logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Бистро/Матно arrow Барометар на корупција за месец јуни 2010 г.
whistleblowers.jpg
Барометар на корупција за месец јуни 2010 г. Испечати Е-пошта
bistromatno.jpg 19.07.2010 Најматен настан во јуни е Владата ќе вработи партиски членови, а најбистар најавеното поднесување на прекршочни пријави од Државната комисија за спречување на корупцијата за 40 функционери кои не доставиле изјави за спречување на судир на интереси, покажа последната анкета Бистро-Матно на новинската агенција Макфакс и невладината Транспарентност нулта корупција.
 
Половината од вкупно 18 уредници на електронски и печатени медиуми во Македонија за најматен настан во јуни избраа „СДСМ: Владата ќе вработи 30 илјади партиски членови на неопределено време“. Опозициските социјалдемократи обелоденија записник од владина седница во кое се министерството за финансии се задолжува најдоцна до први септември да ги заврши активностите за трансформација на привремено вработените лица во трајни вработувања на неопределено време. СДСМ тврди дека се работи за 30.000 партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ, а министерството за финансии соопшти дека станува збор за 5 илјади лица - главно од социјалата и културата кои долги години, уште од времето на СДСМ се привремено вработени и не им тече никаков стаж.
Втор матен настан со шест гласа е „Осомничен убиец доби само домашен притвор“. Осомничениот Насер Халити, за убиството на Хамдија Бралиќ во крвавиот фудбалски натпревар во средно Коњаре, наместо зад решетки заврши во домашен притвор. Ова е еден од ретките примери во историјата на македонското судство, осомничен за убиство и нелегално држење оружје за време на истрагата да не биде во притвор во казнена институција.
Три гласа меѓу матните настани доби „и во бегство Иснифарис Џемаили си игра со државата“.  Овчарот од Бачило Иснифарис Џемаили пред да избега во Турција оставил дуќан од осум квадрати и една нива во Тетово. Државата не може да си го наплати долгот од 800 илјади евра, бидејќи овчарот упорно си поигрува со законите.
Убедливо најбистар настан со 16 гласови е „40 функционери добија прекршочни пријави од Антикорупциска“.  Државната комисија за спречување на корупција соопшти дека ќе поднесе прекршочни пријави против службените лица кои не доставиле изјави за спречување на судир на интереси до предвидениот рок, а казната за неисполнувањето на оваа законска обврска ќе биде од 1000 до 3000 евра. Меѓу функционерите е еден пратеник 26 судии и 13 градоначалници.
Два гласа меѓу бистрите настани доби отворањето на антикорупциски канцеларии на Економскиот факултет во Скопје и Државниот Универзитет во Тетово .
Во анкетата Бистро-Матно за јуни учествуваа главните уредници на телевизиите: А1, Алфа, Алсат, Наша ТВ, Телма, Канал 5, радио Канал 77, дневните весници Бизнис, Вест, Време, Дневник, Лајм, Нова Македонија и Утрински весник, неделниците Глобус, Фокус, Форум и Капитал.
Месечната анкетата „Барометар на корупција - Бистро-Матно" агенцијата Макфакс и „Транспарентност нулта корупција" ја организираат од 2004 година.
 
 
 
Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани