logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Бистро/Матно arrow Барометар на корупција за месец март 2010 г.
whistleblowers.jpg
Барометар на корупција за месец март 2010 г. Испечати Е-пошта

bistro-matno.jpg 19.04.2010 Изборот на новиот претседател на Државната комисија за спречување корупцијата е убедливо најбистар настан во март годинава, додека прво меѓу матните е необјавувањето на висината на долгот што државата го има кон приватниот сектор.

Вака гласаа 16 главни уредници на електронски и печатени медиуми во Македонија, кои учествуваа месечната анкета „Бистро-Матно“ на Новинската агенција Макфакс и на невладината организација Транспарентност нулта корупција.

 

 

Со 15 гласови изборот на новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата Илми Селами и ветувањето дека антикорупционерите ќе работат транспарентно и за искоренување на неправилностите наведени во извештајот на Европската комисија, е прогласен за најбистар настан.

Само еден глас за бистар настан добија обуките за превенција на перењето пари, кои што ги организира Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

Најмногу, вкупно седум гласови, за матен настан доби необјавувањето на висината на долгот што државните институции го имаат кон приватниот сектор. Бизнисмените во март побараа од владата да излезе со точните бројки на меѓусебно должење, а според непотврдени информации долгот на државата кон стопанството достигнал 100 милиони евра.

На второ место меѓу матните настани, со пет гласови се најде случајот со гардистите -криминалци, од кои едниот е осомничен за убиство, а другиот за разбојништво, што ги отвора дилемите за начинот на вработување на припадници во елитните безбедносни сили.

Неправилностите и ненаменските трошења на пари во Агенцијата за странски инвестиции, утврдени од страна на државната ревизија се најде на трето место меѓу матните настани во март годинава.

Во анкетата „Барометар на корупцијата“, што од 2005 година ја спроведуваат новинската агенција Макфакс и невладината организација Транспарентност нулта корупција,  во март учествуваа уредниците на телевизиите А1, Канал5, Телма, АлфаТВ, Наша ТВ, Алсат, и весниците Утрински весник, Дневник, Вест, Нова Македонија Глобус, Капитал, Фокус, Лајме, Бизнис и Форум.

 

 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани