logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Бистро/Матно arrow Барометар на корупција за месец ноември 2009 г.
whistleblowers.jpg
Барометар на корупција за месец ноември 2009 г. Испечати Е-пошта
bistro-matno.jpg 11.12.2009 Телевизиското емитување на видео материјалот со исказот на екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски пред хашките истражители, спротивно на правилата на Хашкиот суд, е најматен настан во ноември.

Јавното емитување на снимките, што стана повод за политички пресметки, доби 11 „матни“ гласа во анкетата „Бистро - Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и невладината организација „Транспарентност - нулта корупција“, во која учествуваа 18 главни уредници на печатени и електронски медиуми.
 

Бошкоски тврди дека изјавата дадена во судот Пула во 2004, не е негова, туку е само цитат на извештај на АРМ, што зборува за легитимна акција, одобрена лично од претседателот Борис Трајковски во Љуботен во 2001. Поддржувачите на Јохан Тарчуловски, кој е осуден од судот Хаг и чие име Бошкоски го споменува, го обвинија „братот“за предавство. Бошкоски одговори дека неговата поранешна партија води хајка против него.

Пет „матни“ гласа доби ставот на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Мирјана Димовска, која во исто време е и директор на првиот програмски сервис на Македонската Телевизија и медијатор, а во тоа не гледа судир на интереси.

„Кај претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата нема никаков судир на интереси“, одговори Димовска на пратеникот Менде Диневски, кој во Собранието ја посочи антикорупционерката како „школски пример за конфликт на интереси“.

Неправилностите во финансиското работење на поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски, што ги утврди ревизијата добија два „матни“ гласа.

Во анкетата за ноември не беше направен избор на бистри настани.

Во анкетата „Бистро - Матно“ учествуваа телевизиите, А1, Алсат, Алфа, Канал 5, Телма, Наша ТВ, радио Канал 77, дневните весници Бизнис, Вест, Време, Дневник, Лајм, Нова Македонија, Утрински весник и неделниците Глобус, Капитал, Фокус и Форум.

Анкетата „Бистро - Матно“ како дел од борбата против корупцијата се спроведува пет години.

 

 

 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани