5, Алсат радио Канал 77, дневните весници Бизнис, Вечер, Вест, Време, Дневник, Лајм, Утрински весник, интернет весникот Лоби, неделниците Глобус, Капитал и Фокус.
 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png

zaednicki_vrednosti.png

 

 

 

audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Македонија е најкорумпирана во ...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
canwordmark_colour.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани