logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Верувале или Не arrow Непочитување на Законската регулатива и процедура за изградба на спомен обележја-проект Скопје 2014
whistleblowers.jpg
Непочитување на Законската регулатива и процедура за изградба на спомен обележја-проект Скопје 2014 Испечати Е-пошта

pres_07042011.jpg 07.04.2011     1.    Мотивирани од интересот што проектот Скопје 2014, а поточно градењето на спомениците или спомен обележја, експертскиот тим на Transparency International - Macedonia направи правна анализа на правната рамка и спроведените постапки за избор и градење на спомен обележјата во рамки на проектот Скопје 2014.

2.    Анализата на правната рамка и спроведените постапки во врска со градењето на споменици во проектот Скопје 2014 покажа дека за спомениците незаконски биле трошени средства од Буџетот на Република Македонија.

 

 pdf analiza_na_proekt_skopje_2014 90.52 Kb

 

 

 

 

 

3.    Анализите на постапката која е спроведена за градење на овие споменици покажа дека истите се градени врз основа на пречистен текст на Програмата на ЕЛС Центар бр.07-11-409/2 од 05.02 2009 година. Оваа Програма донесена 2008 година повеќекратно е надополнувана.

4.    Одборот за подигање на спомен обележја на Општина Центар ги објавил конкурсите за избор на идејни проекти. Во овие конкурси биле објавени и цените кои би биле платени на авторите на евентуално избраните идејни проекти.

5.    Избраните идејни проекти и цените се менувани пред и после склучување на договорите.

6.    Постапката не е спроведена од страна на Одборот за подигање на меморијален споменик  на Собранието на РМ, затоа што истите не биле предвидени да се градат како меморијални споменици туку како спомен обележја.

7.    Доколку биле градени Меморијални споменици истите ќе биле во надлежност на Собранието на Република Македонија, односно за истите во Собранието би требало да се донесе одлука за подигање на меморијален споменик со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

8.    Која е разликата:
i.    Собранието нема сопствени приходи и затоа меморијалните споменици се финансираат од Буџетот на Република Македонија. Во Собранието постапката по Програмата донесена согласно Законот за меморијални споменици и спомен–обележја (ЗМСИСО): добива на транспарентност и сеопшта општествена оправданост и прифатеност.

ii.    ЕЛС има сопствени приходи,  а спомен–обележјата како нискобуџетни законодавецот не ги предвидел да бидат финансирани од Буџетот на Република Македонија

9.    Единиците на локалната самоуправа не може да добиваат средства од Буџетот на Република Македонија за подигање на спомен–обележја, односно Општина центар не можела да добие средства од Буџетот на Република Македонија за подигање на спомен обележја.

i.    подигањето на спомен–обележја ЕЛС Центар не ги предвидела како капитална инвестиција.
ii.    впрочем и не ни можела поради тоа што ЗМСИСО во член 5 не пропишува такво нешто. Интересно е дека според овој закон општините може да дадат средства за меморијални споменици кои ги прави Собранието, но не и спротивно, општината на прави спомен–обележја на трошок на Буџетот на Републиката.

Од Буџетите на ЕЛС Центар за 2008 и 2009 година се гледа дека таму се слеале големи средства за споменици по пат на трансфери за кои нема законска оправданост.

10.    Анализата на правните одредби покажа дека за подигањето на спомен–обележје се пропишува ист режим како за изградба на инвестициони проекти односно:
o    изработка на студии за оправданост,
o    изработка на елаборати и слична документација
o    примена на Законот за Јавните набавки
o    и друго според законот за градење

11.    За изградбата на спомен обележја морала да биде спроведена постапка за јавна набавка.

12.    Анализата на спроведените постапки покажа дека постапка за јавна набавка е спроведена САМО за проектите:„Александар Македонски, со „Фонтана на Александар Македонски„ и за „Триумфалната порта.„

13.    За 11 проекти авторските договорите се склучени само врза основа на конкурсот за идејно решение објавен во 2008 година.  Завршени се 12 проекти од кои споменикот Св. Климент и Наум Охридски не се опфатени со конкурсот за идејно решение. 

 
Надлежност и Контрола

14.    За оние средства кои во Буџетот на ЕЛС Центар влегле по пат на дотации согласно Законот за финансирање на ЕЛС надлежните министерства и Министерството за финансии требало да реагираат на Извештајот на државната ревизија како трет носител на контролата врз оправданоста на трошењето на буџетски средства.

15.    Од Ревизорскиот извештај не може јасно да се види која од институциите на Владата ги исплаќала средствата кон општина Центар и по кој основ.

16.    Согласно претходно изнесеното, ги повикуваме надлежните државни органи да ги преземат сите неопходни мерки и активности за утврдување на фактичката состојба и евентуална одговорност на одговорни лица.

17.    Спомен обележјата се градени на основа на Програмата Преродба во 100 чекори – надградена и проширена на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ, каде е предвидено повеќето споменици да се градат "по иницијатива и со финансиска поддршка на владата". 

18.    Со оглед на тоа дека претстојат избори ги повикуваме политичките актери во својата понуда до избирачите да нудат проекти и идеи кои би можеле да се реализираат единствено согласно Уставот и законите на Република Македонија.

-    За изградба на спомен обележјата незаконски се трошени средства од Буџетот на република Македонија
-    Првично објавените конкурсни услови и цени се менувани со анекс договори
-    За спомен обележја не е потребна постапка за одобрување на буџетот во Собранието на Република Македонија
-    Единици на локална самоуправа не можат да добиваат средства од буџетот на Република Македонија за оваа намена
-    Постапката од четири чекори (Програма, Одлука, Објавување на конкурс за идејно решение и Договор за јавна набавка) не е запазена за ниту еден од спомениците.
-    Постои основа за постапување на надлежните органи

 

 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани