logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Верувале или Не arrow Незаконитости во финансирањето на политичките партии
whistleblowers.jpg
Незаконитости во финансирањето на политичките партии Испечати Е-пошта
press21012010.jpg 21.01 2011 Транспарентност Нулта Корупција на прес конференцијата под наслов „Верувале или Не“,  презентираше три иницијативи кои ќе ги достави до Уставниот Суд на Република Македонија во кои се оспорува уставноста и законитоста на Упатството за распределба на средствата од буџетот на Република Македонија за годишно финансирање на политичките партии, и покрај тоа што финансирањето на политичките партии од Буџетот на Република Македонија воведено во 2004 година се сметаше за антикорупциска мерка за намалување на корупцијата поврзана со политиката.
 

Контролата над финансирањето на политичките партии од страна на надлежните државни органи и после изминати 6 (шест) години, се уште е неефикасна. Имено, политичките партии не ги објавуваат и ненавремено ги доставуваат извештаите за нивното финансиско работење до Државниот завод за ревизија, а начинот на кој се уредува и се врши распределбата на буџетските средства е апсолутно нетранспарентно и не е во согласност со Уставот на Република Македонија.

 

Истовремено, во буџетот нема посебна ставка за финансирање на политичките партии.

 

Министерството за финансии и не објавува и не дава податоци за висината на буџетските средства за оваа намена и за сумата што ја добива секоја од партиите, а критериумите за распределба се нејасни и спротивни на законот.

 

Дали и колку биле оштетени корисниците на јавни средства од Буџетот на Република Македонија не е во мандат на Транспарентност Нулта Корупција.

 

Поради оправданоста на нашите сомнежи ние ги повикуваме Државниот завод за ревизија како и Јавното обвинителство да ја утврдат состојбата и да постапат согласно законите.

 

Воедно, до Јавното Обвинителство ќе доставиме уредна кривична пријава, и со тоа ќе ги ставиме на тест капацитетите на нашите правосудни органи, да се соочат со проблемот на злоупотребата на службената должност и овластувања.

 

Транспарентност Нулта Корупција подготви три иницијативи кои ќе ги достави на Уставниот Суд на Република Македонија во кои се оспорува уставноста и законитоста на Упатството за распределба на средствата од буџетот на Република Македонија за годишно финансирање на политичките партии (Службен весник на Република Македонија бр.59/05, бр.76/07 и бр.52/10) поради пречекорување на уставната поделба на законодавна, извршна и судска власт како и поради повреда на уставното правило дека законите треба да се во согласност со Уставот на Република Македонија и сите други акти треба да се во согласност со Уставот на Република Македонија и законите;

 

Финансирањето на политичките партии во Република Македонија е регулирано со Законот за финансирање на политичките партии (Службен весник на Република Македонија бр.76/04; У.бр.174/2005-0-0; бр.86/08; бр.161/08; бр.96/09). Јавните средства за финансирање на партиите мора да бидат предвидени во Буџетот на Републиката односно во Буџетите на единиците на локалните самоуправи. Според законот средствата треба да се распределуваат на партиите, на годишно ниво и тоа на секои три месеци.

 

За оваа цел согласно овој Закон годишно се издвојуваат 0,06% од вкупните изворни приходи. Според Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2010 година овие средства не се издвоени посебно, но се прикажани во ставка 09002-20-463. Согласно тоа од Буџетот на Република Македонија за 2010 година, согласно нашата пресметка, биле издвоени 81,955,200,00 денари односно околу 1,332,605,00 евра, а за 2011 година се предвидени 83,040,600,00 денари односно околу 1,350,254,00 евра

 

Табеларен преглед од 2005 година заклучно со 2011 година (во илјади денари).

 

2006

2007

2008

2009

2010

2011

Буџет

101,141,069

106,579,824

126,065,690

147,630,000

136,592,000

138,401,000

09002-20-463

323,000

153,000

135,000

135,000

155,000

155,000

0.06%

60,685

63,948

75,639

88,578

81,955

83,041

други намени

262,315

89,052

59,361

46,422

73,045

71,959

 

Табеларен преглед од 2005 година заклучно со 2011 година (во илјади евра по курс 61.50).

 

2006

2007

2008

2009

2010

2011

Буџет

1,644,570

1,733,005

2,049,849

2,400,488

2,221,008

2,250,423

09002-20-463

5,252

2,488

2,195

2,195

2,520

2,520

0.06%

987

1,040

1,230

1,440

1,333

1,350

други намени

4,265

1,448

965

755

1,188

1,170

 

 

Законот предвидува два основи по кои овие средства треба да се поделат.
Првиот основ е 30% од средствата да се поделат според добиени гласови од гласачите на последните избори за пратеници односно на последните локални избори со цензус 1%.
Вториот основ е 70% од средствата да се поделат на политичките партии кои имаат избрани пратеници односно градоначалници и советници на последните избори, а усвоениот цензус за распределба е според бројот на пратеници во Собранието на Република Македонија односно според бројот на советници во советите на општините.

Согласно овој закон Министерот за финансии донел Упатство со кое требало да биде пропишано постапувањето во извршувањето на  распределбата на овие средства.

Во него требало да биде утврдено на пример: од каде и кои податоци се неопходни за да се утврди дали предвидените цензуси се остварени, од кои политики партии и со Решение на Министерот за Финансии тие да им бидат распределени на политичките партии.

Транспарентност Нулта Корупција смета дека се сторени низа на груби повреди на одредбите на  уставот односно Законот за финансирање на политичките партии. Така на пример во Упатството е предвидено:
1.    Распределбата да се врши според динамика утврдена од Министерот за Финансии;
2.    Распределбата да се врши според резултати на ниво на држава, а не на ниво на единицата на локалната самоуправа;
3.    Се употребуваат синтагми со зборот „коалиција“ која согласно Изборниот Законик не е ништо повеќе од здружување врз основа на Изјава која се доставува до Државната Изборна Комисија. Изјава не претставува предизборен договор за распределба на средства помеѓу политичките партии кои настапиле заеднички како што тоа го предвидува Законот за финансирање на политичките партии;

Исто така од ова Упатство не е јасно дали средствата треба да се поделат на два дела во сооднос 30% и 70% или да се удвојат на четири делови два од 30% и два од 70%.

Куриозитет е и тоа дека во Упатството не е предвидено од каде Министерот ќе се стекне со веродостоен податок за бројот на излезени граѓани на изборите, па затоа распределбата по основ на цензусот од 1% била de lege незаконита.

Факт е, исто така, дека дури и да бил побаран ваков податок за последните локални избори 2009 година, немало кој да им го даде, бидејќи спротивно на Изборниот Законик, наместо два извода од избирачкиот список посебно за избор на градоначалник и избор за советници, на локалните изборни комисии им бил доставен само еден извод.
Па така граѓаните кои не сакале да гласаат за советници или за градоначалници морале да го поништуваат ливчето, со што сепак учествувале на изборите но спротивно на нивната волја.


Флагрантното кршење на Законот за финансирање на политичките партии, преку донесувањето на Упатството, а со ова мислиме најповеќе на последното дополнување од месец Април 2010 година, не го ослободува никого од одговорност.

Со цел дополнително да се увериме во оправданоста на нашите сомнежи Транспарентност Нулта Корупција се обрати до Министерството за Финансии. Врз основа на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер побаравме податоци за извршените распределби, но не добивме одговор во законскиот рок.

 

  pdf inicijativi_do_ustaven_sud_1 925.67 Kb

 

pdf inicijativi_do_ustaven_sud_2 580.53 Kb

 

pdf inicijativi_do_ustaven_sud_3 608.43 Kb

 

pdf zakon_za_finansiranje_na_politickite_partii_76-04_-_00 159.83 Kb

 

pdf upatstvo_na_mf_1 91.39 Kb

 

pdf upatstvo_na_mf_2 123.68 Kb

 

pdf upatstvo_na_mf_3 149.03 Kb

 

 

 

 

 

 

 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани