logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Бистро/Матно arrow Барометар на корупција за месец декември 2009 г.
whistleblowers.jpg
Барометар на корупција за месец декември 2009 г. Испечати Е-пошта
bistro-matno.jpg 14.01.2010 Емитувањето на видео материјалот во кој првиот човек на Државниот пазарен испекторат му ветува на сопственик на дискотека дека ќе  најде начин на конкурентски клуб да му се пишат казни, е најматен настан во декември.

Јавното емитување на снимките, што отвори сомнеж за работењето на Државниот пазарен испекторат доби 12 „матни“ гласа во анкетата „Бистро - Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и невладината организација „Транспарентност - нулта корупција“, во која учествуваа 20 главни уредници на печатени и електронски медиуми.

Првиот човек на инспекторатот Саша Аќимовски беше разрешен од функцијата од страна на Владата, но нема одговор на дилемата кој го прислушувал и дали објавената снимка е веродостојна.
 
Шест „матни“ гласа доби МТВ, која наеднаш им испорача 15 сметки на граѓаните за подмирување на радиодифузната такса.

Експертите укажуваат дека јавниот сервис на овој начин го прекршил законот бидејќи им го ускратил правото на граѓаните да плаќаат на еднакви рати.

Објавувањето на компромитирачките снимки на „Ју Тјуб“ истовремено е прогласен за најбистар настан во декември, за што се изјаснија 13 уредници.

Ова е позитивен пример за тоа како социјалните мрежи можат да се користат  во борбата против корупцијата, но и во други облици на незаконско однесување и злоупотреби од администрацијата.

Доделувањето на сертификати со добро корпоративно управување за 2009 година со седум гласа се најде на второ место на најбистри настани во декември.

Со оваа активност се зајакнуваат стандардите за корпоративно управување и се зацврстуваат севкупните анти-корупциски мерки во приватниот сектор во Македонија.

Во анкетата „Бистро - Матно“ учествуваа телевизиите, А1, Алсат, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, Наша ТВ, радио Канал 77, дневните весници Бизнис, Вест, Вечер, Време, Дневник, Лајм, Нова Македонија, Утрински весник и неделниците Глобус, Капитал, Фокус и Форум.

Анкетата „Бистро - Матно“ како дел од борбата против корупцијата се спроведува пет години.
 
 
 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани