logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Бистро/Матно arrow Барометар на корупција за месец мај 2008

whistleblowers-mk.jpg

 

Барометар на корупција за месец мај 2008 Испечати Е-пошта
bistromatno 08.06.2008 Серијата изборни неправилности, на кои укажа и антикорупциската комисија и пресудата за клевета на Основниот суд во Велес изречена за новинар се најматни настани во мај.Најбистри се апсењето на даночен инспектор за мито и затворската казна за сопственикот на фирмата „Арарат“ за перење пари.Ова е оценката на 18 главни уредници на печатени и електронски медиуми во Македонија, во анкетата „Бистро - Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност - нулта корупција“.
 
Антикорупциската комисија соопшти дека во врска со изборите постапуваше по неколку десетици случаи на државни и јавни институции. Најчесто стануваше збор за вработувања, отуѓување државен капитал и земјиште и ненаменско користење буџетски средства. Во овие области не смеат да се преземаат дејствија за време на изборната кампања.

Шест гласа доби и пресудата за клевета на Основниот суд во Велес за новинарот Стоилко Андреевски. Дописникот на „Вечер“ по само едно одржано рочиште, беше осуден за текстот „Чедо Петров ја купува велешка Топилница?". Тужба поднесе Петров, затоа што новинарот објавил дека тој стои зад фирмата која повторно ја купува топилницата. Таа информација била соопштена на прес-конференција од членови на еколошки организации и така е пренесена.

На второ место на листата најматни настани во мај со пет гласа е не плаќањето патарина од страна на партиски активисти. Медиумите регистрираа најмалку два случаи кога колони возила со партиски активисти на ДПА и ДУИ упатени на митинзи за време на изборната кампања не платија патарина на патот Скопје-Тетово. Истовремено токму за неплатени патарини се водат судски и истражни постапки (Змиско око) против околу 90 вработени во патарините.

На листата на бистри настани два предлога го делат првото место со по 8 гласа.

Инспекторот на УЈП Љупчо Паневски полицијата го уапси со 5.000 евра - мито за изготвување финансиски извештај за скопската фирма „Каска транс“. Според полицијата, инспекторот првично за обработка на извештајот побарал 10.000 евра.

Сопственикот на фирмата „Арарат“, Миодраг Марковиќ доби четири години затвор за перење пари (600 милиони денари) со кои подоцна купувал движен и недвижен имот во земјава, меѓу кои и охридски „ЕМО“. Црногорскиот државјанин во текот на судскиот процес го негираше обвинението, кое го товари дека купувал акции во охридски „ЕМО“ и во други фирми со пари од даночно затајување. Се очекува одлука на судот дека тој мора да ги врати парите за кои се товари дека ја оштетил државата.

Анкетата „Бистро - Матно“, во која учествуваат главни уредници на национални медиуми, како дел од борбата против корупцијата се спроведува од декември 2004. година. Во анкетата за мај учествуваа телевизиите А1, Алсат. Канал 5, Сител и Телма, радио Канал 77, интернет изданието Лоби, дневните весници Бизнис, Вечер, Вест, Време, Дневник, Лајм, Утрински весник, Нова Македонија, неделниците Глобус, Капитал и Фокус.
 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png

zaednicki_vrednosti.png

 

 

 

audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Македонија е најкорумпирана во ...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
canwordmark_colour.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани