logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Верувале или Не arrow ФЗО-монопол или институција во интерес на граѓаните
whistleblowers.jpg
ФЗО-монопол или институција во интерес на граѓаните Испечати Е-пошта
press02092011.jpg 02.09.2011 Придонесот за здравствено осигурување кој го плаќа секој осигуреник е давачка, а Законот за здравствено осигурување безобразно напишан текст кој служи за манипулирање со средствата за здравствено осигурување преку ФЗО, за цели на оној кој е на власт, без разлика кој и да е.
Фондот за здравствено осигурување има монополска положба востановена со закон, а целиот систем на здравствено осигурување им служи на целите на оние што ги креираат политиките.
Транспаренси Интернешнел - Македонија (ТИ-М) следејќи го движењето на јавните пари воочи низа на законски и под законски решенија кои уредуваат различни полиња од јавен интерес за граѓаните, а на кои смета дека треба да се осврне. Овој пат тоа е реформата или поточно кажано еволуцијата на здравствениот систем.
 
 

Ќе се осврнеме на дел од системот,  поконкретно на здравственото осигурување гледано низ во уставот утврдените начела на солидарност и еднаквост.
 
Според член 34 од Уставот на Република Македонија граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор.

Според следниот член 35 Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност.

Според член 39 на секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.


Според одлуката на Уставниот суд на Република Македонија У.бр151/97 „Од изнесените одредби произлегува дека гарантираното право на здравствена заштита на граѓаните, како едно од социјалните права на човекот, граѓанинот ги остварува под услови, на начин и во постапка утврдени со закон и со колективен договор врз начелото на социјална праведност.
Грижата за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните, во конкретниот случај правото на здравствена заштита, Републиката ја остварува со донесување на нормативни акти со кои ги утврдува изворите на средствата за остварување на ова право и под еднакви услови да го носат товарот на обезбедувањето на средствата.
Во согласност со тоа, воведувањето на задолжителното здравствено осигурување како систем на односи во задоволувањето на здравствените потреби на граѓаните и нивната подеднаква одговорност и обврска за чување на здравјето на луѓето, произлегува од член 39 став 2 на Уставот.“
    
Разгледувајќи претставки од професионалци во правната струка доставени до нашата канцеларија, како и претходни Иницијативи поднесени пред Уставниот суд на Република Македонија ТИ-M се соочи со низа на прашања:

1. Дали и до кој степен со постојната законска и институционална рамка во Република Македонија е постигнато обезбедување на со Уставот гарантираните права на граѓаните на здравствена заштита?

Законот за здравствена заштита е донесен на 31 јули 1991 година односно е објавен во Службен весник на Република Македонија бр.38/91). Со овој закон се воспоставува системот на задолжително здравствено осигурување. Тогашните здравствени организации во согласност со закон можеа да се основаат како јавна, задружна, мешовита и приватна.
Во една од новелите на Законот за здравствена заштита (Службен весник на Република Македонија бр.84/05 од 03.10 2005 година) во членот 32 се додава нов став 4 кој гласи:
„Владата  на  Република  Македонија,  по  предлог  на  министерот  за здравство,  утврдува  мрежа  на  здравствените  установи  во  Република Македонија.“
Во член 8 на новела на Законот за здравствена заштита од 14.04 2011 година (Службен весник на Република Македонија бр.53/11) се утврдува дека:„Владата на Република Македонија, на предлог на министерот за здравство, мрежата на здравствените установи во Република Македонија од членот 32 став 4 ќе ја утврди до 01 септември 2011 година.

Верувале или Не но оваа мрежа не е воспоставена цели 7 години. Колку што ни е познато не постои и денес.

Законот за Здравствено осигурување е објавен во Службен весник на Република Македонија бр.25/00. Со овој закон се основа Фондот за здравствено осигурување за спроведување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, се утврдува здравственото осигурување како задолжително и доброволно, а во член 5 став 1 низ 15 точки законодавецот пропишува кој сè задолжително се осигурува.
Дополнително во став 2 на овој член се утврдува дека граѓаните кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување преку овие 15 точки можат да пристапат кон задолжителното здравствено осигурување заради користење на правото на здравствени услуги од членот 9 на овој закон.

Точно е тоа дека секој може да се лечи каде што сака.

Точно е тоа дека на секој осигуреник му следува здравствена услуга платена од Фондот за здравствено осигурување.

Исто така, точно е дека Фондот купува здравствени услуги таму каде што тој сака.

2. Зошто граѓанинот не може здравствената услуга за себе да ја побара и добие каде што тој смета дека е најдобро за него (па макар и со доплата) и за тоа да си ги добие средствата кои му следуваат, кои Фондот и онака ги троши за покривање на здравствената услуга?

Средства кои во фондот се слеале токму за таа намена, да послужат за  плаќање на здравствена услуга.

Но, такви се сегашните законски решенија.


Во оваа насока дополнителни прашања се:

а) Дали со ваквата поставеност Уставните заложби се оддалечуваат од граѓанинот?

б) Дали законското решение остава простор за дискриминација по имотна основа и на оние кои се повеќе и на оние кои се помалку имотни?

Оние кои се помалку имотни би доплатиле за да добијат, брза, ефективна и соодветна здравствена услуга од таму каде тие мислат дека треба да ја побараат.

Поимотните пак, плаќаат двојно, и партиципација за задолжително здравствено осигурување и за здравствената услуга која можат финансиски целосно да си ја дозволат во здравствена установа каде тие мислат дека треба да побараат.

Да потсетиме на подвлечениот текст од одлуката на Уставниот суд цитирана на почетокот:

„Грижата за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните, во конкретниот случај правото на здравствена заштита, Републиката ја остварува со донесување на нормативни акти со кои ги утврдува изворите на средствата за остварување на ова право и под еднакви услови да го носат товарот на обезбедувањето на средствата.“

Овдека се зборува за целите заради кои се обезбедуваат средства, за товарот на обезбедување на средствата, за нивната намена, но не и за тоа каде тие средства ќе бидат потрошени.


3. Какво е законското решение за Фондот за Здравствено Осигурување?
Накратко: ФЗО со законската рамка во ЗЗО е поставен како правно лице кое врши јавни овластувања.

Јавните овластувања, според правната наука се функции на државата чие вршење со закон им се доверува на други субјекти како физички или правни лица. „Јавното овластување на субјектите им дава способност во однос на поединците, правни лица и други субјекти да настапуваат со авторитет на власт, па затоа за нив важат правилата што се однесуваат на органите на власта.“ (цитат од У.бр.27/10 на Уставниот суд на Република Македонија).
Оваа област во Република Македонија е регулирана со Законот за организација на работата на органите на државната управа (ЗОРОДУ).

Со Законот за здравствено осигурување Фондот е овластен:

-    да плаќа здравствени услуги;
o    фондот е купувач на здравствени услуги во интерес на граѓаните за што склучува и раскинува договори со здравствените установи;
-    да утврдува референтни цени на здравствени услуги, лекови и ортопедски помагала и;
-    да избира и склучува договори со најповолни странски здравствени установи заради обезбедување на здравствени услуги кои не се вршат во државата;
-    да одлучува за правата  од задолжителното здравствено осигурување во прв степен;
но исто така и:
-    да донесува општи акти кои ги објавува во Службен весник на Република Македонија,
-    управува со трезорската сметка и сметките на ЈЗУ преку посебни трезорски сметки за:
o    средствата на ЈЗУ;
o    ЈЗУ не смеат да отвораат сметки и да депонираат средства кај носители на платен промет;
o    средствата од Фондот;
o    средства од програмите за здравствена заштита;
o    средства од сопствени приходи;
o    средства од донации.

Средствата за работа за ФЗО се обезбедуваат од:
–    придонесот за задолжително здравствено осигурување;
–    дополнителен придонес за случај на повреда на работа и професионално заболување;
–    учество на осигурениците;
–    буџетот на Републиката;
–    камати и дивиденди;
–    подароци, легати;
–    1% од бруто полисираната премија за задолжително осигурување на сопственици односно корисници на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица, вклучувајќи ја и т.н. зелена карта; и
–    други приходи.


Здравјето нема цена, па сепак според член 63 од ЗЗО, Фондот врз основа на начелата на ефикасно, ефективно и економично користење на средствата ги покрива трошоците за:
1.    здравствените услуги опфатени во основниот пакет на здравствените услуги што здравствените установи го пружаат на осигурените лица;
2.    лекови ...
3.    протези ...
4.    парични надоместоци;
5.    инвестициони вложувања за создавање и подобрување на условите за укажување на здравствените услуги на осигурените лица;
6.    вршењето на функцијата на фондот;
7.    дел од мерките и активностите за спроведување на превентивните и други програми за лекување одредени болести како и за хендикепираните лица, согласно Законот за здравствена заштита и
8.    други потреби за спроведување на задолжителното здравствено осигурување.






Затоа и следните прашања:


4. Дали фондот има монополска положба востановена со закон? И тоа токму за една од најбитните сфери за секој граѓанин, неговото здравје!

Во член 55 од Уставот на Република Македонија:
Се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото.
Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот.
Републиката презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот.
Слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувување на природата, животната средина или здравјето на луѓето.

Воздржувајќи се од либерализирање на пазарот на здравствени услуги а правејќи го тоа „во корист на зачувување на здравјето на луѓето„,  Републиката покажува дека нејзините овластени институции издале дозволи за работа на приватни здравствени установи и лиценци на лекари во кои таа нема доверба.

Во реалната ситуација, кога најелитните здравствени работници го напуштаат јавното здравство, ова тешко може да е оправдан став.

Се наметнува заклучокот дека фондот за здравствено осигурување со обезбедената монополска положба е извршител спроведува политики и им служи на целите на власта, односно на оние кои ги креираат политиките.

Мало нијансирање на овие состојби може да се очекува ако владата ја воспостави мрежата на здравствени установи, за што самата си зададе рок до 01.09 2011 година. Кај овие субјекти граѓаните треба да можат да добиваат здравствени услуги со така наречените „сини картони“.

Ова решение би било во согласност со Уставот и донекаде ќе го демонополизира ФЗО во неговите овластувања, бидејќи Владата ќе постави листа (мрежа) на субјекти со кои Фондот ќе мора да склучува договори и да им плаќа за дадените здравствени услуги.

Поинаку, сфаќајќи го придонесот за здравствено осигурување кој го плаќа секој осигуреник само како давачка, Законот за здравствено осигурување ќе остане безобразно напишан текст да служи за манипулирање со средствата за здравствено осигурување преку ФЗО, за цели на оној кој е на власт, без разлика кој и да е.

 

 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png
izbori.jpg
audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Дали во наредните 3 години корупцијата во РМ ќе се...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
norway.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани