logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Бистро/Матно arrow Барометар на корупција за 2009 година
whistleblowers.jpg
Барометар на корупција за 2009 година Испечати Е-пошта

bistro-matno.jpg 24.01.2010 Медиумите како најголеми донатори на политичките партии во изборните кампањи е најматен настан за 2009 година септември, додека најбистар е одлуката на Апелациониoт суд да ја укине пресудата со која ЕВН требаше да му плати на ЕЛЕМ 200 милиони евра.

Вака одлучија 17 уредници на електронските и печатените медиуми, кои учествуваа во анкетата Бистро – Матно на Новинската агенција Макфакс и на невладина организација „Транспарентност нулта корупција".

 

Резултатите од извештаите на Државниот завод за ревизија за финансиското работење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, според кои медиумите се најголеми донатори на партиите во изборните кампањи, добија десет „матни“ гласа. Според Државниот завод, Канал 5 телевизија и дала попуст на ВМРО-ДПМНЕ од 97% (над 115 милиони денари), додека „А1“ и „Сител“ не доставиле документи.

На второ место, во најматните настани лани, со осум гласа, се најде емитувањето на видео материјалот во кој првиот човек на Државниот пазарен инспекторат му ветува на сопственик на дискотека дека ќе  најде начин на конкурентски клуб да му се пишат казни.

Првиот човек на инспекторатот Саша Аќимовски беше разрешен од функцијата од страна на Владата, но нема одговор на дилемата кој го прислушувал и дали објавената снимка е веродостојна.

На третото место со шест гласа во матните настани се владините кампањи, реклами, соопштенија и повици за кои се потрошени 10 милиони евра.

Според извештајот на Државниот завод за ревизија, Владата во 2008 година дури 49 отсто од својот буџет го потрошила за кампањи и реклами. Ревизијата соопшти и за проблематични јавни набавки и вработувања.

Најбистар настан во борбата против корупцијата лани, според уредниците е одлуката на Апелациониот суд да ја укине пресудата со која ЕВН требаше да му плати на ЕЛЕМ 200 милиони евра, која што доби 11 гласа.

Апелациониот суд ја оценил пресудата на основниот суд како контрадикторна, нејасна и без доволно образложени факти.

Со осум гласа на второ место се најде поништувањето на тендерот за двокатни автобуси за скопскиот јавен превоз.

Анкетата „Бистро-Матно“ се спроведува секој месец веќе пет години, на крајот на годината се прави годишна анкета со понудени настани од месечните анкети. Уредниците можеа да гласаат за три матни и три бистри настани.
Во оваа годишна анкета учествуваа: телевизиите А1, Алсат – М, Канал 5, Телма и Наша ТВ, радиото Канал 77, весниците Дневник, Вест, Утрински весник, Време, Вечер, Нова Македонија и Бизнис, неделниците Форум, Фокус, Капитал и Глобус.

 

 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани