logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Бистро/Матно arrow Барометар на корупција за месец мај 2010 г.
whistleblowers.jpg
Барометар на корупција за месец мај 2010 г. Испечати Е-пошта
bistro-matno.jpg 28.06.2010 Најматен настан во мај годинава е „Дали полицијата може да прислушува без налог“, а најбистар е „Инспектори и доктор во притвор поради поткуп“, покажаа резултатите од последната анкета Бистро-Матно на новинската агенција Макфакс и невладината Транспарентност нулта корупција.
Најматен настан во мај, според гласовите на 14 од вкупно 17 уредници на печатени и електронски медиуми се предложените измени на законот за електронски комуникации, според кои МВР ќе може да ги следи и прислушува сите луѓе во државава без налог од суд. Опозицијата предупреди дека согласно законот за следење на комуникации секој оператор мора да избере овластено лице кое ја врши оваа работа. Со ова де факто прислушувањето ќе се легализира не со закон предвиден за следење на комуникации туку ќе се прошири опфатот и опсегот на досега невидено ниво.
 
Со 3 негативни гласа, втор најматен настан е препирањето на Антикорупциска и Амди Бајрам, кој според Антикорупциската комисија не го пријавил целиот имот што го поседува во УЈП.

Најбистар настан во мај, со 11 гласа е „Инспектори и доктор во притвор поради поткуп“.  СВР Скопје до надлежното Јавно Обвинителство поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Општина Гази Баба и еден доктор, раководител на операциските сали на Клиниката за гинекологија и акушерство, поранешен директор на истата клиника, кој беше уапсен на работното место, под сомнение дека примил 120.000 денари мито за да изврши операција.

Со 3 гласа, втор најбистар настан во текот на минатиот месец е „Затвор за 19 лица поради изборна корупција, инциденти и прекршоци за време на изборите во 2008 година“. Највисоката затворска казна изнесува четири години и 10 месеци, а оваа пресуда е веќе правосилна и се однесува за вооружениот инцидент во Раковец, кога беше нападнато раководството на ДУИ што беше присутно на предизборен собир во селото. За шестмина затворските казни се по три години, а еден доби двегодишна. Тројца добија по една година затвор, а по шест месеци се осудени уште петмина. На овој список треба да се додадат уште три условни казни и една парична.

Исто така, 3 гласа доби и третиот најбистар настан за мај Корпоративни бизнис  принципи и предизвиците на глобалната корупција.

Месечната анкетата „Бистро-Матно" агенцијата Макфакс и „Транспарентност нулта корупција" ја организираат од 2004 година.

Во анкетата за мај учествуваа главните уредници на телевизиите: А1, Алсат, Наша ТВ, Телма, радио Канал 77, дневните весници Бизнис, Вест, Време, Дневник, Лајм, Нова Македонија и Утрински весник, неделниците Глобус, Фокус, Форум и Капитал.
 
 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани